|
|
Манојил (Мане) Јаковлески: За сето зло што ЗЗ и СДС го имаат направено нема простување! |
Гоце Делчев, спаси не од неспособни политичари Од осамостојувањето на земјата во 1990 г. наваму кога СДС е на власт речиси да нема година, а да не започнат активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДС, и кој знае веќе по кој пат, партиските челници на СДС продолжуваат со активности кои имаат за цел да го раздразнат македонскиот народ, да ја нарушат неговата доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски. За СДС и Зоран Заев нема потреба веќе ни да се зборува, тие се изгубени во просторот и времето, водени само од омраза кон се што е македонско и се срамат од името Република Македонија. Ако се направи споредба меѓу политичарите во земјата за нивната способност, држење до кажаниот збор, вреднување на одредена политика во интерес на сопствената држава и народ, тогаш најверојатно на последното место ќе го видите лидерот на СДС Зоран Заев. Чудно е како овој човек се најде на лидерското место на СДС, а нема појма од политичкиот занает. Изгледа како да е црпнат од нива и е поставен за главен хирург, а никогаш не студирал медицина. Тоа што некогаш врховистите го правеа, денес неразумната политика на владата на ЗЗ ја донесе земјата во подредена улога и да биде условена од сите соседи. Сегашната власт е најголемо зло кое се има досега појавено и кое прети како цунами да избрише се што е македонско. Гоце Делчев, спаси не од неспособни политичари, кои за туѓи интереси прават хаос и повеќе од четири години ја држат земјата во заложништво. Спаси не Гоце Делчев од налудничавата политика на Зоран Заев, кој го дели народот и ја уништува земјата. Сите, независно од какви причини ја напуштија ВМРО-ДПМНЕ, да не ја заборават идејата заради која биле едно време основачи или членови, да не ја забораваат единствената идеја која сите ние ја носевме и ја носиме во срцата, а има едно име: МАКЕДОНИЈА, за да продолжиме уште пообединети, посплотени, поединствени! Зоран Заев и неговата СДС мора да си одат за да може Македонија да оди напред. Гоце Делчев кажал: „Кој знае дали има народ којшто толку многу пател од своите синови изроди, колку македонскиот!...“Навистина и денес е така. Македонскиот народ нема резервна татковина и мора да превземе секакви мерки против сите оние кои сакаат да и` наштетат на нашата Библијска држава. За сето зло што ЗЗ и СДС го имаат направено нема простување! Македонците не забораваат! СЕ’ ЗА МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА, АМИН! |