|
|
Македонската Влада целосно го урна угледот на државата |
Македонија ја потпиша Конвенција за Расна Дискрминација: http://www.unmikonline.org/regulations/unmikgazette/05bosniak/BRacialdiscrimination.pdf од 1965. Сега Македонска Влада спроведува во заговор со Грција насочен во правец на национална дискриминација против сопствениот народ. Со преговорите со Грција, со еден вид (таен)заговор, Владата на Македонија е соучесник и помагач на Грција во Флагрантното мешање во внатрешните работи на Република Македонија, со елементите на националната дискриминација, загрозувајки го суверенитетот и дигнитетот на Република Македонија. Преку проблематизирање на државното име на директен начин се доведуваат во прашање и елементите на државноста и капацитетот за суверена еднаквот со другите држави во системот на организирана меѓународна заедница. Се преговорите со Грција, Македонската Влада целосно го урна угледот на државата, проблемтизирајки го идентитетот на народот, со што го посрамоти народот и државата. Со тоа проблемтизирање на идентитетот на држава и на народот, Македонците и Македонија станаа предмет на подбив и омаловажување насекаде во светот, вклучувајки го и ООН. Проф.др.Игор Јанев |