|
|
ПРОТЕСТ, НА 21-ЈАНУАРИ, НЕДЕЛА ОД 13:00 ПРЕД СОБРАНИЕ НА Р.МАКЕДОНИЈА |
ПРОТЕСТ, НА 21-ЈАНУАРИ, НЕДЕЛА ОД 13:00 ПРЕД СОБРАНИЕ НА Р.МАКЕДОНИЈА Мили браќа и сестри македонци, сите вие кои што си го милувате сопствениот македонски идентитет (име, јазик, нација, историја, култура, традиција, обичаи) татковина,слобода,сувереност,независност,унитарност,мир,правда, просперитет на македонскиот народ и држава, Ве повикуваме на ПРОТЕСТ! Протестот е против оваа насилна и недемократска, режимска, диктаторска власт,која што не ги почитува Уставот и законите на Р.Македонија, а владее со уцена и примена на сила, и на секој можен начин го поништува македонскиот идентитет потпишувајќи разни договори што се во апсолутна корист на сите наши соседи а на директна штета на Македонија и македонскиот народ. Против оваа хунта што се откажува од македонскиот идентитет,прифаќа ново име и нов идентитет на нашата држава и народ, со што ја поништува македонската нација која живее со векови уште од пред нашата ера и е 33 пати запишана во Библијата. Против оваа насилна власт што усвојува закони кои се дел од тиранската платформа, како што е закон за двојазичност и останати барања со што се менуваат Уставот и законите на Р.Македонија а тоа е чекор поблиску до уништување на Македонија, нејзина поделба и прекројување на границите. Чекор поблиску до уништување на Македонија и македонскиот идентитет а со цел создавање на нови големи држави - сонот на нашите соседи... Ве повикуваме браќа и сестри на ПРОТЕСТ против оваа хунта што ослободува убијци и криминалци од затвор а врши терор врз македонскиот народ. Против оваа хунта што ветуваше Живот,а донесе горчина, болка зголемени цени и сиромаштија. Против оваа хунта која наместо нови вработувања, брка вработени со што и им ги уништува семејствата! Против оваа хунта што работи за доброто на сите а на штета за Македонија и македонскиот народ! Браќа и сестри,дојде време да го засилиме нашиот глас,да се зачуваме во единство, мир и слобода за сите, ЗА СЛОБОДНА, СУВЕРЕНА, НЕЗАВИСНА, ДЕМОКРАТСКА, УНИТАРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |