|
|
Знае ли Заев за тага и сочувство? |
Васко Белески Знае ли актуелнава власт за срам и почит? Додека власта празнеше ниски страсти, плех музика и државни пари во ТУНЕЛОТ изграден пред година дена на автопатот кај Демир Капија, јас во Бутел ги посетив родителите на брутално егзекутираните момчиња кај Смилковското езеро.Болка, липање и изгубена надеж за правдата. Додека функционерите на власта лепеа пари на трубачите во ТУНЕЛОТ, родителите на убиените млади Македонци седеа на масата со заковани погледи во фотографиите на нивните прерано погребани чеда. Еднаш нивните момчиња на Велики Четврток им ги убија злосторниците од “Монструм“, само затоа што беа Македонци, а вториот пат им ги “уби“ актуелниот премиер кој им ветуваше правичност. Драги сонародници, ако нема правда за петте убиени момчиња кај Смилсковско езеро, утре можат жртви да бидат некои други момчиња. Почитувана македонска јавност, ако нема казна за бруталните егзекутори и нивните политички ментори, утре други бандити можат да бидат мотивирани да извршат свирепи убиства во Македонија. Тунелот на срамот во кој бизарно се весели власта не смее да ни ги замачка очите за да заборавиме дека мора да има правда за петте млади Македонци кои сега се во гробниот тунел од кој нема излегување. Ова е наша заедничка обврска, без разлика кои сме по народност, по вера или по политика. Убијците мора да бидат казнети, убиените мора да бидат оправдани, политичарите мора да бидат казнети! Затоа бараме: 1. Судот да ја утврди улогата на обвинетите, дали се поврзани со настанот како директни извршители и помагачи 2. Да ја утврди природата на контактите на 5те функционери на ДУИ и обвинетите, кои се заведени како државна тајна 3. Да ги обезбеди двајцата недостапни сторители (пребегани на Косово) кои се посочени од заштитениот сведок како сторители на убиствата. Оваа правда е нужна, за Македонија да биде правна и безбедна држава, и за да се спасиме од секоја власт која заради своите материјални интереси ќе проба земјава принудно ја држи во тунелот на срамот. |