|
|
БЕЗУСПЕШНИ ОБИДИ НА ГРЦИТЕ ДА ЈА СИМНАТ ОД ЈУТУБ СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ |
Александар ДОНСКИ Документарната серија (снимена на англиски јазик) под наслов „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ беше континуирано поставувана на Јутуб во 2016 и 2017 година. Серијата содржи четириесет епизоди и во нив се претставени сведоштва од над педесет антички автори кои сосема јасно тврделе дека античките Македонци не биле никакви „Грци“. Автор на серијата е Александар Донски, продуцент е Џим Стефан, а ко-продуценти се Горан Котев и Андрија Петревски (последните тројца од Сиднеј). Оваа серија практично претставува најголема збирка во светот во која на едно место се претставени толкав број антички сведоштва за посебноста на античките Македонци како народ. Серијата очигледно предизвикува нервоза кај многубројните грчки шовинисти, па некои од нив се обидоа да издејствуваат симнување на некои епизоди од Јутуб, што секако дека е доказ за нивниот страв од оваа документарна серија. На 5 април 2018 година, од Јутуб беше остранета првата епизода од серијата, како резултат на поднесената жалба до Јутуб од страна на некој Грк. Но, веќе следниот ден, јас повторно ја вратив оваа епизода, а жалбата од Гркот ја искористив како реклама за истата. Истовремено до Јутуб испратив писмо на англиски јазик со следната содржина (каде подетално е објаснет овој инцидент). Писмото гласи:Почитувани вработени во Јутуб, Јас сум автор на документарната серија на англиски јазик насловена како „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ која е поставена на истоимениот канал на Јутуб https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ и која претставува најголема збирка во светот на антички сведоштва според кои античките Македонци на кои припаѓал Александар Велики Македонски не биле никакви Грци. На 5 април оваа година добив известување дека првата епизода од серијата (која имаше над 43.000 прегледи од целиот свет, а најмногу од Австралија, Грција и САД) привремено е отстранета од Јутуб поради жалба од некој си „Хеленик фајтер“ (Хеленски борец) кој се пожалил дека во епизодата е користен материјал на кој тој имал авторски права. За материјалот употребен во оваа епизода, како и во целата серија (музика, најавна шпица, снимки од антички градби во близина на мојот град, како и некои фотографии) поседувам целосни авторски права и ова можам да ви го докажам во секое време. Меѓутоа, вистина е дека во епизодата употребив и неколку фотографии и краток видео материјал на кој се прикажани современи грчки шовинисти, па токму поради овој материјал„Хеленскиот борец“ се жалел до вас. Би сакал да се извинам на Јутуб затоа што ненамерно сум ги повредил вашите одредби за авторски права. Исто така би сакал да ве информирам и дека краткиот материјал што го презедов од грчки извори (заради кој „Хеленскиот борец“ се жалел до вас) е отстранет од првата епизода и истата веќе следниот ден повторно e поставена на Јутуб https://www.youtube.com/watch?v=hpBs--Hbd-o. Меѓутоа, немам никаква намера да му се извинувам на „Хеленскиот борец“ (дури и ако навистина поседувал авторски права на тој материјал) поради тоа што искрено мислев дека нему ќе му претставува задоволство и чест што сум го искористил неговиот материјал во документарна емисија во која е презентирана историската вистина според која античките Македонци не биле никакви Грци. Сега по отстранувањето на инкриминираниот материјал, верувам дека „Хеленскиот борец“ ќе биде задоволен и среќен што првата епизода, по само еден ден пауза, повторно е вратена на Јутуб. Искрено ваш, Авторот на серијата Александар Донски Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Ги повикувам сите Македонци и пријатели на Македонија масовно да го шират низ западните субјекти линкот од веб-страницата на која се поставени сите 40 епизоди: http://www.macedonianswerenotgreeks.com/ Испраќајте го овој линк до западните универзитети, медиумски куќи (весници, телевизии, радија), историски здруженија, политичари, универзитетски професори, а секако и до што поголем број грчки субјекти. Еве го и линкот од првата и ударна епизода во која дополнително е уфрлен текст со објаснување за безуспешниот обид на Грците да ја саботираат оваа серија, која незапирливо дејствува како радиоактивна материја https://www.youtube.com/watch?v=hpBs--Hbd-o. |