|
|
ВЛАСТА НЕМА МАНДАТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС 29 јануари 2018 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја отфрла изјавата на премиерот Зоран Заев по завршувањето на рочиштето за “Поткуп“, за договор за името во согласност со Грција како гаранција за трајно решение и организација на референдум што ќе го потврди новото име! Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор во Собранието заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата! СМК укажува дека нов референдум нема да биде за одбрана, туку за трајна промена на името на државата и идентитетот на нацијата! СМК потсетува дека името на државата не е право, туку обврска на власта! Претседателот, Собранието и Владата немаат мандат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога Македоните, по потекло и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“, без додавки и без придавки, одлуката на референдум по Устав е задолжителна за сите, без исклучок! Македонците отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во светот бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, со нота на Претседателот на Републиката до Генералниот Секретар и Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат. |