Среда, 16 Мај 2018   
Зарем нема да се срамиме ако дозволиме Македонија да се разнебити?

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се предаде и никогаш нема да ја остави Македонија на цедило, а тоа треба да го сторат и од СДСМ ако имаат барем малку чуство за државните интереси.

Македонија е земја на Сонцето, чиј симбол се вее на нашето државно знаме. Македонскиот народ, барајќи го местото од каде изгрева сонцето, уште во времето на Александар Македонски ја пренесе Аристотеловата просвета и го цивилизира човештвото. Но, таа некогаш толку славна татковина доживеа пропаст кога се сврте во правец на залезот на сонцето. Туѓи народи посакаа да ја завладеат земјата и да го уништат народот. Со оружје, сплетки и интриги, како и со користење на синовите кои се откажале од родината заради сјајот на богаството, тие со векови се обидуваат да ги уништат Македонците.

Поделбите кои ги доживеа македонскиот народ оставија длабоки корени. Македонците долго време не го развиваа знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Победничкото сонце од Кутлеш долго време беше ставено под превезот на заборавот, а поради страв од големината на македонското име, многумина се обидуваа и сеуште до ден денес се обидуваат да го избришат и географскиот поим Македонија.

Со преминувањето од еден јарем во друг, враќањето на Македонија на светската сцена одеше тешко. Синџирите кои ѝ ги наметнаа туѓите народи и одродените синови тешко се раскинуваа. Но полека, дел по дел, Македонија крвавеше и се креваше. И покрај длабоките рани, македонскиот народ преку Крушевската Република 1903, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 година ја воскресна Македонија.

Победничкото знаме повторно се вееше, а сонцето на слободата повторно грееше на еден дел од територијата на Македонија. Потиснатата колективна меморија заради заборавање на нашето потекло повторно бликна со цела сила. 

Меѓутоа, лекцијата од минатото беше заборавена. Повторно дозволивме на сплеткарите со години слободно да шетаат низ нашата земја, засипувајќи  го нашиот народ со раздор и страсти. Додека македонскиот народ ги пречекуваше со раширени раце и љубов, дојденците упорно работеа на раздробување, потпалување расправии и подготвуваа терен за конечно погребување на славното македонско име.

   

Во прашање е иднината на македонската држава. Разјадена и ранета од отровните стрели на некои соседи со помош на домашната пета колона, во последните повеќе од две и пол децении од осамостојувањето повторно ги зголемија своите апетити кон нашата земја,

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се предаде и никогаш нема да ја остави Македонија на цедило, а тоа треба да го сторат и од СДСМ ако имаат барем малку чуство за државните интереси.

Македонија ве колне да се смирите, да се сложите и збратимите без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност.Не им верувајте на другите кои работат само за свои интереси и за пропаст на македонскиот народ и држава.

Зарем нема да се срамиме ако дозволиме Македонија да се разнебити? Зарем ние сите заедно, ќе им помогнеме да го закопаат славното име македонско?

Ако тоа не го посакуваме, ако сакаме да се залечат раните на Македонија, ние како вистински Македонци да застанеме во одбрана на својата прадедовска земја и да им го покажеме патот на сите интриганти што шират омраза и поделби меѓу браќата.

Македонци! Вие сте чеда на Македонија, во вас тече македонска крв, зарем уште не се разбудивте? Оставете ги настрана теснопартиските и личните интереси. Време е за одбрана на земјата.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.