Среда, 27 Декември 2017   
ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не' има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно и дома и во светот!

СМК потсетува дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и Македонците по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа "ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА" без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Уставот е задолжителна за сите, без исклучок!

СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да го известат со нота на Генералниот секретар на Обединетите Нации за безусловен крај на разговорите со Владата во Атина за разликата за името на државата и идентитетот на нацијата, и да упатат Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се' уште траат.

СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да објават, дека отфрлаат референдум, амандмани на Уставот и ратификација на меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонија не излезе од поранешна СФРЈ за да се фрли во прегратките на Софија или на Европската Унија и НАТО Алијансата, туку да биде суверена и самостојна држава, која врз основниот принцип на меѓународното право - еднаква сувереност - со сите во светот ќе соработува!

СМК укажува дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не се демократија, слобода на мислата и слобода на јавно изразување на мислата и уверувањето, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Македонскиот народ, Македонците во светот, никогаш нема да прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Тие што ќе прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата, кога и да е ќе одговараат пред судот на правдата, историјата и народот, со доживотен затвор и конфискација!

Македонскиот народ, Македонците во светот, макар и еднострано декларираат, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

СМК предлага историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира: меѓусебно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, на реципроцитетна основа, и немешање во внатрешните работи на суверените држави!

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.