Среда, 25 Април 2018   
МОЈОТ ПАТ НА АЏИЛАК Е ПОСЕБНО ДОЖИВУВАЊЕ - Ноември 2011 г.

adzilak-mane-1

Манојил (Мане) Јаковлески

Заедно со членови на Еврејската Заедница и Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија, Ноември 2011г.бевме поканети во официјална посета на Министерството за надворешни работи на Израел.

Ја искористив оваа посета да го поминам патот на Исус Христос, од родното место во Витлеем до Ерусалим кај што се наоѓа црквата на неговиот гроб. Воедно го искористив ова патувањеа со тоа ми се исполни мојата желба за која долго време наназад сонував.

За да се стане Аџија има неколку правила односно да се помине целиот пат од родниот град Витлеем до гробот на Исус Христос кој се наоѓа во големата ротонда на Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим или како што ја нарекуваат Црквата на Светиот гроб - Гробот на Исус Христос.

Мојот пат на АЏИЛАК беше следен:

adzilak-mane-2

Витлеем, (Bethlehem) градот во кој е роден Исус Христос

Моето патување започна од Витлеем (Bethlehem) град на Западниот Брег, кој се наоѓа блиску до Ерусалим. Градот е познат, бидејќи е родното место на Исус Христос. Поради тоа, во негова чест во градот е изградена базилика Рождество Христово.

Маслинова гора или Гетсиманска градина

Пристигнав на врвот на Маслиновата Гора - Гетсиманската Градина, до познатиот видиковец, од каде се овозможува прекрасниот панорамски поглед на Стариот Град, Сионскиот Рид и новиот дел на градот..

Маслинова гора - Гетсиманска Градина е место каде се наоѓаат осум маслинови дрвја кои се стари 2000 години. На ова место Исус се молел, тука е фатен, врзан и одведен на судење.

Маслинова гора е местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде често пати ги собирал своите ученици-апостоли.

Маслинова гора е местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус го предал на Кајфа.

Кармелиски манастир (ОЧЕ НАШ) се наоѓа над Елеонската Гора.

На ова место, Исус за последен пат ги собрал своите апостоли и ги научил на Молитвата Оче Наш.

Во Кармелискиот манастир, кој се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим, досега се поставени 161 плочи со текст на молитвата на различни јазици, а македонската е 155 по ред.

Молитвата Оче Наш на Македонски јазик се наоѓа од десната страна на ѕидот, пред самиот влез во храмот. Со гордост и задоволство можам да кажам дека зазема почесно место и невозможно е, а да не се забележи тоа.

Стариот Град Ерусалим

Стар Град (Ерусалим) Според хебрејските ракописи, цар Давид со градот владеел во 970 година п.н.е.

Во времето кога Александар Македонски ја поразил Персија, Ерусалим потпаднал во рамките на Македонската држава. Во 198 п.н.е., Птоломеј I го изгубил Ерусалим предавајќи го градот на Селеквидите.

Селевкидската Империја (312 п.н.е. - 63 п.н.е.) била империја во античкото време, т.е. една од империите наследнички на Македонската Империја на Александар III Македонски. Ја основал Селевк I Победникот, еден од генералите на Александар Македонски. Селевкидската Империја била главно сместена на Блискиот Исток.

Златната порта во Ерусалим

Златната порта, како што се нарекува во христијанската литература е најстарата порта која се наоѓа во стариот дел од градот Ерусалим.

Сионската горница - Тајната вечера на Исус Христос и Апостолите

Сионската горница е место во Ерусалим, каде се одржала Тајната вечера на Исус Христос и Апостолите. Тајната вечера е последниот оброк на Исус Христос кој тој го поделил заедно со Дванаесетте Апостоли пред неговото предавање од страна на Јуда Искариотски и неговата смрт.

Голгота или Калварија е рид во Ерусалим каде што според Библијата е распнат Исус Христос.

Распнувањето на Исус е настан кој се случил во текот на 1 век од новата ера, при кое Исус бил уапсен, измачуван и осуден на смрт од страна на Понтиј Пилат, преку распнување на крст. На широкото плато на некогашната тврдина Антонија, Исус е осуден на смрт, без да бара помилување од омразениот Пилат. Исусовото распетие е запишано во сите четири Евангелија.

Првите 4 станици се наоѓаат во Муслиманскиот Кварт. Останатите се распоредени во Христијанскиот кварт.

Првата станица се наоѓа на раскрсницата на Патот на Страдањата и патот “Ел Вад“, низ која може да се излезе од Стариот Град низ Дамаската Врата. Убава, мала капела изградена 1974 година која во својата внатрешност плени со едноставната фасада на која е одсликан Исусовиот пад под Крстот. Над него, десетина ангели, тажно го набљудуваат Исусовиот пат.

