Среда, 21 Февруари 2018   
Време е во ОН да настапиме под уставно име!

svekrva-nova
Свекрва

Во почетокот на 19 век кога се создаваат балканските држави и нации, ниту еден друг народ, освен населението на територијата на Македонија, не претендирал ниту го зел македонското име. Соседите не го направиле ни по Балканските војни кога по војната со Турција анектираа делови од територијата на Македонија, ниту пак по Букурешкиот мировен договор од 1913 година, како пак ни по Првата светска војна кога конечно беше санкционирано распарчувањето на територијата на Македонија.

Под македонско знаме за слободата на Македонија умреле со стотици илјади Македонци. На многумина од нив чии коски се расеани по целата територија на земјата ни гробовите не им се знаат. Дури и ако народот им подигнел споменик на луѓето кои умираа со последните зборови за слобода на Македонија!, честопати тие беа уништувани од соседите или нивните платени слуги. Но затоа, пак, до денес постојат добро сочувани гробови на туѓи синови, кои гинеле за да ја окупираат земјата за време на Балканските војни, Првата и Втората светска војна.

Мнозинството од македонскиот народ никогаш не се откажал од своето име. Но, секако дека во минатото постоеле поединци кои за пари или други бенефиции се декларираа дека се се’ друго само не Македонци. Како тогаш, така и денес, по 74 години од поставувањето на АСНОМ - ските темели на нашата државност и по 27 години од осамостојувањето на македонската држава, постојат луѓе кои од лични интереси го негираат постоењето на македонската нација.

Денес на власт имаме луѓе кои мислат дека можат за кратко време да го направат она што на соседите не им успеваше со децени. Овие луѓе сакаат со неколку акти да ја редефинираат земјата, да го променат Уставот, името, јазикот, историјата и идентитетот на македонскиот народ само за да сме влезеле во ЕУ и НАТО.

Меѓутоа, тие забораваат на една работа дека името и идентитетот, како природно стекнато право не може да се смени, дека никој нема право да тргува со националните интереси и дека еден ден можат да одговараат пред судот на народот!

Стекнатото име на македонскиот народ си има своја закономерност. Таа е поврзано со територијата на која живее и се пренесува од колено на колено. Мнозинството родители со генерации им го пренесуваат на своите деца чуството да ја сакаат својата родина, да ја негуваат и да ја бранат македонската земја. Тоа се пренесувало од колено на колено и е вкоренето, така да не е лесно да се избрише, посебно не во денешно време, кога не е можно да се изврши колективна амнезија или колективно самоубиство на еден народ.

Македонската политика во текот на изминатите повеќе од две и пол децении, поради поделеноста на релевантните политички субјекти, не разви доволен капацитет за да изгради подобра позиција во овој наводен спор наметнат од Грција. Наместо создавање на заедничка стратегија, спорот со името беше злупотребуван во меѓусебната борба за власт.

Со оглед на целокупната состојба, Македонија треба да се повика на тоа дека привремениот период за употреба на референцата „ПЈРМ“ е изминат и, поради тоа разговорите треба да се прекинат, а во ОН треба да се побара да биде ословувана како Република Македонија.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.