|
|
Македонија како комуникациски крстопат претставува опасно „јаболко на раздорот“ |
Свекрва Македонија како комуникациски крстопат претставува опасно „јаболко на раздорот“. Пред 115 години во Крушево и пред 74 години во манастирот „Св. Прохор Пчински“, на 2 август, на ден Илинден, нашите претци ги поставија темелите на македонската државност и со својата крв го потпишаа аманетот за македонскиот народ - со својот живот да ја бранат независноста и сувереноста на македонската држава. Отогаш Илинден е најсветлиот симбол на вековниот стремеж на Македонскиот народ за слобода. Факелот на слободата кој го запалија Илинденците и денес го осветлува патот кој младите генерации на македонскиот народ треба да го следат во иднина! Сепак, 115 години по Крушевската Република и 74 години од АСНОМ, македонскиот народ е соочен со предизвикот како да ја сочува Македонија, македонското име и идентитет. Денес, факелот на слободата полека се гасне бидејќи за жал, едредени раководни структури под притисок од надвор, го напуштија аманетот на Илинден и склучија спогодба со Грција со која прифаќаат промена на името во Република Северна Македонија, но и промена на историјата. По договорот со Грција за преиспитување на историјата, сегашната македонска власт предизвикува многу непознаници меѓу кои, дали идните генераџии Македонци ќе можат да зборуваат за Илинденско Востание и дали ќе можат да говорат за херојската битка кај Локвата и Вињари помеѓу костурските чети на Македонската револуционерна организација и османлиската војска кај селото Д’мбени, Костурско, непосредно пред Илинденското востание, бидејќи Грција не признава дека има македонски народ во Егејскиот дел на Македонија. По глупостите кои ги направи оваа власт, илјадници Илинденци од 1903 и 1944 година, кои ги положија своите животи во сите три дела на поделена Македонија, денес се превртуваат во своите гробови, гледајќи како нивните потомци така лесно се откажуваат од продобивките кои се добиени со потоци крв. Денешното македонско раководство, предводено од премиерот Зоран Заев, под притисок на надворешните центри на моќ, прави секакви напори за да го смени името на земјата за да таа влезе во ЕУ и НАТО. Македонија со своите етнички и географски граници е географски центар на Балканот. Јужната македонска граница е Егејското море и реката Бистрица; западната поминува покрај Охридското Езеро и по врвовите на граничните со Албанија планини Кораб и Пинд; на север Македонија граничи со планините Шар, Осогово и Рила, а на исток со Родопските планини и со реката Места. Околу неа се наоѓаат Србија, Грција, Бугарија и Албанија. Реката Вардар ја пресекува Македонија од север кон југ на две еднакви половини. Оној што ќе ја има долината на оваа река, од изворот до утоката и кај градот Солун, тој фактички ќе го поседува најважниот дел од Балканот. Во наведените погоре граници, Македонија не се разликува многу по територија од државата на Филип Втори, таткото на Александар Велики. И самото месно население, и соседните народи ја означуваат оваа област со името Македонија, знаејќи, притоа, точно кои региони спаѓаат во географските и во традиционалните нејзини граници. Тоа ни го посочуваат и голем број странски научници. Уште од најстаро време Македонија стопански е ориентирана кон југ, кон морето, на каде што, (освен Дрим), течат сите македонски реки и се свртени погледите на сите нејзини жители. Границите што произволно ги нацртаа во 1913 година и кои беа одново потврдени вр 1918 година, од економска гледна точка претставуваат огромна несреќа за македонското население. Покрај другите зла, овие граници доведоа до пропаѓањето и на Солун. Доволно е само да се погледне картата за да се сфати зошто сите најбитни балкански проблеми се поврзани со Македонија. Уште од најдлабока древност низ Македонија поминуваат патишта, што биле од големо значење за соседните и за подалечните земји; тие патишта водат кон Дунав, Цариград, Егејското море и кон Јадранот. Најблиската врска на целиот Балкан со земјите околу источното Средоземно море е преку Македонија и нејзиното големо пристаниште Солун. Во последно време сe поголемо значење добиваат, за земјите од источна и за дел од земјите од централна Енропа, двата патни правци што излегуваат кај Солун и Кавала, по долините на македонските реки Вардар и Струма. Солун и Кавала ќе ја вршат својата, важна за многу земји, трговско-економска улога најдобро, се разбира, само тогаш кога нејзината внатрешност–Македонија, чиј неотуѓив дел се тие, стане спокојна земја, во којашто ќе владее просперитет во услови на слобода и правда. По 1913 година Солун и Кавала се откинати од својата внатрешност и се притиснати како со клешти. Значењето на Македонија, со нејзините пристаништа, уште повеќе ќе порасне кога ќе се оствари одамна споменуваниот план за претворање на Морава и Вардар во пловидбени реки за мали пловни објекти. Во таков случај, размената на стоки помеѓу централна и источна Европа од една страна, и балканските земји и земјите на Блискиот Исток од друга страна, ќе се олесни до максимум; за голем дел од европскиот континент ќе се обезбедат најкратки трговски патишта кон Суецкиот канал. Јасно е дека Македонија претставува извонредна трговска база за голем дел од Европа, североисточна Африка и предна Азија, Солун најважното пристаниште во југоисточна Европа, може да ги стигне, па дури и да ги надмине големите трговски европски пристаништа во западното Средоземноморје. Најморската земја на Балканот е Грција. Но за неа морето, од трговска гледна точка, има само ограничено, еднострано значење. Од морето, како рибари, морнари и трговци обезбедуваат егзистенција ограничен број Грци. Сосем спротивен е случајот со Македонија. Нејзиниот морски брег, како што веќе посочивме, е од особена важност за десетици милиони луѓе, голем дел од коишто се од други нации. Но важноста на македонското крајбрежје е не помала од таа на грчкото и од стратегиска гледна точка, особено ако се има предвид модернизацијата на морското војување и близината на Македонија до Дарданелите и Суецкиот канал. Една флота од подморници која би тргнала од македонските води, би можела да го блокира Цариград од југ и истовремено да го загрози пристапот кон Суецкиот канал. За инвазиа, пак, од Средоземното море кон Дунав, Македонија има поголемо стратегиско значење, бидејќи нејзините брегови се наоѓаат поблизу до Дунав отколку грчките. Првата светска војна, со познатиот Солунски фронт, го докажа тоа за последен пат. Сосем јасно е зошто во Македоиија се конфронтираат аспирациите на четирите балкански држави – Бугарија, Грција, Србија и Албанија. Таму одамна се крстосуваат сенките од мечовите на Англија и Русија. Познати се аспирациите и на други големи сили, пак поради истата причина. Во наше време светската јавност е сведок на отворен судир меѓу руската и англо-саксонската политика во врска со Македонија. Македонија како комуникациски крстопат претставува опасно „јаболко на раздорот“. Македонците кои низ векови биле изложени на асимилација сепак успеале да го зачуваат името и идентитетот. Ќе успее и сега, зошто младите Македонци се верни чувари на македонската традиција и култура. |