Четврток, 25 Јануари 2018   
ДОБРОСОСЕДСТВО, ДА! ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА И АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НЕ!

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ДОБРОСОСЕДСТВО, ДА! ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА И АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НЕ!

Македонците сметаат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

Македонците предлагаат историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година!

Македонците отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Како и со сите, така и со Грција, Македонија мора да се придржува на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи!

Во таа смисла, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува реториката на грчкиот премиер Алексис Ципрас на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Зоран Заев на маргините од Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, одржана на 24 јануари 2018 година, со обвинение за македонски национализам и иредентизам и барање за промена на името на државата за домашна и меѓународна употреба!

СМК изразува загриженост од индолентноста на премиерот Зоран Заев на овие тешки обвиненија и најостро ја отфрла најавата за преименување на автопатот Гевгелија-Скопје од “Александар Македонски“ во “Пријателство“ и преименувањето на аеродромот во Скопје “Александар Велики“.

Македонците во светот соопштуваат дека секоја промена ќе биде вратена!

СМК укажува дека добрососедството со Грција не значи денационализација и асимилација на Македонскиот народ!

СМК повторува дека не станува збор за македонски иредентизам, туку за грчка окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес!

СМК потсетува дека иредентизам не е љубовта кон својот роден крај од каде што Македонците со етничко чистење насилно се прогонети во Првата и Втората Балканска војна, Првата и Втората Светска Војна и Граѓансата војна во Грција!

СМК ја потсетува Атина дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг по тужба на Македонија, на 5 декември 2011 година едногласно одлучи дека Грција ја прекршила македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година! Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги отфрли обвинувањата на Атина за постоење на македонски иредентизам!

Македонците бараат извинување и репарации за штетите по животите и имотите на насилно прогонетите Македонци и експлоатацијата на природните ресурси и археолошките ископувања во окупираниот Егејски дел на Македонија од 1912 година. Бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од окупираниот Егејски дел на Македонија од 1912 година!

СМК и натаму смета дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија, слобода на мислата и нејзино јавно изразување, туку флагрантно кршење на меѓународното право и на Уставот на државата Македонија, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува, како и најтешко кривично дело велепредавство. Јавно прокламираме дека секоја одлука за промена на името на државата и идентитетот на нацијата за Македонците во светот е ништавна, а учесниците во ова велепредавство кога и да е ќе бидат изведени пред судот на народот и правдата и ќе бидат казнети со доживотен затвор и конфискација на целиот имот на семејството, дома и во светот!

Македонците во светот бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, со нота на Претседателот на Републиката до Генералниот Секретар и Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат.

Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор во Собранието заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Република Македонија, на англиски јазик Republic of Macedonia, е единственото решение за мир и добрососедски односи на Балканот!

СМК потсетува дека големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, а универзални вредноссти на македонската цивилизација на која сите припаѓаме се: мирот и љубовта наспроти војната и омразата, толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, и културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, култури и религии наспроти корпоративниот глобализам кој врз профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, култури и религии, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка!

СМК смета дека политичко слепило на Атина и на актуелната Влада на Македонија е негацијата на Македонскиот народ односно етнос! Ниту има власт што тоа го може, ниту е можен рецепт - Македонците повеќе да ги нема! Македонците не се производ на Коминтерната и на Сталин, на Југославија и на Тито, тие не се производ на Комунизмот и на Студената војна! Македонците постоеле и пред комунизмот и пред Исус, тие се Божјо дело!

Македонија вечна, од исконот до бескрајот! Сите Македонци еден за друг! Амин!

Заедничка изјава за медиуми на премиерите Заев и Ципрас од Давос

https://www.youtube.com/watch?v=2RNynNaoeVA&feature=youtu.be

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.