Сабота, 29 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Осум лаги што Заев ги кажа на тв-дуелот со Мицкоски

Осум лаги што Заев ги кажа на тв-дуелот со Мицкоски

Првиот тв-дуел пред парламентарните избори помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, само го потврди стравот на Заев за соочување со опонентот, анализира „Вечер“.

Како што пишува „Вечер“, меѓу сите лабави аргументи и препирки, Заев повторно ги излажал граѓаните. Ова се дел од тие лаги:

1. Заев тврди дека го пријавил Боки 13 и рекетот во Обвинителство, но НЕ ЗНАЕ дали е составен законски неопходен записник за тоа. Вели дека не знае, и дека тоа треба да се провери во обвинителството. Заклучок – не го пријавил делото туку, напротив, според објавените телефонски снимки дури и на самото судење е јасно дека ги предупредил Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец  дека против нив ќе се води истрага.

2. Темите за тоа каде се парите од Рекет, за средбата на Вице Заев со Зоран Милевски… Заев ги одбегнуваше без да каже ни збор за на крај да одбие да го прими подарокот од Мицковски, паричник Луј Витон за да ја комплетира ташната Луј Витон од Рекет.

3. Заев пред камери тврди дека градоначалникот на ДУИ, Беџети, не изјавил дека Заев му вршел притисок како да гласа кадар на ДУИ во судскиот совет… иако тоа го пренесоа сите телвизии и портали! Демантирај, па кој верува – верува, е моделот на Заев за се и сешто.

4. Заев тврди дека лично тој и неговиот тим воделе постапка за таканаречени реформи во судството и обвинителството затоа што било НЕДОЗВИЛИВО РАЗНОГЛАСИТЕ – Обвинителството да мисли едно, судството нешто друго, а Апелација и Врховниот суд нешто трето, сите треба да постапуваат како што постапува првиот во низата, да го следат Обвинителството. Со ова до темел се урива судскиот систем на модерното време каде основа на системот е обвинителството и адвокатите да се само равноправни странки во спорот, а судијата независно од нив да пресудува.

5. Заев тврди дека се изградени 700 километри патишта во неговиот мандат, а вистина е според презентираните официјални документи од Мицковски дека се почнати (а не се ни тие изградени) само два километри автопат до Блаце кон Косово и асфалтирани околу 200 километри локални и регионални патишта кои се изградени далеку порано. Болниците за кои Заев тврди дека се градени во негов мандат без да посочи макар еден пример – едноставно ги нема.

За капитална инвестиција Заев посочи дури 250.000 евра инвестирани во Арачиново за канализација што беше проследено со потсмев.

6. Заев тврди дека во индистриската зона во Струмица од ветените 14 се изградени 4 фабрики, на прашањето кои се тие фабрики Заев се вадеше дека четирите во градба за, на крај да нема ниту една фабрика во струмичката економска зона.

7. За економските теми, Заев одбегнуваше дискусија освен дека во негов мандат имало 60.000 нови вработуавња при што бегаше од податокот 40.000 од тие се во државната администрација. Се расфрлаше со бројки извадени од ракав како оние дека ова е најмал буџет во Македонија, иако е најголем во македонската историја, дека Македонија сега е најмалку задолжена иако е вистина, и со службени податоци потврдено, Македонија е сега најзадолжена во последините 15 години.

8. Лајтмотив, десетина пати повторена тема од Заев, беше дека Мицкоски е одговорен за политиката на Никола Груевски. Во еден момент Заев сакаше да биде скопски мангуп, неговата најслаба точка и провинсциска фрустрација, и му понуди телефон на Мицкоски да му се јавел на Груевски да го праша за одговор. Но, доби грубо приземјување од Мицковски, од кого дознавме дека Заев го има унгарскиот број на Груевски и дека разменуваат пораки што Заев не го демантираше. Останува прашањето: За што се допишуваат Заев и Груевски?

https://lider.com.mk/makedonija/osum-lagi-shto-zaev-gi-kaza-na-tv-duelot-so-mickoski/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.