|
|
Македонија е држава која треба универзално да бара ПРИЗНАВАЊЕ под уставното име |
11-те мерки со Грција за доверба Македонија наместо да го отфрли овој предлог или барем да го пролонгира, се „фати на јадицата" и покажа дека ниту власта, ни опозицијата имаат стручни луѓе кои ја разбираат меѓународната политика. спогодба за 11-те мерки договорени со Грција претставува уште една демонстрација на безграничната наивност на оваа Влада во врска со проблемот за името! Наместо во светот и во ОН македонската Влада даго застапува и објаснува ставот дека срамната референца „бивша југословенска Република Македонија" е нелегална (институција), таа ги фаворизира срамните и правно неиздржани преговори и разговори за името, сега под новата флоскула „мерки за градање доверба"! Од самиот наслов на овој нов и, би се осмелил да кажам, срамен договор, кои има одредени правно-обврзувачки димензии. Од воведниот, политичкиот дел се гледа дека градањето доверба е во функција на решавањето разликата меѓу Македонија и Грција. Наместо МНР јасно да искаже резолутен став дека разликата околу уставното име не може да постои меѓу кои било две или повеќе држави, тие го поздравуваат договорот со предмет „градање доверба"! Демек, за решавање на овој проблем потребна е доверба. Од политичка гледна точка Македонија е држава која треба универзално да бара ПРИЗНАВАЊЕ под уставното име од сите држави и од меѓународните организации! На ова активно се спротивставува Грција која и со сите свои капацитети работи Македонија да не биде признаена во светот и таквото признание да се блокира и оневозможи. Грција не ја признава Македонија како полноправен меѓународно-правен субјект (со сите елементи на правниот субјективитет и државноста), не го признава македонскиот јазик, ниту пак македонскиот народ. Преку ООН Грција издејствува една нелегална ситуција со која имаме преседан со НЕЛЕГАЛНАТА РЕФЕРЕНЦА. Токму оваа нелегална ситуација требаше биде предмет на разговорот меѓу претседалот Иванов и американскиот сенатор Мек Кејн. Да потсетиме, пред десетина дена американскиот сенатор Џон Мек Кејн ѝ даде за право на Македонија и изјави дека никој, па ни Грција не може да избира име на која било држава, признавајќи и го на Македонија основното државно право на определување за своето уставно име. Се стави на македоската страна. И сега наместо да ја објасни нелегалната ситуција во ОН во која имаме НЕЛЕГАЛНА РЕФЕРЕНЦА, претседаелот Иванов изрази став дека Македонија би била задоволна (и) доколку влеземе во НАТО со референцата!! Ова е голем автогол за претседателот на една суверена држава, кој можеше да ја искористи оваа шанса и директно да побара помош од САД за надминување на една нелегална ситуација во ООН. Инаку, Грција оваа изјава на Мек Кејн ја регистрираше со внимание и загриженост. Но, во овој контекст, да се потестиме и на предходното одбивање на претседател Иванов да даде интервју за медиумот Евроњуз, поради користење на кратенката БЈРМ. Претседателот Иванов, имено, одби да даде интервју бидејќи кратенката (FYROM) „не се користи во ниту еден документ на ОН", но не би му пречело, како што излезе од контекстот на оваа изјава, новинарските прашања да биле поставени во нескратената форма „бивша југословенска Република Македонија"!! Имено за претседател во нескратената форма на референцата не постои ништо спорно, па дури ние и се залагаме за зачленување во меѓународните тела и организациите под оваа (наметната) референца!! Демек, нескратената форма на референцата е легитимна! Односно легална!! Од овде заклучуваме дека претседателот, а и МНР (па и Владата) не разбираат некои елементарни работи. А тоа е дека референцата „бивша југословенска Република Македонија" е НЕЛЕГАЛНА! (Ова јас го докажав во неколку влијателни списанија, а ваков став е прифатен и во меѓународната научна периодика). Во овој контекст, договорот за „11-те мерки договорени со Грција", а за „градање доверба" со кои всушност се залагаме за продолжување на разговорите и преговорите за уставното име, не изненадува. Тие се за Владата ЛЕГИТИМНИ! Па така, наместо да укажавме дека „спорот" или „разликата" околу едно суверено право какво што е уставното име не може да постои, бидејќи изборот на уставното име е под строга внатрешна јурисдикација на која било држава, претставниците на власта го афирмираа ставот дека со Грција имаме „разлика" околу сопственото уставно име! Ова е срамота. Понатаму, поагајѓи од фактот дека референцата е нелегална, требаше да се укаже на Грција, како и на другите фактори (пошироко) дека ситуацијата во ОН со разговорите е нелегална, односно дека преговорите околу уставното име на една суверена држава се НЕЛЕГАЛНИ! Спор или „разлика“ за ваквите инхерентни права не може да постои, бидејќи ОН се организација во која членуваат суверени држави-членки. Понатаму ваквите суверени држави-членки се правно ЕДНАКВИ. (Покрај тоа, и надвор од ОН ваков спор околу туѓо уставно име е правно апсолутно невозможен, што произлегува од суверенитетот кој важи за државите и надовор од ООН). Со други зборови, Владата на Македонија прифакајќи ја, на еден нестручен начин терминлогијата на другата страна (Грција), како на пример „разликата" или „доверба" или „градење доверба"... прави исклучително голема штета по државните интереси. Прифаќање на разговори за името е рамно на предавството и комплетен авантуризам кои македонските полтичари со своето незнаење го направија дури два пати пред овој гаф со „мерки за доверба". Првиот пат беше во 1993 година во ОН кога македонската политичка елита без елементарно познавање на меѓународните односи го дозволи преседанот со нелегалната рефернца. И вториот пат во 1995 гоадина кога дозволивме и промена на знамето со елементите во кои наивно се согласуваме со терминот „преговори" за името. Сега како подарок ја прифативме и новата стапица на Грција без сестрана анализа на последиците од ваков бесмислен чекор. За крај треба и да го прокоментираме и брзото прифаќање од Грција да ја склучи оваа спогодба. Во ситуацијата кога во грчките преговори околу долгот на Грција најсилен отпор има од ММФ, отфрлувјќи ги сите грчки предлози и планови за надминување на овој должнички проблем, се појави теза дека зад потенцијалниот грчки банкрот стојат САД (контролирајќи го ММФ). Нешто слично имавме и во македонското историско толкување на потеклото на проблемот со името и другите македонски "голготи". За да се прикаже како кооперативна и „добронамерна“, Грција веднаш прифати да потпише договор за доверба, сметајќи дека тоа ќе придонесе за релаксирање на позициите на западните држави предводени од САД (во Грција постојат експерти и советници кои сметаат дека САД се дури на страна на "FYROM"). Македонија наместо да го отфрли овој предлог или барем да го пролонгира за некое друго време, правејќи стратегија што по евентуалниот банкрот на Грција, веднаш се „фати на јадицата" и покажа дека ниту власта (и луѓе на или блиски до власта), ни опозицијата имаат стручни луѓе кои ја разбираат меѓународната политика. За жал, ни се повтори ситуцијата која ја имавме во 1995 година. Не ги научивме лекциите од 1993 и 1995 година. Со вакви нестручни политичари и кадри, дури ни напуштањето на Грција од ЕУ-зоната, па и конечно од ЕУ, нема да придонесе за реализацијата на стратегијата за универзално целосно признавање на македонската држава и државност. И власта, како и опозицијата во Македонија покажуваат целосна незаинтересираност за реализацијата на една таква стратегија. Наместо потребни осмислени акции, како и досега, имаме само редица гафови и пропусти.
|