|
|
Повик до Македонците да го кренат својот глас! |
Идентитетот е неотповиклив вкалкулиран печат за секој човек, се раѓаме со жигот на генезата, дајте го еднаш, да се видиме, да се преброиме. На народот веќе му е преку глава ова тргачење по истории, генези, по медиуми, по весници по енциклопедии. Време е да ставиме крај околу мистеријата за потеклото, околу генезата со Александар Македонски, Античките Mакедонци, Библиска Македонија или Славјаните кои се нарекувале Македонци, или? Дајте малку народски и логично да размислуваме, еве гласно резмислувам:
Потребно ни е како леб насушен обединување на големиот македонски дух и она што секој народ го одржува во целост, единството на битието.... Ме срдат и плуканиците по се што е македонско. ДОСТА Е! АКО СМЕ ГЕОГРАФСКИ ПОДЕЛЕНИ, ИМАМЕ ЕДНО СОНЦЕ И ЕДНО СРЦЕ МАКЕДОНСКО, КАРАНОВО, ФИЛИПОВО, АЛЕКСАНДРОВО,... Македонските политичари немаат право да одлучуваат дали ќе има, или нема да има референдум за името! НИЕ, денешниве генерации, не го добивме името Македонија на референдум, за да одлучуваме за негова промена на референдум! Време е да и ставиме крај на голготата околу името. Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! Протест на 27 февруар во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија до Собрание на Р. Македонија. Масовнода ги подржиме најавените големи собири на Македонците во Скопје, Канбера, Сиднеј, Мелбурн и најавените дуги протести воАвстралија, Америка, Канада, Нов Зеланд и Европа под мотото-Ние сме Македонија. |