Среда, 23 Мај 2018   
Зоран Заев и Никола Димитров го трасираа патот за пропас на Македонија

svekrva-nova
Свекрва

Република Илинденска Македонија е нов предлог кој досега не беше во игра и кој предизвика збунетост кај македонската јавност. Ако предлагачот се надеваше дека со додавката Илинденска, со промена на уставот и Ерга Омнес ќе предизвика симпатии и одобрување кај Македонците кои емотивно се врзани со Илинден, се излажа. Набрзо, Македонците на социјалните мрежи го искажаа својот револт од несирозниот пристап на Заев во решавањето на спорот со Атина. 

Дека со право македонскиот народ реагира на дилетантското водење на разговорите околу името, се покажа многу бргу, кога од грчката страна изјавија дека името Република Илинденска Македонија е неприфатливо за нив, но се радосни што Зоран Заев прифатил дека името што ќе се договори да биде за севкупна употреба.  Во соопштението што го испрати Владата на Грција се порачува дека му „благодари на фиром што го прифати моделот ерга омнес“, и дека дури сега ќе го бараат решението со географска или временска одредница.  

Тоа е уште една несериозност и ступидност на актуелната власт предводена од Зоран Заев и Никола Димитров која со цел што побргу да го реши проблемот со името за да стане членка на НАТО, се фати во грчката стапица.

Во својата изјава по лидерската средба Зоран Заев, покрај подготвеноста да го прифати името Република Илиденска Македонија како предлог кој што треба да го реши спорот со Грција, кажа дека името ќе биде за севкупна употреба и дека македонскиот народ нема територијални претензии кон Грција. Што значи дека Заев потврди дека е подготвен на се и за промени во Уставот, а кое пак води до промена на идентитетот на македонскиот народ.   

Оттука може да се види дека македонскиот премиер Зоран Заев, кој при преземање на власта се заколна дека ќе ги штити државните интереси на Македонија, е подготвен да го загрози уставниот поредок на земјата, односно да изврши предавство.

По јавно дадените изјави, партијата „Левица“ до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на државата. Од оваа партија исто така известуваат дека можно е да поднесат кривична пријава и против министерот за нодворешни работи Никола Димитров, кој исто така јавно признал дека и тој стои зад ваквиот предлог.

„Граѓанин кој ќе доведе државата во потчинетост од друга држава го сторува ова кривично дело. Се повикуваме на официјалните изјави на премиерот на Македонија и на премиерот на Грција. Со прифаќање на ерга омнес решение и изјавата дека ќе се стори се да се прифати тоа, нанесена е штета и е доведена државата под зависност од друга држава. Бараме распит на пријавениот и процесуирање на случајот“,изјави Димитар Апасиев од „Левица“.

Меѓутоа, со оглед на состојбата во судството во земјата, каде криминалците се пуштаат на слобода и се дел од власта, а патриотите се наоѓаат во затвор, тешко дека ваквата кривична пријава ќе биде процесуирана.

Единствено кој може да го спречи целиот овој циркус е македонскиот народ кој мора да се сплоти околу ова прашње и решително да каже не за име за севкупна употреба и промена на Уставот. 

Со цел да се спречи Зоран Заев, кој со својата надворешна и внатрешна политика земјата ја води во пропаст, треба што побргу да започне битката за спас на Македонија. Таа нема да биде лесна и ќе трае долго се додека оваа ненародна власт не си замине. Но тоа навистина мора да започне многу брзо за да се намалат штетите кои недоветната политика на Зоран Заев и Никола Димитров и ги направија на земјата. 

Сега за сега работите изгледаат многу црно.

Така, без разлика каква и да е промената на македонското име, со описна, географска или друга додавка, Македонија ќе престане да биде алката која го обединуваше македонскиот народ во соседството и дијаспората.

Зоран Заев и Никола Димитров го трасираа патот за пропас на Македонија.

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.