|
|
НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО! |
Пишува Тодор ПЕТРОВ ПОТЕКЛОТО И ДРЖАВЈАНСТВОТО Ќе направиме мала опсервација на темата за потеклото и државјанството за да дојдеме до поентата на идентитетот и името. Живееме во свет на нации како држави. Не постои анационална држава во светот. Па и национализмот не е ерес, национализмот е љубов кон нацијата. Се разбира национализмот не како шовинизам, расизам, нацизам и фашизам. Нацијата го инкорпорира етносот кој е мнозинство во државата. Етносот е носителот на државноста, тој ја гарантира унитарноста и границите на територијата. Ние за "етнос" велиме "народ", како луѓе од ист род и пород кои говорат ист јазик, имаат иста култура, традиции и обичаи, живеат компактно на определена територија која ја оградиле со граница како држава, во државата воспоставиле организирана власт на таа територија. Впрочем и "етнос" не е грчки збор, доаѓа од македонскиот збор "едно" коешто Грците го читаат како "ефно" оттаму и "етно". Во грчкиот толковен речник речиси за 90% од зборовите пишува "археа" што значи така затекнати, без објаснување за потеклото на зборот. Кога ќе ги избришете додавките "ас", "ес", "ос" на грчките зборови, ќе дојдете до македонските корени. Од "пат" "патос", од "род" "родос", од "сам" "самос", од "друм" "друмос" итн. За разлика од македонскиот јазик, во кој зборовите се слоговни и мисловни со значење род, по-род, од-род, из-род, на-род, род-ител, род-ина, од еден се формира композиција од зборови со додавање на слогови, но секој збор со етимологија, со свое значење. Во грчкиот јазик ова правило не важи. Македонија никогаш во својата историја не била грчка! Грција до Балканските војни 1912-1913 година била до Олимп. Грција за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година. Затоа и ден денешен Македонија под окупација на Грција е под духовна јурисдикција на Цариградската Патријаршија... Грчкиот крал Отон Први после Букурешкиот договор од 10 август 1913 година издава декрет на грчката Влада "да воспостави времена управа на окупираните територии во Македонија". Со Балканските војни 1912-1913 година Атина започнува да врши геноцид врз Македонскиот народ во окупираниот дел од Македонија. Прави размена на население со Бугарија и Турција на верска основа, во куќите на насилно прогонетите Македонци доселува православни туркофони од азискиот дел под Турција, од планината Понд, врши промена на етничката карта на населението, со владин декрет се менуваат топонимите, оронимите и хидронимите, се менуваат личните имиња и презимиња на Македонците, ги рушат старите цркви заради бришење на трагите од културното наследство, индоктринацијата ја вршат преку клирот на Грчката Црква, вршат брутална денационализација и асимилација на преостанатите Македонци, со ликвидација или интернација... Промената на имињата и' е веќе добро испробан рецепт на Атина. Истото тоа то бара и прави денес и за државата Македонија со територија којашто остана ослободена после Втората Светска Војна, со цел легализација на грчката окупација врз Македонија и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ. За наједноставно да се разбере: Атина денес пред светот врши замена на тези. Вели, името на државата Македонија мора да се промени бидејќи имплицира иредентизам кон истоимената северна провинција на Грција. Всушност не станува збор за македонски иредентизам кон истоимената северна провинција на Грција, туку за грчка окупација врз Македонија и грчки геноцид врз Македонскиот народ. По таа аналогија, зарем името на северната провинција на Грција не прејудицира грчки иредентизам кон државата Македонија? Зошто Атина не го менува името на нивната северна провинција која ја окупираа за првпат во својата историја во 1913 година? До распаѓањето на Југославија, Грција имаше Министерство за Северна Грција, отпосле го променија во Министерство за Македонија, Епир и Тракија, отпосле почнаа се' да преименуваат во Македонија и македонско, дотогаш зборот Македонија кај нив не постоеше за да се заборави окупацијата и геноцидот. За жал, домашните квислинзи во Македонија отворено работат за грчките интереси, тоа дури и не го кријат, што би рекол Фрчкоски. Ниту една влада досега, ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ не ги отвори прашањата за окупацијата и геноцидот пред светот а во врска со односите со Грција. Веројатно грчката влада добро плаќа. Свежи се сеќавањата од мемоарите на Киро Глигоров за митото, милиони и подароци од Атина, преку Грилакис и Фрчкоски, Македонија да се откаже од името на државата. Работата е: Бегајте, доаѓаат нашите, сега ќе ни ја расплакаат мајката... На обвинувањето од Атина за "скопски иредентизам" ниту една Македонска влада досега не возврати со грчката окупација врз Македонија и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година. Никако да му објасниме на светот кој од кого што украл и се' уште краде. И конечно, до поентата на насловот од коментаров. Секоја промена на името на државата по автоматизам го менува идентитетот на нацијата, бидејќи по меѓународно право националноста (што значи државјанство а не етничко потекло) се определува од името на државата! Соодветно, во новите биометриски пасоши, лични карти и возачки дозволи, во графата националност на сите им пишува Macedonian, затоа што сите со пасош на државата Македонија за цел свет се Македонци! И натурализиран црнец од Африка, независно од неговото етничко потекло, кој поседува македонски пасош, за цел свет ќе биде Македонец и ништо друго освен Македонец! А, тоа го знаат и Албанците во Македонија: По потекло се Албанци ама за цел свет по државјанство се Македонци! Заклучок: името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на името на државата по автоматизам го менува името на националноста! Тоа е интересот на Атина, Македонија од етнологија да ја демонтираат во географија, за да го бетонираат непостоењето на Македонците во светот, во Републикава и кај нив во Грција. Затоа, безусловен крај на разговорите со Владата во Атина за името на државата и продолжување на членството во Обединетите Нации сега и веднаш под името МАКЕДОНИЈА! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО! |