Среда, 07 Февруари 2018   
Заради сервилноста на ЕУ и НАТО Македонија треба го свртува погледот кон Русија, Кина и Индија

svekrva-nova
Свекрва

Несфатливо е како една православна држава како Грција, е против постоењето на друг православен народ само затоа што државата го носи името Македонија.  Згора на тоа предводници на негирање на името и идентитетот на македонскиот народ се свети лица, свештеници на Грчката православна црква. Каде ќе им оди душата на овие свештени лица, кои наместо да шират братска љубов тргнаа по стапките на нивните претходници познати во минатото како предводници на геноцидот врз македонскиот народ!?

skopia

Од официјални лица на јужниот сосед постојано веке две и пол децении се слушаат налудничави повици дека Македонија е грчка, иако, на сите во светот им е познато дека тоа се погрешни тврдења, како што е погрешно тврдењето дека името на Македонија зрачи иредентизам.

Многу одамна во историските споменици е запишано дека Македонците се различен народ од Грците, што заслепените грчки националисти не сакаат да го признаат.

Од друга страна како може Македонија, која е пет пати помала од Грција, да биде закана за неа, за да треба да го менува името!?

Зарем денес некој верува дека Македонија со десетина илјади војници е закана за Грција, членка на НАТО, чија армија е спремна да војува за островите со Турција?

Сосема е јасно дека заради стратешката позиција која ја има Грција, ЕУ и НАТО ја поддржуваат Атина во спорот за името со Скопје. Но, со нивното барање Македонија прво да го смени името, а потоа да стане нивна членка, тие го прекршуваат меѓународното право, обичаеното право секој да си го избере своето име. Секако да не заборавиме дека со тоа најдиректно на Македонецот му се одзема природното и меѓународно дефинирано право на самоопределување.

Сепак, никако не ме може да се разбере непочитувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, во која се вели дека Грција нема право да ја спречи Македонија да стане членка под договорената референца.

Оттука барањето од страна на ЕУ и НАТО за промена на името и идентитетот по сугестија на Атина, држава на одмината наци-фашистичка идеологија, со очигледни денешни стилизирани фашизоидни идеи, е се друго освен демократија.

Исто така, со барањето за промена на името и идентитетот на она парче што остана од државата Македонија. ЕУ и НАТО како да ја потврдуваат грчката окупација на Егејскиот дел од Македонија од 1913 година и ја наградуваат за извршениот геноцид врз македонскиот народ.

Ваквиот однос покажува дека ЕУ и НАТО, не го разбираат или не сакаат да го разберат Балканот. Ако ЕУ ја заборавиле историјата на Балканот, прво нека се потсетат на војните на овие простори, за да мечката не им заигра на нивна врата. А доколку се потсетиле, тогаш  нека престанат да ја поддржуваат геноцидната антимакедонска политика на Атина за промена на името на една суверена и самостојна држава, и на името на еден од најстарите народи во Европа - Македонскиот народ, кој го има формирано најстариот универзитет во Европа и ја христијанизира Европа.

Време е да потсетиме дека проблемите и границите на Балканот ги создаде и ги нацртаа токму Европа, а не ги цртаа балканските народи! А, бидејќи денес европејците се прават дека не ја знаат историјата на Балканот, нека ги отворат архивите во Лондон, Париз, Берлин и Москва, како од Атина  создадоа држава Грција, на туѓа окупирана земја! Дури тогаш ќе им стане јасно на ЕУ, НАТО и на грчките свештеници дека кога ќе се чепне во името на македонскиот народ и неговата света земја, наместо да се отворат портите на рајот, се отвараат вратите од пеколот!

Но, денес сме сведоци дека наместо покајание и прошка, некој сака да ги отвори вратите на адот!?

Македонците тоа добро го знаат и заради својата безбедност и несериозноста и сервилноста на ЕУ и НАТО, слично на својот стратешки партнер Турција, Македонија треба го сврти својот поглед на исток: кон Русија, Кина и Индија, односно кон Шангајската организација за соработка. Во сојуз со овие големи сили, Македонија може да го надмине проблемот со името и блокадите кои ги наметна Грција. Ако за Турција како членка на НАТО, свртувањето кон Шангајската група би бил реален проблем, за Македонија не би требало за постои никаква пречка.

Платформата за соработка на Шангајската група (Shanghai Cooperation Organisation "SCO"), која е замислена како пандан на НАТО и опфаќа четвртина од населението во светот, е доволно широка и опфаќа економски, социјални, културни и други прашања.

Анкара не случајно се` повеќе се свртува кон Русија и Кина. Всушност Европа со ваквата политика се` повеќе станува слепа улица, која наскоро сите ќе ја избегнуваат.

Македонија не може и не смее повеќе да чека бидејќи поради блокадата на Грција и двојните стандарди на ЕУ и НАТО, македонските евроинтеграции можат да се одолжат во недоглед. Македонија како и Турција уморени од чекање треба да бараат нови сојузници.

Посебно Македонија мора да ја засилува својата економска, политичка и безбедносна положба на Балканот, во Европа и во светот. Со евентуално влегување во Шангајската група, која ја предводат Русија, Кина и Индија, балканските соседи ќе можат да заборават на своите територијални претензии кон Македонија, а истовремено за Македонија се отвораат нови можности и огромни пазари.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.