Петок, 27 Април 2018   
Каков дилетантизам и не знаење, полтронство и недостоинство!

1

Господе заштити ја Македонија од големите пријатели од надвор!

Деновиве сме преплавени од бомбастични изјави на владини функционери дека земјава ќе ја спасат ` големите пријатели` од надвор, за да влеземе во НАТО и ЕУ со тоа што брзо, многу брзо треба да ни` го сменат името и идентитетот за да станеме `тиква без корен` и аморфна маса, ќе ни` го одземат вековното име за кое се бореле толку многу македонски патриоти, традициите и и обичаите ќе ги заборавиме, религијата православна христијанска, да ја снема, и што ли уште не прават нашите` големи пријатели`,кои бидејќи толку многу не` сакаат не сакаат дури ниту да не` ословуваат! А зошто толку брзање!? А ние, пресреќни бидејќи ни` се `големи пријатели`како одушевено и восхитено се изразува некој,како да паѓа во дилириум,бидејќи некој дошол од надвор да не` прекрсти обезличи,понижи и да не снема едноставно од Земјината топка, а ние го сметаме за`голем пријател`,метузалеми од типот на Робертсон,Билт, Солана и кои ли не белосветски `душегрижници` и наводни `миротворци`, а всушност ѓаволи во човечки облик! Каков дилетантизам и не знаење, полтронство и недостоинство! Каква иронија и цинизам на луѓето без малку самопочит и достоинство! Во што ја втурнаа Македонија!?

Но,драги мои сограѓани и самонаречени водачи на мојот народ.Да, умислени сте дека го водите на прав пат, но многу грешите! Па прочитајте некоја книга, погледнете некој филм па видете ги учебниците по историја за да се уверите како се сака земјата и како се гради чувството за своето! Земјата своја на секој нормален и честит човек е нешто најсвето,но за вас луѓето без морал и образ, се разбира дека не претставува ништо!? Вие драги мои ткн. водачи, немате никакво морално право, а за законско и да не зборуваме, да ни ја менувате земјата која едвај сме ја добиле, само во Втората светска војна со над 24.000 жртви, а да не зборуваме за петвековниот османлиски терор над населението со менување насилно на религија, имиња,крадење на деца, силување на жени и што ли не!

Па никој, вклучувајќи ги Вашите `големи пријатели` не мисли за тоа каков живот живеат овие денешни напатени македонски души, на какви институции се обраќаат и што добиваат од нив, каков стандард имаат и со што се борат во овој мачен секојдневен живот за да преживеат,каков прием имаат на шалтерите, во судовите,како им се суди на криминалците, кој е во затвор, убијците или ситните кратци и политички неистомисленици.

Дали драги водачи сте помислиле малку повеќе да овозможите подобар живот на населението,или единствена цел Ви е да одите низ светот, да се борите за јалово членство во НАТО и ЕУ, кое е толку далеку и недостижно. Ако толку не`сакаат тие `големи пријатели` како ги нарекувате, зошто толку не` уценувааат и условуваат!! Ниту не` ословуваат, зашто не не` ценат и почитуваат, им служиме за инструмент во нивните нејасни игри,ниту не` сакаат, но им пречиме во нивните стремежи за некакви нивни важни проекти, а тоа е да ја нема Република Македонија, а античкото минато да е само нивно!? Големиот Алекандар МАКЕДОНСКИ да е само нивен, иако за постоењето на Македонија се пишува и во Библијата!

30 години Република Македонија не ја смени застарената и неупотреблива стратегија за членство во НАТО и ЕУ, иако веќе се сменети геополитичките и економски состојби во светот и внатре во земјата, туку се `вергла`иста плоча НАТО и ЕУ,и секако ќе сме уценувани! А зошто! За да гинат македонскии деца по беловетски планини и пустини, за туѓи интереси! А да не го заборавиме високиот износ на пари за членство во таа воена и застарена организација,таа нема од кого да не брани! Од сите страни сме обиколени од неа!?

Народот бара под итно суспендирање на лошите и штетни договори со соседите и губењето на суверенитетот на земјава со воведување двојазичност која е на прагот, а под силни уцени на малцинството кое сака Македонија да ја распарчи и подели во своја полза на Голема Албанија! Како да ние не сакаме да ја имаме својата Македонија со сите нејзини делови и народот македонски таму,кој под притисок и уцени не смее да се каже дека е македонски, но ние сме цивилизирани и достоинствени!

Македонија е матична земја на македонскиот народ,кој се борел со векови да ја добие, а сега поради недоветни политичари може да ја загуби засекогаш! Но, ние македонскиот народ не даваме Македонија да се обезличи и подели,туку бараме вистинските терористии да се казнат а ткн, `терористи`, всушност патриотите да се пуштат од непотребното држење во затворите, бидејќи е надвор од секаква логика и правно дејство!Е па доста е веќе! Уморни сме од сите вас кои ни пеат иста песна зашто друга не знаат! Свртете се кон својот народ ,кон домашниот човек, почитувајте го и резултатите ќе дојдат! Партиските поделби да престанат да го понижуваат овој народ , човекот да биде почитуван и вреднуван како што заслужува!

Република Макединија и нејзиниот Претседател под итно треба да бараат прием во ООН под уставното наше име и приказната и малтретирањето со грчките луди идеи за непостоење на Македоците ќе престане!!! Македонија нема проблем со своето име,а,кој има проблеми нека си ги решава дома!Регионот Македонија кој сега е во Република Грција нека си го викаат како сакаат, но нека ја остават мојата земја Република Македонија со своите жители да си живее мирно, да ужива во демократските придобивки, за кои всушност се заложуваат и `големите пријатели` на земјава! Нивните празни и излитени фрази за демократија, човекови права, слобода на медиуми итн, веќе ` не минат` кај македонскиот човек, нека не се залажуваат! Туку да не` остават на мир ` големите пријатели` како милуваат да ги нарекуваат македонските ткн.политичари, а тие се гробарите на земјава, се подготвуваат за погреб! Во име на кого? Но не им дозволуваме!

Д-р Марија Зарезанкова-Потевска

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.