|
|
(Фотогалерија) Говор на Манојил (Мане) Јаковлески на протестот во Берлин |
Почитувани браќа и сестри, Македонци и Македонки, На почетокот на моето обраќање, Упатувам искрени поздрави до организаторите и учесниците на мирниот протест ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА тука во Берлин. Поздрав и до сите кои дојдовте од други градови од Германија и Европа. Ги поздравувам и патриотите кои допатуваа дури од Македонија, Тодор, Боро, Слободан, Миле, Дуле и други, за да го искажат незадоволството од предавството кое ни се случува во Македонија. Чест ми е да ве поздравам во Берлин, местото од каде во деведесетите години ги почнавме протестите за самостојна Македонија, за потоа да продолжат низ Германија и Европа. Тогаш протестиравме за самостојна држава, денес протестираме за да го сочуваме, јазикот, името, идентитетот, протестираме да ја сочуваме нашата држава-Македонија. Почитувани, Не е лесно да се биде Македонец, не е лесно да си вистински Македонец. Постојано сме исправени на удари, на клевети, на нечесни игри и интриги. Во септември 1991 година Република Македонија стана независна, самостојна и суверена држава на еден дел од својата етничка територија со што се оствари вековниот идеал на македонскиот народ за сопствена држава. Меѓутоа, самата појава на самостојна и суверена македонска држава на европската и светската политичка сцена во деведесетите години ги возбуди духовите кај соседите кои по Балканските војни и Мировниот договор од Букурешт во 1913 година имат анектирано делови од територијата на македонскиот народ и држава. Неможејќи да се помират со реалноста дека постои Република Македонија, соседите на Македонија, веднаш се јавија со негирање на Македоската црква, јазик, името и идентитетот. Уште на самиот почеток Р.Македонија се соочи со проблеми и во процесот на меѓународно признавање. Од 1993-та година Република Македонија за дел од меѓународната заедница“ не е Р. Македонија, туку е БЈРМ! Така, на Македонија и беше оспорено уставното име, нешто, што дотогаш беше непознато на меѓународната сцена. Од тогаш до денес, Грција континуирано го држи прашањето за името отворено. Иако употребата на името Македонија не подразбира територијални претензии на сметка на некои други држави, Грција е против постоењето на македонската држава. Таа денес отворено бара од македонскиот народ да го смени Уставот и да се откаже од името и идентитетот. Политиката која ја води Грција, подржана од ЕУ,САД и НАТО е спротивна на историската потреба и пулсот на македонскиот народ. Оттука, само по себе се наметнува прашањето:Дали на Македонија и е потребно НАТО и ЕУ, ако Македонците мораат да го сменат името и идентитетот. Затоа, најдобро е Македонија да ги прекине преговорите за спорот со името и да прогласи неутралност. Почитувани, Во името на нашите претци кои се бореле за создавање на независна и суверена македонска држава, како и во името на нашите идни генерации, ние Македонците немаме право да го промениме името на нашата држава Македонија. Македонскиот народ не смее да се откаже од сопственото име и идентитет. Никој нема право да го промени уставното име на Македонија. Нашата татковина се вика Македонија, нашиот јазик е Македонски. Ние сме Македонци! За жал, секогаш постојат луѓе кои за одредени бенефиции се спремни на големи остапки. Само за да дојде на власт, раководството на СДС ја прифати Тиранската платформа, договорот со Бугарија и разговори за името со Грција, што е спротивно на интересите на македонскиот народ. Вистина е дека по доаѓањето на власт на СДС на чело со Зоран Заев, насилно и со поддршка на домашната пета колона и од надворешни центри на моќ, направи силни напори да се угуши пулсот на народот и да се спречи неговото масовно активирање против распродажбата на националните интереси. Сегашната власт, само да ја заодоволи Атина, презеде активности по кои македонски патриоти, денес скапуваат по затворите во Македонија. Почитувани браќа и сестри, Веднаш по доаѓањето на власт, наместо ветуваната правда и просперитет за својот народ и држава, новата Марионетска влада својот прв ангажман го посвети со приведување и затварање на луѓе кои протестираа и се залагаа за зачувување на унитарниот карактер на Македонија. Под обвинение за тероризам, тие денес лежат во македонските затвори. Хунтата на власт ги притвори Дурловски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски, Горан,Тошта, Иле , Игор, Игор Луди, Вили, Сашо, Оливер, Николче, Андреј, Никола, Коста, Стојан Кобра, Шиљо, Кире, Јане, Андреј и останатите чија единствена вина е љубовта кон Македонија. Почитувани браќа и сестри, притворените не се терористи! Тие се Херои, Патриоти, кои сакаа да го одбранат уставот на РМ. Патриотизмот значи лојалност на граѓаните кон државата. Патриотизмот кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. Додека притворените македонски патриоти лежат во затвор, ни говорат дека доаѓала светла иднина. Тоа што глумците, пејачите, членовите на патриотските здруженија, се во затвор, а криминалците се на слобода, за нив е светла иднина. Почитувани, Македонија денес се наоѓа пред тешки предизвици и бара наше сплотување. Дојде време да си подадеме рака и со заеднички напори да зачекориме смело по патот што ни го трасираа нашите предходни генерации. Денес нашата генерација мора да го зачува името, идентитетот и унитарниот карактер на македонската држава. Од овој протест во Берлин испраќаме АПЕЛ: Да престане распродажбата на нашата држава, Итно ослободување на сите притворени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, Бараме Претседателот на РМ да ги помилува со ослободување од гонење сите притворени за настаните од 27 април 2017 година, Повикуваме на итно ослободување на Едмонд Темелко од домашен притвор и бараме Претседателот на Р.М да го помилува со ослободување од гонење. Ако условот е промена на името, идентитетот и достоинството, Македонците во целиот свет не прифаќаат членство во ЕУ и НАТО. Владата на СДСМ е марионетска, донесена од надвор, а секоја марионетска власт има краток век на живот, краток ама ќе направи непоправливи грешки, после сето тоа нема веќе враќање назад. Разбудетесе Македонци, доста беше, уште не е касно и не е се загубено. Македонија е едно име, една идеја, една желба, на цел еден народ на една многу напатена татковина. Доста е молчење, Македонија мора да дејствува офанзивно, без разлика на големината на поддршката која ја има Грција. Никој нема право да го промени уставното име на Македонија. Нашата татковина се вика Македонија, нашиот јазик е Македонски. Ние сме Македонци! Нека Господ Бог ја благослови Македонија! АМИН! https://www.facebook.com/mane.jakovleski/media_set?set=a.10204470252352693&type=3&pnref=story |