Среда, 14 Март 2018   
ШТО ВИ СМЕТАА СПОМЕНИЦИТЕ?

gordana-dimovska-makedonija

Секоја држава си има свое историско минато од кое новите генерации научиле нешто или избрале да тргнат напред со нови идеи, нови сили зависно од способноста и новонастанатите услови. Без разлика дали ги продолжуваат борбите или одржуваат тоа што стекнале, секое место, секој град стојат потсетници за минатите дејствија во земјата, за личности, херои, дела, артефакти. Некои велат: Колку далеку ќе можеш да стигнеш од твоите корени? Е да, навистина така, каде и да си, пак корените доволно зборуваат за потеклото, нацијата, наравите, историјата, стекнатиот менталитет. А колку далеку ќе стигнеш, од тебе зависи.

И самиот збор монумент значи ‘да се памети‘. Освен ‘да се памети‘, спомениците го разубавуваат самиот град и му даваат посебна препознатливост. Колку години беа потребни да му се даде нова димензија на  античко минато, средниот век, кои како да се изоставени од историјата а претставуваат темели за напредок во сите гранки на науката. Долги години се дебатираше на таа тема и пак поделби меѓу луѓето, како да не се доволно. Дали требало да има споменици од, Филип, Цар Самоил, Илинденците, народните херои!  Многу пари биле потрошени или недозволени средства, а сега пак тема на расправа “рушење на спомениците“- е колку ли ќе кошта тоа? Некој гради, “не чинело“ е ај сега ќе ги урнеме, иако кошта, подобро да ги нема.

Дури јас пишувам, и Воинот на коњ ќе си замине во историјата, и ќе ги поздрави своите потомци велејќи: овие ич не се истерале на мене, до крај да одат и да се борат за Македонија. Во Австралија, младите генерации многупати ме прашувале и прашуваат: Зошто Грција и го прави тоа на Македонија, зошто го нарекуваат Александар Грк, зошто ги протераат и одзедоа имотите на илјадници Македонци од Беломорска Македонија, и многу зошто зошто, зошто толку неправди над Македонија, и сето тоа од деца, од млади деца од македонско потекло, родени на овој континент. И на протестот млади мајки туркајќи ги количките се обидуваат да си објаснат што се случува и сега во Македонија, зошто и поедини политичари зборуваат и работаат против интересите на својата земја. До кога вака? А чекајќи одговор на овие прашања, се соочуваат со други шокови, како преименувањето на аеродромот Александар Македонски и спомениците кои беа огледало на Скопје и Македонија.

Спомениците се дизајнирани да пренесат историски или политички информации и затоа можат да развијат активна социо-политичка моќ. Тие може да се користат за едукација на населението за важни настани или бројки од минатото. За да ги исполни своите информативни и едукативни функции, споменикот треба да биде отворен за јавноста, што значи дека неговата просторна димензија, и содржина може да се доживее од јавноста и да биде одржлива. Првото може да се постигне или со поставување на споменикот во јавен простор или преку јавна дискусија за тоа и неговото значење, второто со материјалноста на споменикот или ако неговата содржина веднаш станува дел од колективната или културната меморија.

Сега како ќе им одговориме на сите поставени прашања кои ги засегаат за земјата, родина на нивните родители, баби, дедовци, земјата за која толку многу се приврзале и со гордост го истакнуваат своето потекло каде и да се.

Историскиот споменик е богат извор на историјата. Тоа ни дава посебно чувство на гордост, возбуда, и нè тера да бидеме љубопитни да дознаеме повеќе за минатото поврзано со него. Позната е практиката во целиот свет за спомениците кои им помагаат на учениците да ја конструираат/разберат историјата преку набљудување. Активноста генерира интерес за историски згради и развива вештини за набљудување. Таа, исто така, ги развива нивните естетски сензибилитети и наметнува разбирање на елементите на архитектурата и нашето културно наследство.

Барем да ги оставевте спомениците да ве подучат, едуцираат и потсетат за славното македонско минато, за пролеаната крв на претците – борци за нејзината слобода. И наместо да се памети, дојде време да се збрише и заборави.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.