|
|
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, САМО МАКЕДОНИЈА - ЕРГА ОМНЕС ОД ДИЈАСПОРАТА И НИШТО ДРУГО! |
Коѕиас бара да немаме име А и Б, не барем пукнавме од радост да имаме. Ципрас и Грците ни наметнуваат ЕРГА ОМНЕС а воедно Уставот да сме го смениле. Но дали е тоа се, кога бараат идентитет, јазик, лични карти, пасоши и кој знае уште колку стотици други услуги и корекции ќе побараат, дури ни Господ не знае. Причината била според нив наводно како нас многу ни се брзало и ептен сме сакале во ЕУ и НАТО. Како да нема ништо друго поубаво и гаранција за подобар живот. Од наша гледна точка, воедно и од неутрална страна, се поставува прашање до Коѕиас, како е можно тие да имаат еден куп имиња како на пример - Елада, Елинас, Јунанистан, Грција, па дури и МАКЕДОНИЈА ... За Ципрас и цела Грција имам прашање : Дали Ние сме ставиле ерга омнес на нив и дали нешто бараме од нивниот устав да се смени ? НО НАЈТЕШКО МИ ПАЃА И СТРАШНО МЕ НЕРВИРА МЕНЕ И СИТЕ НОРМАЛНИ МАКЕДОЦИ ЕДНА ГОЛЕМА ГЛУПОСТ. Тоа е дека на овој начин ќе го елиминирале нашиот национализам, границите немало да се менуваат и ќе било убаво. А убаво беше да се менуваат границите во 1913 на наша голема штета, па сега уште Црпко и СДСМ да не докусурат, за тие да си имаат мир. Нека се рашири оваа порака насекаде и да стигне до Коѕиас, Ципрас и сите Грци. Сакале вие тоа или не , Егеј ќе го вратите и никогаш нема сонот и правдата Македонска да ни ја одземете се додека има и постои макар еден Македонец. Од тројца војници на Александар Македонци се направи цел народ на територија на денешен Пакистан. Воедно, дијаспората има милиони Македонци кои не потклекнале ниту ќе потклекнат и доказот ќе го добиете сега за некој ден. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, САМО МАКЕДОНИЈА - ЕРГА ОМНЕС ОД ДИЈАСПОРАТА И НИШТО ДРУГО! АМИН!
|