Среда, 18 Април 2018   
Грција е земја која покажува иредентистички тенденции!

svekrva-nova
Свекрва

Спорот околу името помеѓу Грција и Македонија опфаќа неколку прашања главно обединети околу името Македонија, етничкото потекло, јазикот и идентитетот. Ескалацијата на спорот се проширува до такви рамки што неговото решавање вклучува и учество на меѓународни медијатори од највисоко рамниште.

Безобразлукот на Грција, која не и дозволува на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО под уставното име, како да нема крај.

Покрај тоа што ја загрозува безбедноста во регионот, Атина со спорот за името се обидува да тргува со Германија.

Имено, според грчките медиуми, Атина и Берлин воделе тајни преговори во кои Германците му ветиле на Алексис Ципрас размена со силна политичка корист за него и за СИРИЗА, доколку се постигне договор за името на Македонија со неговиот колега Зоран Заев. Станува збор за префрлање за шест месеци подоцна на мерката за кратење на пензиите, а со тоа владата би можела да земе длабок здив и ќе му го отворела патот на Ципрас кон распишување избори во мај 2019 година.

Во оваа срамна и понижувачка трговија со македонското име, секако дека е вклучена и македонската власт , која според грчки извори, требало да прифати новото договорено сложено име да биде и уставно име.

Како што е познато на јавноста, грчката Влада има поставено два предуслова за постигнување решение: прво сложено име и второ ерга омнес, што значи и уставна ревизија,односно Македонија да се ослободила од некои одредби што во иднина можело да доведат до иредентистички тенденции кон северната грчка провинција Македонија.

Според изјавите од македонска страна сосема е блиску решението коешто ќе ги потврди термините за идентитетот, етничката припадност и јазикот. Единствено каде што немало согласност е со барањето на Грција за промна на Уставот на земјата и новото име да се користи во сите случаи, и во домашната и во меѓународната комуникација.Тоа значи дека Македонија не сака да ги менува одредниците во својот Устав за „македонскиот“ јазик и идентитетот, кој Грците не го признаваат.

Меѓутоа, македонската страна континуирано ги руши своите позиции кога постојано ја истакнува својата желба што поскоро да се постигне договор со Грција за да може да се одржи референдум пред самитот на НАТО во јули и да го забрзаат пристапувањето на земјата во Алијансата.

Македонските власти како да заборавиле дека со име не се тргува, дека тоа не смее да се менува ни со помош на референдум, како и тоа дека не можат да се мерат со рафинираните грчки трговци.

Едноставно, македонското име не е на продажба. А ако меѓународната заедница сака мир на Балканот, тогаш Македонија треба да биде прифатена под уставното име.

Грција нема ни срам ни перде кога бара од Македонија да го смени уставното име, за да се отстранеле „иредентистичките“ тенденции на нашата земја.

Ваквите правокативни барања кои се неприфатливи за Македонија, Грција наместо да го зајакнува мирот креира нестабилност.

Всушност, Грција е земјата која покажува иредентизам со поставувањето ултиматум кон Македонија, или промена на име, идентитет, устав, а потоа ЕУ и НАТО.

Грција е земја која со своите постапки го загрозува мирот во регионот, не го почитува ни меѓународното, ниту човековите права.

Но, толеранцијата која ЕУ ја има кон Атина е огромна. Сето тоа им овозможи на Грците да имаат арогантен однос не само кон Македонија и Македонците туку и кон Турција, Албанија, ЕУ и НАТО, кон оние кои им дозволуваат да цицаат до крв од европската града.

Време е некој да им го покаже местото на Грците и да им каже, доста е!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.