|
|
КАКО НАЈЛЕСНО ДА ГИ НАПАДНЕТЕ ГРЧКИТЕ ШОВИНИСТИ? |
Сведоци сме на уште еден изблик на грчкиот анти-македонски шовинизам кој достигнува до степен на масовна хистерија. За да се даде одговор како најефикасно може да се опонира на ваквата грчка шовинистичка шизофренија прво треба да се откријат причините за истата. Мнозина кај нас се занимаваат со прашањето: зошто Грците толку се плашат од Македонија и Македонците? Приказните за стравот од иредентизам не држат вода. За жал, вооружените сили на Република Македонија, во моментов, се прилично послаби од грчката армија, а освен тоа Грција е член на НАТО – најмоќната воена организација во историјата на човештвото. Значи, едноставно кажано, имбецилно е тврдењето на Грците дека Република Македонија може по воен пат да и одземе нешто на Грција и нашите политичари (но и сите други субјекти) треба ова почесто да го потенцираат пред светот. Па ако е ова ноторен факт, која е тогаш вистинската причина за стравот кај Грците кон Македонија и Македонците? Одговорот на ова прашање не е толку сложен. Имено, Грција смета дека таа го има монополот врз античката историја без малку на целиот Балкан. И Грција ова досега успеваше и се уште успева дебело да го материјализира. Помислете колку милиони туристи досега ја имаат посетено Грција верувајќи дека доаѓаат во „лулката на цивилизацијата“ и колку милиони евра и долари им имаат оставено странските туристи на Грците (за ноќевање, храна, екскурзии, сувенири...) само за да почувствуваат дел од „славното античко минато“ во државата каде се „родила цивилизацијата“. Секако дека освен материјалниот аспект, Грција има и други бенефиции заради ваквиот свој статус... И наеднаш сето тоа Грција треба да го дели со некоја друга држава... Наеднаш (во очите на лакомите Грци) се појавува држава и народ кои тврдат дека и самите имаат античко потекло (дури и најзакоравените словенофили кај нас мора да признаат дека името Македонија и етнонимот Македонци се антички имиња). Наеднаш се појавува „опасност“ туристите кои ги интересира историјата на античка Македонија и вљубениците во ликот на Александар Велики Македонски, наместо во Грција, да ги оставаат своите пари во Македонија (државата која го носи името на истата таа славна античка држава). Е тоа алчниот Грк нема да го дозволи! Ете оттаму е нивната хистерија, која има за крајна цел да се смени идентитетот на Македонците – на истиот тој народ што сега претставува (според нив) „закана“ за нивниот (незаслужен) монопол врз античката историја на Балканот, кој досега им носеше големи пари и углед во светот. Заради ваквата ситуација, откако ја откривме „Ахиловата пета“ на грчките шовинисти (а тоа е стравот дека некој ќе им ја „одземе“ историјата на античка Македонија и ќе се „служи“ со неа), македонските активисти (овде и во дијаспората) треба со сите сили да дејствуваат во насока на натамошно запознавање и информирање на светската јавност за историската вистина според која античките Македонци не биле никаакви Грци (Хелени)! Значи, да се напаѓа грчкиот шовинизам токму таму каде што најмногу се плашат, а тоа е обелоденување на вистината дека тие немаат никаква врска со античката историја на Македонија. Замислете, тие се обидуваат да го убедат светот дека ние им ја „крадеме“ историјата, а историските факти го зборуваат токму спротивното. Во текот на 2016 и 2017 година, авторот на овој текст подготви цела документарна ТВ серија на англиски јазик под наслов АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ, која е поставена и на Youtube и во која во 40 епизоди (секоја во траење по десетина минути) се претставени цитати од НАД ПЕДЕСЕТ антички автори (меѓу кои предничат автори кои денес во светската наука се нарекуваат „старогрчки“) кои сосема јасно и гласно сведочеле дека античките Македонци не биле никакви Грци туку посебен народ, со посебен јазик и култура. Ова лавина од сведоштва опфаќа широк дијапазон што се протега од директни артикулации во кои јасно се зборува дека Македонците не биле Грци, па се до индиректни тврдења. На пример, еден антички автор ги опишува Македонците како „нероднинска раса“ во однос на Грците, а античкиот историчар Аријан тврди дека омразата помеѓу Македонците и Грците во времето на битката кај Ис била толку голема што меѓу нив постоело (цитирам) „расно ривалство“. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф сведочи дека Македоцните и Грците помеѓу себе комуницирале преку преведувачи, а голем број автори паралелно ги спомнувале Македонците и Грците, очигледно третирајќи ги како два одделни народа. Постојат и индиректни сведоштва. На пример неколку антички автори прецизно ги опишале етничките граници на Хелените и притоа ниту еден од нив не ја спомнува Македонија како составен дел од истите. Серијата, чиј автор сум јас, продуцент е Џим Стефан од Сиднеј, а ко-продоценти и финансиери се Горан Саздан Котев и Андрија Петревски исто така од Сиднеј, беше финансирана од бројни наши сонародници, но и страници, чии имиња се спомнати во секоја поединечна епизода и истата веќе предизвикува голем интерес. Првата и ударна епизода има речиси 32.000 прегледи на Јутуб. За оваа ТВ серија направена е и посебна веб-страница, која гласи: http://www.macedonianswerenotgreeks.com/.На оваа веб-страница објавени се и сценаријата од епизодите, што значи дека сведоштвата од античките автори можат да се користат и во пишана форма. Ги повикувам сите оние кои сакаат да се спротивстават на грчкиот шовинизам, да го испраќаат линкот од оваа серија на субјекти ширум светот и во Грција. Доста веќе се расправавме едни со други и доста си испраќавме историски докази едни на други – редно е да се свртиме кон светот (наместо да го обвинуваме за се и сешто). Испраќањето e многу едноставно:
Што се однесува до самата серија, би било добро истата да се подготви и емитува и на македонски јазик на некоја од нашите ТВ станици за да се запознае и нашата јавност со она што го пишувале античките автори за вистинското потекло на античките Македонци - народ чиј етноним и ние денес го носиме. Секој што сака да помогне за реализација на ова може да контактира со мене преку фејсбук или по е-маил.
|