Среда, 27 Декември 2017   
Секогаш, постојат незадоволни „џуџиња“ кои немаат “големо срце“

kongres12
Мане Јаковлески

Христијан Мицкоски мора да ја врати светлината во секој македонски дом во 2018 г.

Измина уште една турбулентна година на македонската политичката сцена, полна со изненадувања. По минатогодишната украдена победа на паламентарните избори, ВМРО ДПМНЕ оваа година ги изгуби и локалните избори. По доаѓањето на власт врхушката на СДСМ, почна со апсење на секој македонски патриот кој ќе им се испречи во распродажбата на македонските национални интереси. Чуствувајќи одговорност, од морални причини сега веќе екс лидерот Никола Груевски си даде неоповиклива оставка, а него го замени генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше избран на вонредниот конгрес на партијата одржан на 23 декември во Валандово.

По промената на чело на партијата, која доаѓа по празникот Свети Никола и пред Новогодишните и Божичните презници, на новогодшната елка на ВМРО ДПМНЕ се појавија многу желби, како од членството така и од незадоволниот народ. Во нив, македонски народ, кој е разочаран од досегашното кратко владеење на коалицијата предводена од лидерот на СДС Зоран Заев, бара од Христијан Мицкоски да го продолжи патот на Никола Груевски и да ја спречи распродажбата на државата.

Имено, Никола Груевски со својот тим во својата работилница неуморно работеше и за секоја Нова година му испорачуваше на својот народ поклони кои тие заслужено ги бараа. Тоа беа илјадници проекти кои се спроведуваа низ целата земја. Немаше година да не се отвореа две – три фабрики или пак да стават темели на уште толку. Се градеа патишта, училишта, градинки, се намалуваше невработеноста, се зголемуваше продуктивноста и се добиваше “К-15“.

Сето тоа му носеше нови задоволства на напатениот македонски народ, а тој му враќаше со успеси на повеќе полиња. Се редеа спортски успеси, со печатеа нови публикации и филмски остварувања. Насекаде никнуваа споменици, а гордоста на македонскиот народ растеше, како што ја осознаваше својата скриена историја. Тој се повеќе стануваше свесен за своите вредности и способности, така што и во најголемата светска криза, остане недопрен.

Македонски народ и Никола не ја свиткаа кичмата пред притисоците за промена на името и идентитетот. Но секогаш, постојат незадоволни „џуџиња“ кои немаат “големо срце“

Тие неможејќи да го издржат притисокот на задачите и сакајќи без многу работа да имаат повеќе, почнаа да подметнуваат клипови во “фабриката“, која Никола целосно ја беше ставил во погон за македонскиот народ. Тие го разочараа својот народ, кога минатата Нова Година му овозможија на Зоран Заев да застане на чело на државата, иако уште тогаш отворено се изјасни дека е спремен да го трампа името и идентитетот за наводни евроинтеграции.

Разочаран, Никола Груевски не се одрече од Македонија и македонскиот народ, но се повлече од позицијата лидер на партијата и стана почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ. Него го замени Христијан Мицковски и од него се очекува повторно да ја врати ВМРО ДПМНЕ на пиједесталот каде што и е местото, но и да го сплоти членството и поделениот македонски народ, како и да ја спречи распродажбата на македонските интереси. Тие што го избраа сигурно веруваат дека Христијан Мицкоски нема да дозволи Никола Груевски да остане последниот бранител на Македонија, македонското име и идентитет.

Никола Груевски и Христијан Мицкоски неуморно работат за доброто на народот.

Тие во домовите носат многу радост, среќа, здравје и љубов. Така и Христијан Мицковски ќе работи за да им помогне на оние на кои им е најпотребно, а тоа сега е македонскиот народ кој е изложен на невидена репресија.

Во изминатата година врхушката на СДС, предводена од Зоран Заев, наместо љубов и среќа, затвори и затемни многу домови, како на македонските патриоти, така и на обичниот народ. Наместо топлина и среќа донесе, тага, страв и омраза. Додека криминалците пуштени на слобода царуваат, многу македонски патриоти наместо да се дома за новогодишните и божиќните празници, тие сега скапуваат по затворите. Едноставно, овие патриоти кои се по професија глумци, пејачи, пратеници и сл., неможат да сфатат дека лежат во затвор само затоа што си ја сакаат татковината.

Во овие моменти кога добрината на Македонецот е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат секојдневна појава, а стравот кај луѓето главно чувство, Христијан Мицкоски мора да покаже разум и мудрост.

Во овие празнични денови, кога секој сака да биде дома со своето семејство, Христијан, како христијанин, мора да ги почитува темелните вредности како што се човековите права, солидарноста и толеранцијата, но мора да биде и решителен во истерување на правдата.

Тој мора да се избори неправедно затворените да бидат ослободени, потоа да ја зачува унитарноста на земјата, македонското име и идентитет. Всушност тоа е една од најголемите новододишни желби на македонскиот народ за 2018 година која е постваена под новогодишната елка на ВМРО ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски мора да ја врати довербата на македонскиот народ, мора да донесе мир и спокој и наместо темнината донесена од СДС, повторно да ја врати светлината во затемнетите македонски домови, внесувајќи радост и среќа во секое македонско семејство.

Среќни новогодишни и божиќни празници!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.