Ламбе Арнаудов
Крастосаните што ја разболеа Македонија пред пораз!
Татковино, Македонија моја мила, низ изминативе долги, сурови и тешки времиња изоде многу долг пат, ама заради овие крастосаниве, кои секогаш ги имало, ама сега многу се накотиле, никаде не стигна. Сразмерно, правопропорционално, колку покрастосан толку поголемо предавство по квадратен километар од својата татковина за секого од нив. Нека им служи на чест!
Само заради нив, Македонија деновиве полека стриптиз умираше пред закрвените очи и бледи рожници како кај бајата риба, домашни и странски војаери, кои своите ниски и блудни страсти ги задоволуваат онанирајќи врз сопствениот народ и татковина.
Од друга страна, здравата Македонија и при најмал обид да ја одбрани својата татковина веднаш од крастосаниве се прогласува за несозреано, пубертетско, малолетно девојче, кое заради своите нескротени, неразбирливи и непотиснати страсти незнае што сака и што бара. Сиротите и за греота крастосаниве познати насилници со заеднички именител „ЗП“, педери, пијаници и педофили секогаш кога се фатени на дело при обидот да го силуваат невиното, лично девојче имаат оправдување дека тие не биле криви, дека биле предизвикани, испровоцирани и заведени од неконвенционалното однесување на девојче на нејзина возраст.
Наместо да бидат казнети за своите сурови злодела, тие крастосаните, од обвинети се претвараат во судии, казнувајќи го девојчето со задолжителен престој во психијатриска болница на неодредено време, за одвикнување од зависност, без име, без идентитет, без право да зборува во своја одбрана И брутално оттргната од своите родители за да нема трага за нејзиното потекло, свое постоење и без никаква шанса за свое идно потомство.
Оваа, нечовечна терапија, од вас надрилекари – крастосани ви дојде до глава. Правдата, полека но сигурно доаѓа по вас. Ќе бидете казнети според законот, од Господа, од народот, од своите чеда и најстрого ќе бидете казнети сами од себе.
Долго време баравме од вас крастосаните да се вразумите и да станете пристојни луѓе иако во тоа воопшто неверувавме на луѓе кои се спремни да ја разболат својата татковина за личен интерес. Пристојните луѓе барем признаваат кога грешат. Пружената рака е нешто што прво се дава при поздравување, ама и за збогум. Пружената рака вие не ја прифативте затоа што рацете на крастосаните доживотно се казнети да ја чешаат крастата на вашите тела. И подобро, бидејќи крастата е заразна болест. Една стара клетва на онеправдена мајка гласи: „Дал ти Господ краста и орлој нокти да се драпаш“.
Денес, крастосаните сте тешко поразени, ама допрва ве чека најлошото. И уште полошо од најлошото. Поразени сте до нога затоа што се разоткривте, се разголевте и станавте лесна цел од пусти фодулок и чалам. Поразени сте и затоа што сте неправедни и превртливи измамници на кој никој не верува.
Бевте големи русофили и амерофоби. Бевте приврзаници на советската интернационала, сега сте глобалисти. Нагло се траснформиравте од русофили во русофоби, од амерофоби во амерофили. Се радувавте на сите неволји и трагедии на американскиот народ, посакувајќи им уште полошо. Страшно е што и денес сте антиамерикански расположени, иако вешто се обидувате тоа да го прикриете додворувајќи им се нив. Пострашно е за вас што вашите нови стратешки партнери тоа го знаат. Но, најстрашно е сознанието кај сите дека и тогаш и сега сте осведочени тешки и неизлечиви македонофоби. Наскоро од сите ќе бидете отфрлени и презрени, а најгрубо од оние кои ви поверуваа дека го можете невозможното. Ве видоа дека не само што неможете туку дека и направеното го растурате. Кај и да е ќе бидете заменети со далеку потежок преговарач одошто бевте вие, кој ќе биде разбран зошто толку многу се грижи да ги зачува интересите на својот народ. Само такви разговори кои ќе учествуваат рамноправни партнери можат да донесат коструктивни заклучоци на задоволство на двете страни.
Не ви веруваат на вас кои сте избрани од својот народ, што наместо да му служите се определивте да го предадете и да слугувате на туѓинци. Никој не верува на луѓе врз кои законот за гравитација нема дејство. Гравитацијата е појава која луѓето и предметите ги држи исправено и урамнотежени. Вие крастосаните коленичите, клечите, ползете, најчесто се влечете. Немате сила но ни образ да се спротиставите. Сте го изгубиле својот интелектуален имунитет што пак ве прави tabula rasa со нарушен слободоумен, самомислечки интегритет и ве претвора во безумец. Безумец кој насилно го присвоил наследството само за себе притоа обесправувајќи ги сите други законски наследници. Сето тоа заради претходно направени услуги на туѓинци, а за само лични интереси, а на штета на сопствениот народ. Никогаш во историјата на човештвото вака големо мнозинство не претрпело таква штета и предавство како што Македонија деновиве го трпи од ваков број малкумина.
Ве уверувам. Времето на декадентно живеење како и секогаш и сега бргу помина. Една стара кинеска поговорка вели:„Подобро да запалите една свеќа отколку да ја проколнувате темнината.“. Среќен сум што секој правдољубив, слободоумен човек и чесен Македонец, секој поединечно запали по една свеќа во себе, со што блесна голема светлина и ја растера темнината која долго време нé обвиваше.
Паднаа во вода сите лаги и конструкции за вашиот нов поредок и карикатурален изглед за новата татковина и чувството за патриотизам кон неа. Никој повеќе не ви верува на вашиот заробен ум кој никогаш нема да се ослободи затоа што клучот од катинарот на кафезот заклучен однадвор е во рацете на незадоволните од вас. Тој што го поседува клучот знае дека татковината не е борчлија никому, дека што и да направиш за неа никогаш не е доволно.
Вистинскиот патриот секогаш ја сака својата татковина. Ја сака и кога дава ама ја сака и кога му зема. Татковината се сака и тогаш кога си среќен наутро, кога се заблагодаруваш на Господ што со раните утрински сончеви зраци Ти подарил уште еден ден.
Татковината се сака кога со изгревање на сонцето се раѓаат најмногу новороденчиња, а со своето заоѓање Сонцето не зема никого со себе. Татковина е тогаш кога не се изморуваш од давање, а кога земаш задоволен си ако добиеното заедно го споделиш со други. Татковина е тогаш кога суровиот мраз и силните ветрови ти ги затоплуваат снагата и срцето, а врелото сонце ја разладува твојата душа.
Татковина е и тогаш кога другите ги сакаш и почитуваш исто како своите. Татковина е и тогаш кога ќе излезеш од домот свој секогаш се чувствуваш дека си кај домашните.
Татковина е и тогаш кога се радуваш на победите и триумфите на спортисти, музичари, писатели, актери, ама и не им префрлаш и не се лутиш кога се поразени. Татковина е и тогаш кога со твоите другари се бориш каде се гине, а тебе ти е срам што си останал жив.
Запаметете: На Патриотите им останува Татковината, а вие крастосаните никогаш нема да се ослободите од крастата. |