|
|
МАКЕДОНЦИ, ВРЕМЕ Е СИЛНО ДА ГО КРЕНЕМЕ СВОЈОТ ГЛАС! |
Зоран Заев изјави дека е прифатлива географска одредница за името на нашата држава, со цел решавање на спорот за името. Ни Горна ни Долна, ни Северна ни Јужна, ни Вардарска! Само РЕПУБИЛКА МАКЕДОНИЈА! Повик до Македонците да го кренат својот глас против промена на името! Семакедонскиот протест ќе се одржи на 27 февруари со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија. Под изговор дека ја брани својата национална безбедност, во изминатите повеќе од две и пол децении, Грција континуирано го лаже целиот свет и го држи отворено прашањето за името, јазикот и културниот идентитет на Македонскиот народ. Во обидите за наводно решавање на деценискиот спор, Атина постојано поставува се’ полоши, неприфатливи и понижувачки предлози со коишто ја попречуваат Македонија на патот кон евроатлантските интеграции. Протестите во Солун и Атина, покажаа дека за мнозинството Грци единствено прифатливо решение е сложено име со географска одредница за севкупна употреба, што нема да го содржи зборот Македонија. Сèе во името Македонија! Со него е поврзано прашањето на нашиот национален идентитет, нашата култура и историја. Секоја промена на името го доведува во прашање не само нашиот идентитет, туку и нашето морално право на оваа територија, за која многу генерации дале огромни жртви. Македонските политичари немаат право да одлучуваат дали ќе има, или нема да има референдум за името! НИЕ, денешниве генерации, не го добивме името Македонија на референдум, за да одлучуваме за негова промена на референдум! Македонците во светот отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! Наша света обврска е: Македонија да ја предадеме на идните генерации со истото име што го наследивме, а тоа е името - МАКЕДОНИЈА! Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување од Грција! Македонците во светот бараат: (1) безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) повлекување на Законот за употреба на јазиците; (4) итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието, Владата на Република Македонија, и до сите странски амбасади во Македонија. Македонци од татковината и во светот, доста е молчење, мора да дејствуваме офанзивно, силно да го кренеме својот глас! Семакедонскиот протест ќе се одржи на 27 февруари со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија. Вечно да е името на нашата татковина МАКЕДОНИЈА! Амин! |