|
|
Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година |
Со создавањето на албанската држава, Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година. Имено, целта на двата народа биле обединети во заедничка платформа за единствено македонско-албанско национално ослободително движење. Прв ваков обид е направен во 1887 година кога македонски и албански патриоти формирале „Албанско-Македонска револуционерна лига“. Таа има составено „Апел“ во кој се нагласува дека: „По многу обиди што ги преземаме за да и' помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заедничките акции со нив за ослободување на нашата древна страдалничка татковина. На Македонците што се наоѓаат во бугарското Кнежевство и на оние што живеат во Македонија...“ Како што пишува во „Апелот“, Лигата подготвила Устав и Програма за "самоуправа во нашите две области", т.е. "во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците". Многу години потоа, Македонците создадоа своја независна држава на еден дел од територијата на Македонија. Меѓутоа, од осамостојувањето на земјата во 1991 година, Албанците заборавија кој е домаќин во Македонија. Во последните повеќе од две и пол децении тие излегуваат надвор од она што некогаш било договорено меѓу нив. Подбуцнати од истите агентури кои отсекогаш работеле против Македонија, апетитите драстично им се зголемија. Наместо да се почитуваат заедничките цели дефинирани во минатото, денес албанските политичари помогнати од странската агентура и домашните политички слепци, го окупираа македонското Собрание, ја укинаа демократијата и на насилен пат го воведоа Законот за употреба на јазиците. Албанците денес се обидуваат со сила да му го украдат правото на македонскиот народ да биде суверен господар на својата македонска земја и покрај почитувањето на сите малцински или ако сакате етнички права. Тие ја заборавија девизата од минатото: "во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците". По настаните во македонското Собрание францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека „може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Тој изјави дека инцидентите во Собранието не се глетка од парламент на европска држава.“ Исто така видно разочаран дека видел настани за кои мислел дека се дел од минатото, тој ќе потенцира дека при донесувањето на овој закон „немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава.“ Претседателот Талат Џафери, во седница како да се оддржува во планина а не во маконското Собранија, со усвојување на Законот за употреба на јазиците надвор од процедурите, по 2001 година повторно „стрелаше“ во македонскиот народ, доведувајќи ја во прашање унитарноста на Македонија. Во тоа имаше поддршка од владата на Зоран Заев и неговите 44 пратеници–предавници- слепци кои ја водат земјата кон провалија. Единствено кој се спротивстави на донесувањето на законот за јазиците во Собранието беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Свесен за последиците од законот, за кој и порано предупредуваше за она што се случува во земјата, тој се обиде да го спречи неговото донесување, но беше спречен од обезбедувањето.Браво за Груевски, но една ластовичка не ја прави пролетта. Ако видиме што се случува во другите собранија на други земји како се бранат ставовите, се прашуваме зошто освен вербална изостана другата поддршка на пратениците од опозицијата. Единствена одбрана на унитарноста во земјата сега е во рацете на претседателот Ѓеорги Иванов, кој не треба и не смее да го потпише указот за овој закон. Но тој се соочува со закани како од дома така и од надвор. Албанските политичари во Македонија велат дека Законот за јазиците ќе го спроведат без разлика дали потпишан или не од претседателот. Од друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, се заканува дека „албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија“. Со вакви закани кон Македонците кои не се насилници, се испраќа порака дека македонскиот народ не смее да има држава. Оттука се прашуваме: Дали треба да станеме насилници, да правиме ужасни работи за да опстанеме и Европа да не сфати сериозно дека постоиме како македонски народ?. Македонците не смеат да дозволат да го сменат името или во својот дом некој друг да им командува, но ќе ги почитуваат сите права на етничките заедници. Меѓутоа, доколку некој ја премине границата на пристојно однесување, македонскиот народ ќе нема друг избор освен да се брани. Подобро е сите да изгинеме и да не запаметат во историјата како Македонци, отколку сами да се избришеме, бидејќи тогаш навистина не сме вределе како народ за да некој не забележи во светската историја. |