Среда, 21 Февруари 2018   
Демократијата на САД ми е пример да не го давам, јас, како Мери Георгиевска името на мојата Татковина Македонија и мојот идентитет

meri-georgievska
Мери Георгиевска

Ако има позападно ориентирани од мене и мојот татко, не знам (секако дека има, но зборувам за моето потесно семејство).

Огромен дел од неговото творештво е направено во САД, а на 18 години бегал преку граница, токму за да стигне во САД, каде себеси се гледал, и воедно да избега од оние кои му се противеле на вмровските идеи кои ги носел в срце уште од средношколските години. И за жал, предаден од најдобриот пријател, бил упасен заедно со баба ми и дедо ми заради тој чин, заради љубовта кон Америка.

Од малечка сум проамерикански ориентирана. Oткога паметам за себе. Ориентирана сум и про- Израелски.

Ориентирана сум со љубов кон сите нации и религии. Сметам дека сите сме едно. Фасцинирана сум од Русија, Турција, од мистиката на далечниот исток.

Но, факт е дека пораснав со вокменот од Њујорк, филмовите од Холивуд, каубојките од Далас и фармерките кои нон стоп ми ги носеше татко ми од САД.

И токму демократијата на САД ми е пример да не го давам, јас, како Мери Георгиевска името на мојата Татковина Македонија и мојот идентитет никому. Ако сум сакала, сум можела да имам и уште неколку државјанства (сум имала шанса да живеам секаде), а згора на се родум сум од Белград. Но јас сум Македонка пред се !

Не дај Боже кад слепац прогледа и мисли дека е Колумбо, оти пак којзнае како звучи сето ова што денес ни се презентира во очите или ушите на 80 годишен човек кој лежел в затвор од љубов кон Западот, од љубов кон Америка!

Среќа му се исполни желбата да работи и твори во САД, а кога можевме да живееме во САД, кога сите врати му се отворија нему и на моето најтесно семејство да се преселиме во САД, тој се врати овде и стана член на ВМРО ДПМНЕ и ја продолжи каузата која ја носеше од 17 г возраст во срцето. Таа кауза се вика и ќе се вика Македонија!

God bless America !

God bless Macedonia !

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.