Среда, 20 Декември 2017   
Сцената за промена на името и идентитетот на македонскиот народ е поставена

svekrva-nova
Свекрва

Сцената за промена на името и идентитетот на македонскиот народ е поставена.

Во режија на „демократската влада“ на премиерот Зоран Заев и центрите на моќ, пречките се остранети и процесот е отпочнат. Со воспоставена динамика, се спроведува сценариото. Терористите се пуштени на слобода, а нивните места во затворот ги пополнија најгласните противници на промена на името - македонските патриоти.

Додека притворените македонски патриоти скапуваат во затворот, говорат за подобра иднина. Меѓутоа, место светла иднина, по доаѓањето на власт на СДС земјата ја покри темнина и го сокри сонцето. Наместо инвестиции и нови вработувања, замре економијата, наместо поголеми плати и пензии, неисплатени плати и откази, наместо мир и безбедност, бројот на убиства е зголемен, а и животните се вознемирија - кучињата почнаа се почесто да ги напаѓаат луѓето.

Стравот оправдано се вгнезди кај секој обичен човек, кој размислува како Македонец. Народот се прашува што ќе им донесе новото утре. Дали да ги слушаат продадените оратори и да го проголтаат Законот за јазиците, договорот со Бугарија и барањето на Грција за промена на името и историјата, што им ги сервира врхушката на СДС или да го кренат гласот, како што тоа го направија нивните браќа и сестри, патриоти кои се затворени како наводни терористи.

Имено, меѓу притворените за “тероризам“, се видни интелектуалци – уметници, членовите на патриотски здруженија кои немаат, ниту можат да имаат некаква врска со тероризмот. Тие немаат удрено или повредено некого во текот на настаните од 27- ми април. Напротив на овој ден, оперскиот пејач Игор Дурловски, артистот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски и блогерот Богдан Илиевски, ги повикуваа револтираните граѓани во Собранието на мир, а нé насилство.

Единствениот нивни грев е што тие се членови на организациониот одбор кој повеќе од два месеца повикуваа на мирно протестирање на народот под мотото “За заедничка Македонија“.

Тоа што глумците, пејачите, членовите на патриотските здруженија се во затвор, а убијците од Смилковско езеро на слобода е цинична селективна правда на новата власт која има за цел внесување смут кај македонскиот народ. Тоа треба да ја подготви комплетно сцената за редифинирање на Македонија.

Доста беше разнебитување на земјата, доста се поделби во македонскиот народ. Време е да се сплотиме зошто ако останеме поделени не чека пропаст! Пропаста ги чека не само Македонците, туку и сите оние соседи кои посеганаа по неа.

Сепак, има еден голем знак прашалник!? Целта на СДС да изврши редифинирање на Македонија, наводно за да влезе во НАТО и ЕУ, зависи од опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

По неотповикливата оставка од морални причини на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој не ја виткаше кичмата пред притисоците за промена на името, сега е потребна достојна замена, исто така истрајна во одбраната на идеалите на нашоте претци – македонскиот народ да има самостојна, суверена и независна македонска држава. Само таков карактер може да не обедини и да ја урне поставената сцена за разнебитување на Македонија.

До новата 2018 година, кога по празниците се очекува да се разреши спорот со името, остана уште малку време.

Затоа Македонци на нозе!

Името не го даваме и залуден е секаков обид тоа да се менува!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.