Среда, 01 Август 2018   
Македонија Те вика!

MN MKМакедонска нација

Македонија Те вика!

Уште колку Илиндени треба да поминат за да научат дека на веков и светов има Македонци?

Уште колку востанија треба да кренеме за да признаат дека против нив војувавме за да се ослободиме од тиранијата која ни ја наметнуваа?

Уште колку гробје треба да постелеме во оваа земја македонска и уште колку крвје да излееме, за да сфатат дека ниту една пропаганда нема да го уништи јазикот македонски, генот и кодот македонски?

Преполно е ова парче земја со историско камење, пребогато е со датуми кои го отсликуваат непокорот на Македонецот. Зарем може некој да ги избрише од сеќавањата, од темелите, од битот кој милиони Македонци го носат ширум светот? Не успеаја во понижувањата, во негирањата, во иредентизмот во кој самите се удавија.

Знае светот низ што сме поминале и низ што поминуваме. Но, истиот тој свет нема доволно чувство за праведност и рамноправност, оти се расипал, се обезличил.

Ни порачуваат да се откажеме од историјата, да ја напуштиме сегашноста, да заминеме во иднината. А, има ли иднина без минато и без сегашност? Ние сме горди на Херонеја, ние сме горди на Самоила, на Кресна, на Илинденците, на Ченто...

На што се горди тие? На Букурешт?

Чист му е образот на Македонецот, оти не му е извалкан како на другите околу него. Чисти му се рацете, оти ги нема натопено со злокобна крв како другите. Чиста му е верата, оти ја нема откраднато и осквернавено како другите. Затоа денес Македонецот со пиетет го слави Илинден и АСНОМ, ги издигна уште еднаш на пиедесталот Великаните Гоце и Карев, Питу и Сандански, Ченто и Шатев.

Македонци, не давајте да ве поколебаат, не дозволувајте да ве засрамат, оти нивното е за срамење. Не давајте повеќе груб збор за нас да кажат, оти калта во која заглибиле доволно кажува. Време е да го отвориме прозорецот на новата ера која доаѓа и на сите нови Македонци кои ќе дојдат на ова парче земја, да им го покажеме видикот, да им го покажеме сонцето на новата македонска ера.

„Македонија, Македонија Те вика,

да ја станеш, простум исправиш,

еден збор, еден здив, само капка пот ти треба

да ја утешиш.

Македонија, Македонија Те вика,

да ја вратиш меѓу силните

еден збор, еден здив, само капка пот ти треба

да ја воскреснеш, да ја издигнеш.„

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.