Среда, 04 Март 2020   
Владеењето на Заев преставува добра поука за македонскиот народ

1 1Свекрва

Мицковски во дуелот со Заев покажа надмоќ

Синдромот на Минхаузен се појавува кај луѓе кои имаат потреба за внимание и се болно амбициозни. Тие ја заобиколуваат вистината, иницираат разни активности или фалсификуваат  одредени настани за да го привлечат вниманието на јавноста и да постигнат лична корист.  Во прво време овие луѓе можат да ја придобијат јавноста со разни ветувања, но со тек на времето тие се откриваат и народот ги препознава.

Ветувањата на овие луѓе на почетокот се огромни, а очекувањата на оние кои слепо им веруваат се големи, па оттука и разочарувањата од нереализираните ветувања кај јавноста на крај се мултиплицираат.  Болно амбициозните политичари кои сакаат да дојдат и да останат на власт со ваков тип на манипулации, на крај завршуваат неславно.

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, кој му ветуваше на народот дека нема да дозволи промена на Уставот и името, потоа зголемување на просечната палата до 500 евра, плати за лекарите до 100.000 ден, економски бум, вледеење на правото и т.н.  ништо не исполни. Наместо тоа, тој го измени не само името на земјата, уставот и др. туку и името на својата партија која од македонска стана мултиетничка.

Ваквото негово однесување доведе до пад на неговиот рејтинг, а кој уште повеќе се намали по дебатната емисија со Христијан Мицковски.

Имено, по повод престојните парламентарни избори, на првата дебатна емисија кој се одржа на ТВ канал 5, Заев во дуел со Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, повторно се обиде да ја манипулира јавноста. Тој како на пазар, во стилот на синдромот Минхаузен, се обиде да ги продаде своите фори, но набрзо беше спуштен на земја.

Трговецот кој го смени уставното име на земјата, наводно само за да влеземе во НАТО и ЕУ, не можеше да излезе на крај со смирениот и елоквентен лидер на ВМРО ДПМНЕ. Меѓудругото, Мицковски изнесувајќи низа факти го спушти на земја трговецот од Муртино, укажувајќи му дека неговата роба која и ја презентира на јавноста  е фалична.

Односно, Мицковски побивајќи го Заев со непобитните факти му укажа на јавноста дека вледеењето на Заев беше национална катастрофа, цунами кое  зад себе остави не само политичка, туку и економска пустош, што како резултат доведе до зголемена сиромаштија и заминување на младите кадри во странство.

Всушност, Мицковски покажа дека Заев освен уништувањето на институциите и промена на уставното име на земјата, која ја направи спротивно на вољата на граѓаните, не направи ништо друго за македонскиот народ и неговата држава.   

Свесен дека еден ден ќе одговара пред македонскиот народ, Заев очигледно се обидува по секоја цена да остане на власт и при тоа не бира средства. Се прекроија и Изборните едниници. Оттука произлегува и неговиот синдром на Минхаузен кога говори за некакви успеси, како и не постоење ни на малку срам и каење за она што го прави.

Сепак видливо е дека народот го прочитта и дека Заев нема да може ни со политички инжинеринг да успее да ги добие следните избори. Народот нема да му прости за тоа што го погази  аманетот на илјадници борци кои ги оставија животите на боиштата ширум Македонија, во борба за создавање на независна и суверена македонска држава.

Владеењето на Заев преставува добра поука за македонскиот народ.

Заев е аболиран политичар, кој веќе не смее да се занимава со политика. Аферата „Рекет“ која сеуште не е расчистена а по се изгледа допира до највисоките политички врвови, само покажува дека тој мора итно да си замине од политичката сцена.  Само така Македонија може да оди напред, само без него може да победува и македонскиот народ да има подобар живот, притоа чувајќи го аманетот на претците.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски во тв дуелот со Зоран Заев покажа интелектулна надмоќ, смиреност и мудрост, достојна за да биде иден премиер, и да ја води земјата. Односно да се справи со последиците од катастрофата која ја предизвика власта минативе три години.

http://mn.mk/aktuelno/18026-Osum-lagi-sto-Zaev-gi-kaza-na-tv-duelot-so-Mickoski?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.