Среда, 18 Април 2018   
Има Решение на „Проблемот“ со името

igor-janev-3
Проф. Др.Игор Јанев

Од почеток на проблемот со името во ООН 1993., политички тела на ООН не разбрале дека не се работи само за „државно име", туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура. Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОИ!

Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ! Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!

Со Новата планирана од Македонија и Грција Трајна спогодба (Компромис за името-идентитеот), Времената спогодба ќе се замени, но нема да се поништи претходната пресуда, посебно не онаа од Хаг, но битно е дека со новото име, сегашната привремената референца ќе се замени со нелегитимна ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА. Односно со нова нелегитимна референца која не е израз на вољата на народот.

Ова како договорно и компромисно воспоставен идентитет не е легитимна како назив, а со тоа тешко дека ќе може да биде одржливо легално решние, бидејки подразбира дека претходно постоел СПОР или РАЗЛИКА околу името, а споровите за државни имиња не постојат, ниту можат да постојат, па произлегува дека компромисното име е наметнато (како и привремената референца), а не е израз на ВОЉА на народот. Избор на името на народот, нацијата, па оттаму и уставното име (како основна уставно-правна категорија) е основно право на народот, а уставното име е JUS COGENS во внатрешната јурисдикција на државата, како основно државно право.

Од фактот дека новото име не претставува израз на Суверена Воља на народот, таков назив не е државно име и нема легитимитет (пристанок) на народот, туку се работи за ВЕШТАЧКА ТВОРБА или рефернца креирана со компромисен меѓународен договор! Оваква Творба е ТРАЈНА РЕФЕРЕНЦА односно ВЕШТАЧКА ТВОРБА. Она нема изворен и директен (народен) легитимитет.

Пресудата од Хаг јасно укажува дека не постоји ниту иредентизам, ниту кражба или фалсификат на името (идентитеот) и историјата, и консеквентно дека сите Грчки барања се нелегитмни и без правен основ. Овој став на Судот и по натаму останува правно релевантен.

Но при разгледувањето на предметот во Судот, фактот дека Времената Спогодба не е ратификувана во Грчкиот парлмент не беше пречка Судот да се прогласи за надлежен и да се потврди дека се работи за валиден документ. Ова е и општото правило, бидејки меѓународни спогоби не мораат да бидат ратификувани за да имаат меѓународно-правно дејство.

Сега ако се склучи потпишување на новата спогодба, независно да ли е потпишана од Претседателот, Премиер или Министер на МНР, таа ке биде валиден правно обврзувачки меѓународен акт, независно од тоа што не се на пример, почитувани домашните процедури или надлежности. Исто така ако истата не биде ратификувана, тоа нема да влиае на правното дејство односно таа ке биде валиден правно обврзувачки документ.

Од политичка гледна точка, за мене најинтересно е дека фактори во Македонија не разбираат дека проблемот има СИСТЕМСКИ карактер, односно не зависат од добра или лоша воља на двете или само една страна.  Во Општата Теорија на Системи е познато дека со вложување поголема енергија не се добива пропорцијален ефект, туку резултатот може системски да биде и (значително) намален аутпут. Синергистички односно колективни ефекти можаат да бидат со негативен принос односно со ентрописки карактер.

Со интензивирање на преговорите резултатот е се полоши предлози од Грчката страна, дури многу полоши и од дифолтната референца која е и основната полазна причина за наметнато преговарање (со мотивациона интенција да се добие подбро решение од полазно т.е. од референцата). Нормално, сега сите Грчки опции се под нивото на неприфатлива референца (по содржина), а идната РЕФЕРЕНЦА уште понеповолна, треба да стане и трајно решение или потчно трајната референца на тнр. „проблемот”. Од таа гледна точка проблемот нема решние.

 Има Решение на тнр. “Проблемот” со името

Битни се следните принципи во Меѓународното право:

1. Државите немаат ексклузивни права на државни имиња. (РМ е правен идентитет на држава со дефинирани граници, а Македонија е назив на гео. регионот)
2. Менување државни имиња не влијае на територијалните права и обврски на своја, како и на туѓа држава. Ниту овие менувања може да се толкуваат како територијални претензии или иредентизам.
3. За Правниот идентитет (ИМЕТО), како елемент од меѓународно правниот субјективитет не е релевантен претходниот историјат или потекло на народот, како ни физички и популациски карактеристики на територијата.
4. Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може во ова суверено право да се врши легално интерферирање од ОН или членка, ниту непризнавањето од една држава да се толкува како Спор или Разлика (поблага форма на спор во дипломат. жаргон).
Во случајот со Македонскиот прием во ОН направена е ЗАМЕНА на тези и едно непризнавање е преформулирано како РАЗЛИКА или Спор. Иначе, ваков спор во Меѓународниот суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па Советот за Безбедност беше згодна инстанца за да се не-признавањето формулира и подигне на ниво на СПОР. (Модел: УНИВЕРЗАЛНО НЕПРИЗНАВАЊЕ)

Од фактот дека државно-правниот идентитет (те. Името) е правна категорија која е есенцијален елемент на правната личност, ова е супстанцијалан елемент на државноста (со суверена власт, територија и популација), произлегува дека ОН органи во Македонскиот пријем пречекориле своите овластувањата.

Елементите на ДРЖАВНОСТ во меѓународното право се:

1. Суверена Власт;

2. Територија;

3. Популација односно народ, под јурисдикција. Елемент Суверена Власт вклучува и ПРАВНИОТ СУБЈЕКТИВИТЕТ, а овој како основен елемент содржи ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ односно ИМЕТО (ПРВНИОТ ИДЕНТИТЕТ=ИМЕТО).
Заклучок е дека таквите преговори за името се БЕСПРЕДМЕТНИ. Спор е замена на теза. Постоји само не признавањето од една држава.
(Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Историјски својатања не можат да бидат предмет на спорот.

