Среда, 03 Јануари 2018   
Македонскиот народ не може молкум да се откаже од сопственото име и идентитет

svekrva-nova
Свекрва

Политиката која ја води Грција е спротивна на историската потреба и пулсот на македонскиот народ. Македонија е едно име, една идеја, една желба, еден израз на цел еден народ на една многу напатена татковина што од пепелта на стотини години ропства сака да се прероди. Согласно демократските принципи, македонскиот народ не може молкум да се откаже од сопственото име и идентитет.

Неприродната поделба на етнографската и географска целина на територија на Македонија во Букурешт 1913 година меѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија, како и игноратскиот однос на големите европски сили кон македонскиот народ и неговата желба да има сопствена држава, до денешен ден го остави македонското прашање отворено, што е причина за постоење на отворен конфликт меѓу балканските соседи.

Уште со самото формирање на македонската држава на еден дел од природната територија на Македонија, а особено по осамостојување на Македонија во 1991 година, соседите кои во минатото неправедно анектираа делови од македонската земја постојано и го оспоруваат правото на нејзиното постоење. Тие гледаат закана во македонскота држава и согласно старите пропаганди го негираат името, јазикот и црквата, што ги оптоварува односите меѓу соседите.

Грција која во Балканските војни (1912 – 1913) Грција го анектира поголемиот дел од територија на Македонија (Егејска Македонија), денес покажува најголема загриженост од постоењето на македонската држава. Таа бара од македонскиот народ  да се откаже од името и идентитетот, односно од се што го симболизира македонскиот идентитет. Грчкото барање е пропратено со континуирани притисоци и блокади на патот на македонските евроинтеграции.

Грција чие официјално име е Елинска Република (гр. Елиники́ Димократи́а, анг. Hellenic Republic)и нејзиниот народ кој се изјаснува како Грци, согласно демократските принципи  не може да имаат монопол и на македонското име. Оттука, недоразбирање меѓу Атина и Скопје се неразумни и нерационални. Едноставно разликата е голема. Постои само една држава која го носи името Република Македонија, додека Егејскиот дел од Македонија, која Грците го анектираа е само провинција Македонија во рамките на грчката држава.

Меѓутоа, постојаното лепење етикети од страна на Грците дека Македонците ја крадат грчката историја и дека со името кое го носат покажуваат територијални аспирации кон Егејскиот дел на Македонија, само ги оддалечува двата народи, кои треба да бидат природни сојузници.

Грција е таа која нападна.

Атина стави вето за влез на Македонија во ЕУ и НАТО и постави услов се додека македонскиот народ не си го смени името и идентитетот ќе бидат спречени евроатланските интеграции на Република Македонија. Грција дури не ја почитува ни пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, со која таа нема право да ја спречува  Македонија на нејзиониот евроатлански пат и под привремената референца..

Политиката која ја води Грција е спротивна на историската потреба и пулсот на македонскиот народ. Македонија е едно име, една идеја, една желба, еден израз на цел еден народ на една многу напатена татковина што од пепелта на стотини години ропства сака да се прероди. Согласно демократските принципи, македонскиот народ не може молкум да се откаже од сопственото име и идентитет или од стратегиската цел како што се евроатланските интеграции.

Вистина е дека со доаѓањто на власт на наметнатиот лидер на СДСМ Зоран Заев, со поддршка од надвор, се прават напори да се затвори пулсот на народот и да се спречи неговото масовно активирање за да ја спречи распродажбата на националните интереси. Сепак, тоа не значи дека Македонецот во еден момент нема да еруптира.

Македонскиот народ не може да премолчи дека поради таквата тактика на Атина, еден дел од македонскиот народ падна во рацете на оние кои не му го мислат доброто ниту на грчкиот, ниту на македонскиот народ. Исто така, не може да премолчи дека поради Атина, сегашната власт во земјата предводена од социјалдемократите, презеде активности поради кои македонски синови, македонски патриоти, скапуваат по затворите во Македонија.

Меѓутоа, Заев нема да го поколеба Македонецот. Тој ќе продолжи со својата борба против наметнатата марионетска власт во земјата, во одбрана на унитарноста на земјата, името и идентитетот, како и до крајно реализирање на националната желба.

Македонецот не е непријател на грчкиот народ и покрај антимакедонскиот однос на власта во Атина, која го продолжува својот поход со таква жестока омраза, што е надвор од реалното, од просторот и времето во кое живееме. И покрај се што предизвика Атина во минатото и сегашните притисоци, наместо омраза македонскиот народ подава рака и нуди братска љубов.

Истовремено македонскиот народ му порачува и ја охрабрува Атина, наместо залудно да ја троши енергијата за да Македонците го сменат името и идентитетот, подобро е да се бори и избори за да македонскиот народ од двете страни на границата да добие развноправен третман согласно демократските принципи за кои наводно се декларира и Грција.

Тогаш Македонците и Грците нема да бидат противници, туку сојузници. Реалната политика за македонското прашање налага Грција широко да го отвори хоризонтот за демократските процеси кон националната ориентација на македонскиот народ, што натаму многу ќе помогне во секакво меѓусобно спогодување.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.