Среда, 20 Декември 2017   
НЕУСТАВНО Е СОБРАНИЕТО СО РАТИФИКАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР ДА ГО СУСПЕНДИРА УСТАВОТ!

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

18 декември 2017 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на Талат Џафери за ТВ АЛСАТ-М од 15 декември 2017 година, за рартификација на меѓународен договор во Собранието со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК потсетува дека Собранието не може со ратификација на меѓународен договор да го суспендира Уставот!

СМК повторува дека Македонскиот народ и државјаните на Македонија во апсолутно мнозинство на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите, без исклучок!

СМК укажува дека изборните резултати од парламентарните избори на 11 и 25 декември 2016 и локалните избори на 15 и 29 октомври 2017 година не се легитимација за промена на името на државата во Собранието, со ратификација на меѓународен договор или со амандмани на Уставот! Пратениците, премиерот и министрите, како и претседателот на Републиката немаат никаков мандат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, на чијшто Устав полагаат заклетва, дека ќе ги почитуваат и штитат територијалниот интегитет и суверенитетот, Уставот и законите на државата Македонија!

СМК апелира до Албанците во Македонија да се откажат од учество во велепредавство, името на државата не е малцинско прашање, и за Албанците во Македонија името “Нова Македонија“ воопшто промената на името на државата е еднакво на самоубиство!

СМК смета дека и покрај сите разлики меѓу Македонците по род и државјанство, само Македонија е единствениот семакедонски заеднички именител, само Македонија е единственот семакедонски заеднички содржател. Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не’ снема!

Доколку Собранието ратификува меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, СМК бара претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за негова ратификација!

СМК го повикува претседателот на Републиката да огласи безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и за тоа со нота да го извести Генералниот Секретар, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југозападна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија!

СМК предупредува дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, ниту слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, не е слобода на говорот, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на меѓународното право, на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права, флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија, злосторство против човештвото и геноцид врз народот Македонски кое не застарува!

Промената на името на државата и идентитетот на нацијата ќе ги дестабилизра Македонија и Балканот во целина!

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.