Среда, 14 Март 2018   
Дали македонскиот народ повторно треба со пушка да ја брани слободата!?

svekrva-nova
Свекрва

Македонија ја бие најтешката битка во својата понова историја

По подмолниот напад на центрите на моќ врз нашата мала и мирољубива земја во мај 2015 година и инсталацијата на марионетска власт во земјата, македонскиот народ води огорчена борба да ја зачува унитарноста на земјата, името и идентитет.

Нападот извршен во моментот кога земјата доживуваше економски раст, кога се зголемија надворешните инвестиции и драстично се намали невработеноста, кога максимално се почитуваа правата на сите етнички заедници, предизвика огромно разочарување во срцата на македонскиот народ и останатите етникуми во земјата.

По Пржинските договори и инсталацијата на нелегална марионетска власт, под диригентската палка на странците, во земјата започна да се руши се она што дотогаш со огромни напори го изградил народот на Македонија. Ненаситни во својата крвожедност ордите на злото се нафрлија да го рушат Скопје 2014, потоа да ја спроведат Тиранската платформа, договорот со Бугарија и промена на Уставот, името и идентитетот.

Меѓутоа, инспираторите на овој напад луто се излажаа, бидејќи сега ги немаат пред себе поткупливите политичари, туку обичниот народ. Тоа е таа сила која не ја скрши ниту апсењето и затварањато на најгласните предводници кои застанаа во одбрана на својата земја. Иако изложени под секакви притисоци и закани, македонскиот народ го продолжи својот отпор не само во земјата, туку широм светот. Македонците ја префрлија борбата и во земјите кои беа инволвирани и инспиратори на настаните во Македонија, особено во последните три години.

Изминатите недели во одбрана на името повеќе стотина илјади Македонци маршираа низ Македонија, Балканот, Европа, Америка, Австралија и Нов Зеланд.

Со Лисабонската декларација од 27 јуни 1992 година, ЕУ или тогашната ЕЗ, до ден денес бараат експлицитно од македонската држава да го промени уставното име.

Се поставува прашање зошто денес по повеќе од седумдесет години од победата над фашизмот, ЕУ и НАТО, во името на “доброто на европските народи“, поставуваат вакво суицидно и геноцидно барање кон македонскиот народ.

Дали повторно е повампирен фашизмот во Европа и дали македонскиот народ повторно треба со пушка да ја брани слободата!?

Човек со здрав разум не може да верува во глупите лаги на Грција и нејзините поддржувачи. Демократскиот свет знае дека македонскиот народ е во право и поради тоа повеќе од 130 земји од светот ја имаат признаено Македонија под уставно име.

Денес во Македонија владее нелегална и марионетска власт инсталирана од надворешни центри на моќ под мотото дека доаѓа живот. Па така, наместо подобар живот и среќа, донесоа нови порези и такса, нови задолжувања и зголемување на невработеноста, беда и сиромаштија, никаква медиумска слобода и права за народот, обид за воведување на двојазичност и преименување на земјата.

Со доаѓањето на новата власт се наруши и безбедноста, од оаза на мирот, станавме земја во која царува насилието, особено изразено врз македонскиот народ!? Тоа е секаде евидентно, како во институциите на ситемот, така и по улиците.

Еклатантен пример е Собранието, каде не се почитуваат ни процедури, ни закони, ни Устав. Се носат или се обидуваат да донесат одлуки кои се повеќе ја компромитираат безбедноста и опстанокот на земјата, препуштајќи го народот на милост и немилост, на распуштените банди.

Во овие одлучни саати македонскиот народ го крева гласот насекаде. Веќе не може никој да го излаже: ниту предавниците и продадени души, ниту петоколонашите, дека со промената на името и со воведувањето на двојазичноста ќе дојде подобро утре за македонскиот народ.

Затоа Македонците се повеќе се здружуваат во борба против својот непријател. Тие ја повикуваат интелигенцијата да не дозволи да биде одвоена од обичниот народ и да биде водена од платени типови, туку да му се придружи на македонскиот народ во одбрана на светото македонско име. Се повикуваат и македонските жени, мајки и сестри да се придружат кон светата борба заедно со своите мажи, синови и браќа.

Исто така, Македонците ги повикуваат своите сонародници Албанци, Турци, Власи, Срби и сите други да се приклучат во оваа борба во одбрана на земјата. Време е нашите сонародници да сватат дека нивните човекови, верски и други права ги газат токму од оние т.н. демократи и „носители на слободата“. Време е Албанците и другите да стават крај на солидарноста со оние кои ги искористуваат и прикриваат вистинските намери.

Балканците треба да сфатат дека Голема Албанија, обединета Бугарија и обновена грчка Византија, е само Тројански коњ на новиот европски поредок на т.н. „слободни народи“ зад кои се кријат носителите на новиот светски поредок.

Македонците за време на Втората светска војна застанаа на праведната и победничката страна. Денес, Македонците ја бијат најтешката битка по Втората светска војна.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.