|
|
ИЗБРИШАНИ ОД ИСТОКОТ НЕЗАПИШАНИ ВО ЗАПАДОТ 1948-2018 |
Пишува за свест.мк: Слободан ТомиќМожеби некролог, но не е тоа. Седум децении од едно битисување на кодошње, или наведување… За Информбирото збруваме, лозинката беше “За Тито си или за Сталин“, демек ако не сте со нас, тогаш сте против нас. А, Сталин, следеше наредба и те нема. Не е ништо ново и сега, но на другата страна од Истокот, кај нас на Балканот. Балкан и натаму е буре барут. Ако експлодира, нема никој да се врати. Овојпат последиците ќе бидат преголеми, оценуваат експертите и аналитичарите за воени прашања. Но, кому му оди во прилог виорот на војната? Кому му оди во интерес да исчезнат милиони луѓе, па и цели народ? Не бегаме од историјата и вистината дека Македонија е мајката на светот. Поради тоа и сите се бунат, добиваат алергии кога Македонија и македонизмот се спомнуваат. Впрочем, и тие што самите се свесни за оваа вистина, а кои и натаму не се откажуваат од кражбата, името Македонија да биде во нивна сопственост во едно се раобличени – не знаат ниту умеат како да се облечат во рувото “македонско“. Сопоред теоријата на Хартланд, кој владее со моравско-вардарската долина владее и со Балканот. Од друга страна многу одмана американскиот претседател Томас Вудроу Вилсон со став САД да има влијание врз Македонија, која би станала монархија на чело со Хабзбург, откога Австро-Унгарија се распаднала. Сите ја разбрале и ја прифатиле вистината, што преставува Македонија и како поим и како историја и како факт, само Македонците самите, никако тоа да го сватат, да ја почувствуваат енеријата и силата на Македонија. Зошто до ваков хедикеп на самоспознавање? Деновиве што се’ не се изнаслушавме и што се’ не се изнагледавме. Од помали до поголеми глупости. Од бурлески до циркузи. Диплооматијата не е улица. Дипломатијата е наука. Дипломатијата е знаење. Дипломатијата е суштина. Дипломатијата е пракса. Дипломатијата е столбот на секоја куќа, како и на Куќата Македонија. Но, што има Куќата Македонија во моментов? За жал, лошо поставени чувари. Светот, денот и компасот си го имаат својот Истак и својот Запад. Каде е Македонија меѓу сите стрелки, ако насокиве го објавуваат денот и ноќта, правецот и ќорсокакот? Со оглед на однесувањата на некои “политичари“ Македонија е се’ подлабоко во “темнината и во зоната на сумракот“ или со еден збор во ќорсокакот. Мудроста се оценува според начинот на нашето однесување кога сме во лавиринот и барањето на клучот за излез од беспатието! Но, мудроста доаѓа и од енергијата која ја поседуваме и ја имаме кон сопствена земја и сопствениот народ. Колку се потребни авантури или играње со огнот, одењето по жилети. Кому се потребни такви “факирски“ вештини, ако сеуште не знаат како се оди по патот? Дали воопшто Македонија терба да се впушнти во најопасните воени игри, кога светот се’ повеќе наликува на вулкан кој еруптира, и кој се’ повеќе ги испушта отровните гасови од кои се уништува секој можен центар на живот? Дали Македонија треба да ја има таа посакувана стратегија на неутралност и на соработка со двете страни од страните на светот? Чуму ни е сега “кавга“ со железниот човек, кој самиот даде поддршка без некој да ја побараме – потврдата дека Истокот писменоста ја примил токму од Македонија. Дали наместо благодарам, ние враќаме со шлаканица? Дали “корпа“ и на “Чичко Сем“ – Големиот брат во центарот на светот, светската влада на Ист Ривер, “Не “ за проектот во Ерусалим?! Вакви детски “каканки“ не ги пери ниту една вода. Инфантилонста или резилот, се’ повеќе се продлабочуваат, но на штета на Македонија и Македонскиот народ. А, кому му е гајле за Македонија и Македонскиот народ, ако неговата автохтоност или државотворност ја дерогира, менувајќи ја и трампајќи ја за свои лични и бедни интереси, а тоа се изгубените во времето и просторот ! Кому му е потребно токму сега да си игра со руски рулет? Знаете, казната доаѓа тогаш кога најмногу ја очекуваш и посакуваш и од Иисток и од Запад. Како и да е, претставата продложува сакале или не, и покрај нискиот праг на НАТО интерес кој е помал од од кога и да е. Македонија фатена за уши ќе биде турната во НАТО на самиотот во Јули 2018 со условен “напредок“, а тоа е влез во НАТО под временото обраќање пЈРМ, со фуснота “се очекува ново име откако ќе се договорат Скопје и Атина со благослов на Тато“. |