Втората станица на Исус е веднаш при излегувањето од градските капии, кои ги обележува Фрањската Капела. На ова место, се наоѓа приказ на Исусовиот пад во бронза, и уште се нарекува и Капија на Судбината, а исто така, постои и макета на Ерусалим од времето на Христа.

Третастаница-Исус прв пат паѓа под Крстот. Станицата ја граделе полски официри за време на Втората Светска Војна.

Четвртата станица е обележана со Ерменската Католичка Црква, се наоѓа црквата на Богородичниот грч од болка и го претставува местото на среќавањето на Исус Христос и Неговата Мајка Богородица која го гледала низ гомилата луѓе и не смеела да му пријде.

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија), која во тоа време била надвор од ѕидините на градот. Десно од влезот, се наоѓа каменот кој е издлабен од ударите на Крстот или Исусовата дланка, кога исцрпен се потпрел на ѕидот. Тука Симон од Киринеја му помага на Исус да го носи Крстот.

Шестата станица е малата капела, изградена 1865 година, полукружно заоблена, е посветена на Св. Вероника која со крпа го бришела Исусовото лице, а Неговиот лик останува на крпата. Однапред е изграден столб со црвеникав камен со нејзиното име, а во внатрешноста икона со Христовиот лик на пешкир.

Седма станица-Исус по втор пат паѓа под Крстот, под столбот на крајот од градот.

Осма станица„... не плачете, ќерки на Ерусалим! Не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца! Ќе дојдат денови кога ќе бидат среќни само оние што не раѓале деца... Вие ќе ги молите планините: „Урнете се врз нас“! и ридовите:„Скријте не“! Овие зборови на Христа се упатени на девојките и жените кои плачејќи го следеле. На ѕидот на црквата, издлабен е Латински Крст, посветен на Св. Аралампије, со значение дека Исус секогаш победува и им носи среќа на девојките.

Деветта станица- Се провлекувам низ тесни улици, полека се качувам и доаѓам до широко плато. Оваа деветта станица каде Исус паѓа по трет пат е обележана на столб на градските ѕидини покрај Коптската Црква, која е посветена на Кралицата Елена и се наоѓа во близина на Црквата на Светиот Гроб. Влегувам на главниот влез на Црквата Светиот Гроб каде се наоѓаат последните 5 станици и се качувам по скалите на Голготата.

Десeттата станица се наоѓа на само неколку метри од влезот на Црквата Светиот Гроб, со доградена Латинска капела, покрај чиј влез стои Крст. На ова место, на Исус му е тргната наметката и му е понудена смирна за олеснување на болките-која ја одбил.

Единаесеттата станица е огромен мозаик, каде Исус го заковале на Крстот, со Неговата Мајка над Него обвиткана во црнина. Во подножјето на Крстот, на колена е Марија Магдалена.

Дванаесеттата станица е самиот расплет на Калварија. Од десна страна се наоѓа каменот на Голготата, под стакло, распукан од земјотресот, помрачување на Сонцето, удирање на гром, веднаш по смртта на Исус.

adzilak-mane-3

Тринаесеттата станица- Слегувајќи низ скалите на Голгота, доаѓам повторно на местото кое се наоѓа веднаш до влезот, право пред мене е тринаесеттата станица или плочата на миропомазанието, односно местото на кое Исус лежел на камен, каде после симнувањето од Крстот го завиткале во платно и го миропомазале.

Црквата на Светиот гроб - Гробот на Христа

Под големата ротонда на Црквата на Светиот Гроб, направена е мала, посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб. Според Библијата, Јосиф од Ариматеја, кој цел живот го правел својот гроб, му го отстапил на Исус, каде е пренесено телото и на влезот е ставен камен.

Пред влезот во гробот од обете страни стојат големи свеќници, кандила, а слики на сите апостоли го засенуваат влезот на гробот. Од левата страна стои свеќата на вечниот оган, на кој се пали сноп од 33 свеќи кои ги симболизираат годините на Исус кога бил распнат и веднаш се гасат во посебно метално ѕвоно. Се чуваат како реликвија и се палат во посебни прилики или се поклонуваат на кумовите и пријателите.

Потоа, влегуваме во малата просторија, Капела на Ангелот, ги наведнуваме главите под преубавиот отвор од изработена слонова коска, во висина од околу метар и половина, за да влеземе во просторијата на Гробот на Христа.

На ѕидот има икона на Богородица зад која впрочем се крие каменот на вистинскиот гроб.

adzilak-mane-4

„Бог допушта искушенија и препреки во духовниот живот за луѓето да се здобијат со „искуство и сила да го познаат, да ја познаат Неговата промисла за нив, бидејќи низ искушенијата се стекнува мудрост“.

АМИН!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.