|
|
Зоран Заев е спремен по секоја цена да го смени името на Република Македонија |
Зоран Заев е спремен по секоја цена да го смени името на Република Македонија. Како што самиот за медиумите вели, за решение на проблемот за името со Грција вреди да се жртвува и политичката кариера. Свесен дека тоа нема да му помине кај македонскиот народ, од позиција на сила, тој им се заканува на јавната админстрација, ги заплашува пензионерите, а со својот коалиционен партнер креира страв во земјата. За спроведување на замисленото тој создава хаос во институциите со поставување на неподобни кадри и ја уништува економијата. Македонија досега нема видено премиер на земјата кој намерно ја води земјата во пропаст. Наместо да се посвети на економијата, тој целата енергија ја стави во решавањето на проблемот со Грција околу името за да може земјата што побргу да стане членка на НАТО и ЕУ. За таа цел тој ги стави на лицитација националните интереси на државата. Со Законот за употреба на јазиците, потоа договорот со Бугарија за добрососедство, како и со промена на името, македонската држава тотално ќе се редефинира, со што, иако мнозински, македонскиот народ ќе го изгуби не само името, јазикот и својот дом, туку ќе стане слуга во сопствениот дом. Ако некој смета дека ова што го прави сегашниот премиер Зоран Заев преставува стратегија која тотално ќе ги збуни Грците и конечно тие ќе попуштат за да Македонија стане членка во ЕУ и НАТО, многу се лажат. Ако пак некој смета дека наскоро, откако сегашната влада ќе го продаде името, во земјата ќе протече мед и млеко, исто така, многу се лажат. Ваквата, наводна стратегија на Заев, само ги зголемува апетитите на соседите, кои нема да престанат се додека целосно не го распарчат и ова последно парче слободна земја на Македонците. Едноставно никој не почитува, ниту му е потребен народ кој е спремен без отпор да си го продаде своето име и идентитет. Таков народ преставува само идеален слуга, кој за сметка на својот господар ќе ги прави највалканите работи, а за својата работа ќе ги добива остатоците од масата на својот господар. Во прашање се денови, кои не делат од моментот кога Зоран Заев со својата неразумна политика може да му ја запечати судбината на македонскиот народ. Што навистина ќе се случи со македонскиот народ, оваа власт воопшто не ја интересира, бидејќи откако ќе ја завршат со продажбата на националните интереси, тогаш воопшто нема да им е потребна политичката кариера. Со она што ќе го добиат додека лицитираат со државата тие можат да уживаат во странство во некоја вила покрај море со дебела сметка на своето конто. Со коктелите во рака, лесно се заборава хаосот кој го оставиле во својата земја. А во земјата, откако оваа власт ги амнестира криминалците, на улиците повторно оружјето стана активно, повторно се копаат црни гробови! Се гине од оружје, но и од модерното здравство, кое го донесоа на такво дереџе каде нема реаганси и лекови, каде апаратите не реботат, а стручњаците кои нешто вредат веќе одамна си заминаа во приватниот сектор или во странство. Всушност, како се’ да е дел од една стратегија за што побргу да се исчистат постарите кои сеуште ги паметат борбите за слобода на македонскиот народ и оние кои добро ја знаат македонската историја, бидејќи тоа се луѓе кои се противат за промена на името и идентитетот!? Сепак, најголем страв, оваа власт има од сегашната јавна администрација, на која и вети за време на изборите просечна плата од 500 евра. Откако ништо не исполнија, власта сега и се заканува на администрацијата дека ќе му се заблагодари на секој кој не си ја врши својата работа. Значи, наместо зголемени плати за јавната, односно јадната администрација, сега асминистративците добиваат закани со откази од работа. Сето тоа треба да ги спречи нив да се спротивстават на плановите на Заев за промена на името, идентитетот и Уставот. Со оглед дека не му е важна политичката кариера и со оглед на погрешните политички чекори кој ги презема, Зоран Заев под итно треба да се даде оставка и да се распишат нови избори: Македонскиот народ треба да ја сочува својата гордост и треба да им каже не на понижувачките планови на Заев за промена на името, идентитетот и Уставот.
|