Среда, 24 Јануари 2018   
Дали на Македонија и е потребно НАТО и ЕУ?

svekrva-nova
Свекрва

Најновите масовни протести во Солун и изјавите на грчките политичари, како и на грчкото свештенство, покажуваат дека со Грција нема можност за цивилизациски договор, а со тоа членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Затоа,  најдобро е Македонија да ги прекине преговорите за спорот со името и да прогласи неутралност како што се поедини европски држави: Шведска, Финска, Австрија, Швајцарија.

Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг, кој неодамна престојуваше во Македонија, во своето обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент, ниту еднаш не го употреби името Македонија и порача да го решиме проблемот со името доколку сакаме да бидеме дел од НАТО. Тој притоа ја игнорираше пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која Грција нема право да го спречи членството на Македонија под привремената референца.

Доаѓањето на генералниот секретар и неговиот говор пред македонските пратеници покажа дека ништо не е променето во ставот на НАТО, кој е соодветен и на ЕУ. Односно, НАТО и ЕУ нема да ја прифатат Македонија да стане најзин член под уставното име или привремената реферанца, иако името на една држава е исклучиво внатрешно прашање на една држава.

Секое условување за промена на името на Македонија од страна на НАТО и ЕУ преставува повреда на принципот на правна еднаквост на државите, како и принципот на немешање во внатрешните работи.

Истовремено, НАТО кој наводно е базиран на суштински вредности како владеење на правото, демократија, индивидуални слободи, со условувањето на Македонија ги прекршува своите основни начела кога не ја почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Зачудува фактот што уште по распадот на Југославија арбитражната комисија во својот извештај во 1991г. препорача меѓународно признавање на Македонија од страна на Европската заедница и нејзините држави-членки. Тогаш беше изнесено мислење дека Република Македонија ги задоволува условите за прием, притоа потенцирајќи дека Р. Македонија се откажува од какви било територијални претензии и дека ќе се воздржува од секакви непријателски пропаганди вперени против некоја друга држава. Според тоа, употребата на името Македонија не подразбира никакви територијални претензии на сметка на некои други држави.

Македонија значи, уште тогаш јасно ја изрази волјата на македонскиот народ, дека не бара туѓи територии и не ги негира националните права на националните малцинства што живеат во нејзините граници. Меѓутоа, и покрај јасниот став на Македонија, под притисок на Грција, земјите членки на ЕЗ во јуни 1992 година ја донесоа Лисабонската декларација  со која се бара во името на нашата државата да го нема терминот Македонија.

Ваквата декларација беше веднаш осудена од сите политички партии во Македонија, кои  едногласно усвоија Декларација со која се отфрла делот од т.н. Лисабонска декларација, што се однесува на признавањето на Републиката со име кое нема да го вклучува терминот Македонија.

Македонските пратеници ја оценија Лисабонската декларација за неприфатлива, понижувачка, непринципиелна и заснована на лажни аргументи, притоа категорички се изјаснија против какво било пазарење или менување на името на Македонија.

По повеќе од две и пол децении откако Грција го наметна спорот за уставното име, денес е повеќе од јасно дека нашиот јужен сосед спроведува стратегија за уништување на темелите на македонската нација.

Името е само повод зад кој се крие намерата на Грција за уништување на македонскиот идентитет, што впрочем веќе отворено го кажуваат и грчките политичари.

Според обичаеното право секој народ, секоја нација има право самата да го избере и да го носи своето име. Од таму, никој нема право да обвини една држава и да и го оспорува националното име. Сепак, Грција ова право му го оспорува на македонскиот народ и како членка и со подршка на ЕУ и НАТО, својата шанса ја гледа во новиот парламентарен состав во Македонија, кој за разлика од деведесетите години, е подготвен на чело со премиерот Зоран Заев да тргува со националните интереси и да се пазари со Грците за некакво ново име.

Во овој момент на односи на меѓународната сцена и на слабоста на македонскиот Парламент, Атина и Брисел ја гледаат својата шанса еднаш за секогаш за го затворат македонското прашање и да го избришат постоењето на македонскиот народ. Оттука, генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг си дозволи пред пратениците да ја пофали посветеноста на државата кон НАТО интеграциите, да го поздрави Законот за јазиците и договорот со Бугарија, но ниту еднаш не се осуди да го спомне уставното име на земјата.

Покажувајќи ароганција и безобразлук, Столтенберг како гостин со неспоменување на името го навреди македонскиот народ, кој постоел и ќе постои без разлика какви договори и да се прават зад неговиот грб и без разлика на пискотниците од Атина дека Македонија е грчка и дека никој нема право да го користи тоа име.

Иако никој нема право да разговара и преговара за промена на името, Зоран Заев и врхушката на СДСМ денес активно работат во тој правец само за да ја внесат Македонија во НАТО. Се поставува прашањето кој им го дал тоа право тие да одлучуваат за името и за идентитетот на сите Македонци во светот, и тоа во името и на претходните и на идните генерации?

Исто така, се поставува прашањето дали некој размислува за последиците ако сега прифатиме промена на името на државата, кое пак е нераскинливо поврзано со името на македонската нација, идентитетот и јазикот. Имено промената на името ќе биде крајно несериозно и непријатно за огромниот број на држави што не признале под уставното име.

Оттука, само по себе се наметнува прашањето:

Дали на Македонија и е потребно НАТО и ЕУ, ако Македонците мораат да го сменат името и идентитетот?

Всушност дали Македонија треба да бара да стане членка на организации и сојузи каде не се почитува демократијата, каде не се признаваат закони кои сами ги донеле, како и каде не се почитува правото на еден народ да се именува како што со векови се именувале неговите претци.

Најновите масовни протести во Солун и изјавите на грчките политичари, како и на грчкото свештенство, покажуваат дека со Грција нема можност за цивилизациски договор, а со тоа членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Затоа,  најдобро е Македонија да ги прекине преговорите за спорот со името и да прогласи неутралност како што се поедини европски држави: Шведска, Финска, Австрија, Швајцарија.

Во овој контекст, Република Македонија не треба повеќе да се држи воздржано во изнесувањето на своите аргументи пред ОН за наметнатиот спор и да започне со отварање за правата на македонското малцинство во Грција, за имотите на Македонците, како и за слободната зона во Солун и слично.

Доста е молчење, Македонија мора да дејствува офанзивно, без разлика на големината на поддршката која ја има Грција.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.