Коментари

Кога предавството ќе остане без одбрана, почнува да вика „криминал“

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Да се нарекува Христијан Мицкоски „шеф на организирана криминална група“ не е политичка критика, тоа е очајнички крик на структура која знае дека народот памети.

По годините на политички отстапки и удирање врз македонското достоинство, наместо самокритика и преземање одговорност, повторно се слушаат навреди, етикети и политички конструкции. Но народот не заборава кој носеше штетни одлуки со трајни последици врз државата и македонските национални интереси.

Не може да се зборува за последната деценија, а да се премолчат бројните афери и истраги што ја одбележаа седумгодишната власт на СДС. Јавноста беше сведок на случаи што отворија сериозни прашања за начинот на владеење, трошењето јавни средства, влијанието врз институциите и политичката одговорност.

Токму затоа денес, кога претставници на истата политичка опција зборуваат за криминал, многумина најнапред се потсетуваат на аферите од нивната власт и очекуваат институциите, независно и без селективност, да го утврдат секој случај во кој постојат сомнежи за незаконско постапување.

По толку години понижувања, повторно истите луѓе излегуваат со дрскост да делат лекции. Наместо одговорност пред народот, ја избраа старата матрица: кога немаат аргументи — обвинуваат; кога немаат визија — навредуваат; кога не можат да ја одбранат сопствената политика — измислуваат непријатели.

Македонија памети.

Памети кој го смени името на државата. Памети кој уверуваше дека со тоа ќе се отворат европските врати. Памети кој велеше дека „само уште ова“ треба да се направи. И памети дека по тоа „само уште ова“ дојдоа нови услови, нови притисоци и нови понижувања.

Тие што ја доведоа Македонија до уцени денес се дрзнуваат да зборуваат за морал. Тие што го погазија најсветото право на еден народ — правото на сопствено име — денес се претставуваат како судии. Тие што молчеа пред туѓите барања денес викаат најгласно против оние што ја исправија главата.

Кога се работеше за државата, беа „храбри“ да потпишуваат. Кога се работеше за националното достоинство, беа подготвени на отстапки. Кога се работеше за македонскиот народ, лесно прифаќаа „нови реалности“. Но кога треба да се погледнат во огледало, тогаш немаат храброст за извинување.

И затоа денес напаѓаат и се обидуваат да го претстават ВМРО како проблем, затоа што ВМРО им стои како потсетник дека Македонија не е ничија монета за поткусурување и дека ВМРО не заборава.

И уште нешто што најмногу боли.

За само две и пол години Владата предводена од Христијан Мицкоски реализираше повеќе проекти отколку што направи нивната СДС гарнитура во долгите години кога ја водеше државата.

Со  Христијан Мицкоски Македонија конечно доби нешто што одамна ѝ недостигаше — јасно поставена црвена линија кога станува збор за националните интереси. Благодарение на политиките на Христијан Мицкоски, денес државните и националните интереси повеќе не се предмет на пазарење и нови отстапки.

Историјата секогаш има последен збор. Во неа остануваат запишани и оние што ја граделе Македонија, но и оние чии одлуки оставиле тешки последици врз државата.

Како што македонскиот народ и денес го памети предавството на Коте Христов — Коте од Руља — така историјата знае да ги памети и сите што, во различни времиња, носеле одлуки спротивни на националните интереси.

За Македонија се одговара, пред народот, пред историјата и пред Бога.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top