Среда, 28 Март 2018   
Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците!

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

... Ние не бараме ни кралство, ни кнежевство, ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да имаме сопствен суд и сопствена управа. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот. Од името на „Клетвата за верност на Албанија" ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ. – се вели во дел од Апелот на „Албанско-македонската револуционерна лига“ од 1887 година.

По повод обидот на албанските претставници и нивните македонски коалициони партнери во Собранието на Македонија, да го протнат протиуставниот Закон за употребата на јазиците, кој произлезе од Тиранската платвформа, а со кој на мала врата земјата се федерализира, време е уште еднаш да ги потсетиме Албанците и Македонците на текстот од документот „Албанско-македонската револуционерна лига“ од 1887 година.

Имено, меѓусебните и сродните интереси на Македонците и Албанците создале во минатото нужни и неопходни елементи за изнаоѓање поволни патишта за спас од османската тиранија и за канализирање на борбата за национално и социјално ослободување. Ова настојување прераснало во обидите да се определи заедничката платформа за поставување на основите на едно единствено македонско-албанско националноослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година со создавањето на Албанско-македонска револуцнонерна лига. Лигата има составено „Апел" и дејствувала преку свои емисари во Албанија и Македонија. „Апелот" е упатен кон жителите на Албанија.

(И. Г. Сенкевич, Нови материјали од Архивот на М. А. Хитрово. - Гласник 1Х/2 (1965), стр. 117; (Ракописен оддел ИРЛИ, ф. 325, д. 202. 1.1/).

Во текстот на „Апелот" кој се објавува во целост се вели:

„Браќа,

По многу обиди што ги преземавме за да и помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заеднички акции со нив за ослободување на нашата древна и страдалничка татковина.

На Македонците што се наоѓаат во бугарското Кнежевство и на тие што живеат во Македонија Господ им помогна праќајќи им го човекот по име Паница, кој се прослави како херој, слично на тоа како што некогаш беше познат нашиот голем херој (Скендербег) Георги Кастриоти. Овој човек е верен на своето дело и затоа сите војводи на Македонија се обединија околу него и едногласно го признаа за свој командант.

И ние, кога разбравме за тоа, се израдувавме и се здобивме со почит кон тој брат, вториот Скендербег, и под негово раководство го почнавме нашето свето дело. Господ му помага, неговото срце е преполно со благородни идеали и ние, обединувајќи се братски со Македонците, се зафативме со општа работа. Под командата на мајорот Паница ние ќе се бориме за ослободување на татковината на Македонците и нашата татковина без разлика на верата, затоа што сите ние сме браќа на една земја и сврзани сме со една идеја.

Заради нашата цел беше создадена овде „Албанско-македонска револуционерна лига", беше составен и устав и програма. Ние ќе ви го испратиме уставот на лигата штом ќе добиеме поволен одговор на ова наше писмо.

Ако ја знаете географијата на Македонија и Албанија, нивната измината историја, нивната блискост, обичаите и нивните политички интереси и ако ни поверувате, тогаш одобрете ги нашите дела и во скоро време присоединете се кон нас и укажете ни ја својата помош.

Сметаме за потребно да ви кажеме дека создавањето на „Албанско-македонската револуционерна лига" под паролата „Слобода или смрт" е единствен пат за да се помогне нашето дело. Ние многу пати говоревме за тоа нo не го остварувавме, а сега конечно го остваривме тоа дело.

Нашето дело за ослободување ќе го остваруваат Албанците заедно со Македонците, дејствувајќи заедно, без разногласија, под еден устав, под едно знаме и ќе се бориме за утврдување на самоуправа во нашите две области. Покрај тоа, тука има многу благородни луѓе што се готови да ни помогнат во нашето свето дело и искрено да се грижат за самоуправувањето во нашата татковина.

Дејствувајќи во братско единство, ние ќе можеме брзо да го исплашиме големиот стамболски управувач и ќе постигнеме Европа да биде кон нас благонаклона и да ги признае нашите права. Затоа може да се верува дека нашата цивилизираност ќе стане позната и нам ќе ни помогнат и нема повеке да не задржуваат во ропство во кое се наогаме веке неколку векови. Во Бугарија постои девизата „Просветувањето го прави човека голем." И ние ќе ја земеме таа девиза и со името на Господа ќе ги извојуваме нашите права.

Известувајќи ве за се, ние ве повикуваме да се присоедините кон нас и да застанете под гордото знаме на Албанија и Македонија.

Пред се ве известуваме дека не претендираме на многу: ние не бараме ни кралство, ни кнежевство, ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да имаме сопствен суд и сопствена управа. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот.

Од името на „Клетвата за верност на Албанија" ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ. Бидете претпазливи и за сега не покажувајте им го овој документ на недоверливи лица, туку само на верните Албанци.

Ние очекуваме од вас љубов кон татковината и нашиот народ, кон нашетб свето дело, чекаме во најскоро време поволен одговор.

Ваши срдечни браќа по крв и клетва.“

(И. Г. Сенкевич, Нови материјали од Архивот на М. А. Хитрово. - Гласник 1Х/2 (1965), стр. 113-118.)

Оваа клетва во која се колнат во точноста на се што е изложено во овој документ.се споменува и во едно свидетелство издадено на македонскиот деец Исаија Мажовски (наречен и Исак Р. Општи) од Лазарополе, кој се обидувал да крене македонско-албанско востание против Османлиите (И. Г. Сенкевич, Ор. cit., 114-117).

На чело на ова востание требало да биде Коста Паница (1855-1890) кој е бугарски вoен и политички деец. Во 1885 година учествувал во обединувањето на Источна Румелија со северна Бугарија, Учествувал во Српско-бугарската војна во 1885 година и командувал со 400 македонски доброволци и затоа бил наречен „Командант на сите македонски војводи". Тој се мешал во македонските работи и учествувал во формирањето на оваа Лига. (И. Г. Сенкевич, Ор. сit. 114)].

(извор: „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Скопје, 1981, стр: 274 - 276)

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.