Среда, 07 Март 2018   
На Македонија и` е потребна македонската дијаспората

mane jakovleski 1
Манојил (Мане) Јаковлески

На Македонија и` е потребна македонската дијаспората и Македонци, кои ја сакаат државата!

Мили мои Македонци, Македонија отсекогаш патела од предавници и продадени души, но ова веќе ја преминува секоја граница. Зарем не се освестија? Уште по жално е да прашам, зарем не се освестивме НИЕ?

makedonija-mane

До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не` нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости да и` го валкаат името на нашата Македонија.

Демократијата како систем е добра во одредени ситуации но, за жал многумина ја злоупотребуваат. Навистина се преминаа сите граници и затоа, нема повеќе толеранција. Ова мора да запре! Ако не, тогаш Господ да се симне на земјата нема да може да ни помогне. Народов веќе доволно претрпе додека предавнички, плитки и проклети умови решават за неговата иднина!

Продаваат име и јазик, територија даваат на поклон, и што уште не. Нашиов народ има поговорка која вели: „Ѓаволот ни ора, ни копа“... Галиба грешка е! И ора и копа и ни ја вади душата со секој збор излезен од било која уста што е против интересите на Македонија!!!

Мили мои сестри и браќа Македонци! Ние немаме никаков проблем со нашето име, проблем има нашиот јужен сосед, ние Македонците знаеме кои сме и што сме и после 100 години ќе знаеме дека сме Македонци и ќе сме свесни за коренот наш Македонски! Сме постоеле и пред Христа, а денес во 21 век кому ли уште треба да се докажуваме кога од Македонија започнува се`!

И затоа на овој народ Македонија му е пред СЕ`!

Македонија има патриоти во Македонија и дијаспората кои си ја сакаат државата и се` би дале за неа, се грижат за својот народ и работат во интерес на државата.

Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување! Името Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации!

Наша света обврска е: Македонија да ја предадеме на идните генерации со истото име што го наследивме, а тоа е името - МАКЕДОНИЈА!

Оваа држава се вика Македонија, МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постоеле, постојат и ќе постојат!

Затоа мили мои браќа и сестри, големите протести во Македонија, Австралија, Америка, Канада, Нов Зеланд и Европа под мотото „Ние сме Македонија“ мора да продолжат!

Секој Македонец треба да застане во првите редови на фронтот во одбрана на името, идентитетот и јазикот, во одбрана на демократијата, за да ја зачува слободата и не стане граѓанин од втор ред во својата земја. Да не дозволиме душманите да направат уште еден геноцид врз Македонците, овој пат идентитетски.

Само така обединети со нашите браќа и сестри од дијаспората, ќе им се спротивставиме на овие предавници, продадени души и ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат!

Обединети како еден заедно со нашите од дијаспората, можеме да го одбраниме нашето име и идентитет!

Вечна да е Библијска Македонија! АМИН!

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.