4. Битен принцип е и дека Државното име не може да се: откраде, фалсификува или наметне, како што не може ниту да се одземе (од ОН) или да се преформулира. Исто така, од овој принцип произлегува дека државното име не може да биде предмет на (лимитирани/конечни или бесконечни) преговори, ниту на други начин да се проблематизира ваков идентитет од надвор, задирајки во строгата внатрешна јурисдикција.

5. Право на поседувањето на Правен Идентитет на Државата и самоопределување на истиот е JUS COGENS норма (те. норма над диспозитивинот дел од правото). Правен Идентитет на Државата е и внатрешна УСТАВНА ПРАВНА КАТЕГОРИЈА. Ово JUS COGENS право не е предмет на какво било надворешно уредување или мешање!
Формулацијата во ОН Резолуцијата 817 или 845 на СБ дека двете држави ке разговараат или преговараат за ДРЖАВНО ИМЕ е флагрантно кршење на Повелбата на ООН.

Заклучок: ГРЦИТЕ НЕМААТ ЛЕГИТИМНИ БАРАЊА ВО ТНР. „СПОР” ИЛИ ТНР. „РАЗЛИКА”. НИТУ ЕДНО НИВНО ПРАВО НЕ СЕ ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ, ОДНОСНО НЕ ПОСТОЈАТ ПРАВНИ ОСНОВИ ЗА НИВНИТЕ БАРАЊА.

Има Решение на “Проблемот” со името:

НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Генералното собрание,

Земајќи предвид дека “Поранешната Југословенска Република Македонија”, примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес беше признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со неговото уставно име и дека преговорите со Грција во врска со името на држава не дадоа никаков исход,

Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,

Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,

Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија”, под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

Објаснување:
Од почеток на проблемот со името во ООН 1993. г., политички тела на ООН не разбрале дека не се само работи за „државно име”, туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура. Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОЈИ! Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ! Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!
При приемот на наша земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ОН.
Овие услови се:

1 Обврска за носење деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија;

2 Преговорите за името (сопстен правен идентитет) со друга држава.
Според судскиот став на Меѓународен суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.
Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “).

Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Да потсетам, државите, според мегународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според мегународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотугиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретацијата на историиските факти и движења. Државното име, како такво, не влиае на историската интерпретација.
Грчкото обвинение, дека името е поврзано со иредентизмот и територијалните аспирации, исто така е неосновано според мегународното право. Во мегународнто право познато е дека менувањето на државните имиња не влиае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави. Оттаму и ова обвинение на Грција за загрозувањето на некое нивно право или за територијално загрозување нема никаква правна основа. Промена на државното име, како и други државни симболи кои се во строгата внатрешна надлежност секоја држава, според мегународното право, неможе да биде толкувано како иредентизам или територијани аспирации.

Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генесек редовно поднесува извешати до ООН. Сега ако ги прекинеме преговори за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генесек, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност неможе донесе каква било резолуција со која би оневозможил акција во Генералното собрание на ООН или Мегинародниот суд за правдa.Советот при овој процес не може да донесе обврзувачка резолуција.
Општото правило дека една безбедносната резолуција при нејзино „поништување“ или тнр. „дерогирање“ мора да биде заменета со другата безбедносната резолуција (пр. Рез. 817 со некоја друга) не важи за приемните резолуции на Советот за безбедност во ООН, посебно ако не се спомнува Глава VII од Повелбата или повикување на мерки воведени со „цел зачувување на мирот и безбеност”, а ово не е случај ниту со Резолуцијата 817, ниту со Резолуцијата 845 на Советот. Овие две резолуции не се „безбедносни“ акти и проблемот не е „заклучан“ во Советот за безбедност.
(Доколку пример Резолуцијата на Советот беше од „безбедносен“ карактер Македонија не би ни можела да се зачлени во ООН. Ова важи и за секоја држава која аплицира за членстово во ООН односно Приемните резолуции не смеаат да содржат безбедносни елементи или да имаат „безбедносен“ карактер. Односно Македонија ниту, имала, ниту има активен спор со ниту една држава членка на ООН).
Битно е да се знае дека правен принцип на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ (JUS COGENS), не се однесува само на народи и не е само колективното право, туку ДРЖАВНО ПРАВО те. меѓународно право на државата. (Покрај човековите колективни права, постојат и следните категории-области права:

1. Права на ДРЖАВИ;

2. Права на земји КАНДИДАТИ за ЧЛЕНСТВО во ООН;

3. ПРАВА НА ДРЖАВА ЧЛЕНКА на ООН.

Токму за овие последните три категории права станува збор.).

Ние немаме потреба да преговараме за да имаме државното име које ќе се разликува од провинција или регионот во Грција. Името на држава е правен идентитет на еден меѓународно-правен субјект, а Македонија е име на грчката провинција и ова не е меѓународно-правен субјект.

Се работи значи за две различни КАТЕГОРИИ имиња! Имено регионот Македонија или провинција со назив Македонија не е исто име како Република Македонија. Република Македонија е правен идентитет на меѓународно-правно лице, а региони и провнции ги немаат тие правни белези и никој неможе да се повикува на фактот дека меѓународното лице кое носи идентитет Република Македонија има каква било правна релација со град, регион, провиннција или покрајина во која било друга држава или дека некое локално право се доведува во прашање.

Името на провинција, па и на некоја федерална единица во некоја друга држава нема правно релевантна релација со било кое државно име и неможе да се застапува тврдење дека се работи за исти имиња. Исто така и во врска со територијата:

1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт;

2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници; и конечно треба да се повтори

3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија. (Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција), туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.)

Повеке:

https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un/u/22301614

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.