|
|
Заев со последните потези е за еднократна употреба |
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп Авторот на овој текст е новинар и довчерашенодбојкарски судија Во текот на изминатата недела владејачкото мнозинство на чело со премиерот Зоран Заев во електронските и печатените медиуми помпезно најавуваше дека пред големиот христијански празник Вогојавление (Водици) ќе се случат два битни настани со кои се очекува придвижување во решавањето за спорот со нашиот Јужен сосед и нашите аспирации на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО. Првиот настан беше во јануари каде во Њујорк посредникот за името Метју Нимиц имаше средба со двајцата преговарачи и тоа Васко Наумоски и Адамантиос Василакис како што е познато помина на предлозите дадени од посредникот Метју Нимиц или жаргокски кажанотопло ладно за името на нашата земја. Самата реакција по средбата на нашиот преговарач за името Васко Наумоски каде истиот во јавноста лиферуваше дека последниот предлог на посредникот во спорот за нашето Уставмо име е далеку од достоинствен. Значи со еден збор кажано “бадијала“ беше празничката атмосфера по повод новата 2018 година на нашиот премиер Зоран Заев во Солун каде истата Â ја пречека со тамошниот солунски градоначалник. Законодавната и звршната власт кај нашиот јужен сосед не сакаат да чујат за зборот Македонија во нашето уставно име. Потврда за тоа се неделните големи протести во Солун каде доминантното грчко население кажа големо “не“ во врска со спорот со името на нашата земја. Значи со спортски жаргон кажано Зоран Заев предводен со неговото владејачко мнозинство на чело со СДСМ доби гол со “5-та“, онаа истата на Амди Бајрам кога му ја даде на тогашниот лидер на плавите момчиња, мецената Бранко Црвенковски. Наредниот ден, поточно на 18 јануари во посета на нашата земја беше генералниот секретар на Нато пактот, Столтенберг кој имаше средби со целиот македонски политички естаблишмент и на крајот се обрати пред народните избраници во Законодавниот дом. Протоколот на премиерот Зоран Заев беше Столтенберг да се пречека со највисоки државнички почести. Генералниот секретар на Нато Столтенберг, ја попали нашата земја дека истата има тргнато од мртва точка во сите сфери на општествено-политичкиот живот. Но, има еден според него мал проблем, а тоа е решавање на спорот со името со јужниот сосед. Во едни такви околности веднаш ќе добиеме сигнал за почеток на преговорите за влез во Нато пактот. Повторно Зоран Заев со спортски жаркон кажано добро сервираше но доби струмичко одбојкарски кажано “кување“ од противничката екипа, во конкретниот случај од генералниот секретар на Нато пактот Столтенберг. Со европско знаменце се “протурка“ и воедно, се изгласа Законот за употреба на јазиците во Републина Македонија. Законот помина во Законодавниот дом без учество на опозицијата на чело со ВМРО ДПМНЕ. Но, Претседателот Иванов не го потпиша Указот за законот за употреба на јазиците. Господа обоени во плаво и со темни очила Законот за употреба на јазиците не е во соогласност со амандаанот 5 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија. Со донесувањето на Законот истиот се воведува во државни институции и меѓународни односи. Во Управни постапки.Од избрани и именувани функционери Â исто така, употребата на албанскиот јазик ќе биде на највисоко ниво во Сообранието и Владата. Треба да се менуваат книжните и кованите пари, поштенските марки. Двојазичност на изгласаните закони и под законски акти. На крајот ако не се спроведува законот ќе има големи глоби. Законот за јазиците ќе се донесе но владејачкото мнозинство треба да знае дека истиот ќе биде оспорен со жалба до Уставниот суд. Исто така, во Законодавниот дом се ратуфикува Договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија каде што во одделни членови од договорот се негира македонскиот идентитет. Владејачкото мнозинство треба да знае дека иако, по пат на ротација Бугарија до јуни ќе претседава со Европското семејство, самата како најсиромашна членка во Унијата има глас како “раштимана жица“. До кога највисоките државни органи ќе глумат дека се демократи во сопствената земја а од друга страна прават во вистинска смисла на зборот продавање на македонските национални интереси. Времето минува, ракометната Репрезентација на Македонија на Европскиот собир во Хрватска победуваше, а Заевата дружина на сопствен терен е катапултирана од своите губитнички потези со соседите. |