Коментари

Кога личниот интерес станува поважен од државниот!

Македонска Нација

Македонска Нација

Почнувајќи од првите години на плурализмот, па сè до денес, Македонија беше сведок на низа штетни политички одлуки и потези што кај голем дел од народот оставија чувство на понижување, неправда и разочараност. Особено во периодите кога СДС и функционери произлезени од тие структури ја водеа државата, јавноста често реагираше дека се носат одлуки спротивни на државните интереси.

Историјата памети дека Македонија преживеала многу надворешни притисоци. Но, најтешките последици најчесто доаѓале тогаш кога луѓе избрани од сопствениот народ заборавале кому му служат. Токму затоа одговорноста на секој функционер е огромна, затоа што државата не е ничија сопственост, туку завет кон идните генерации.

Историјата покажала дека државите не паѓаат само од надворешни непријатели. Многу почесто се рушат од луѓе кои одвнатре ги поткопуваат институциите, националното единство и довербата на народот. Кога личниот интерес ќе стане поважен од државниот, тогаш започнува распаѓањето на општеството.

Во демократска држава, па и во Македонија, различното мислење не е ниту предавство ниту велепредавство, тоа е право загарантирано со демократските принципи. Различното мислење е богатство на секое демократско општество и суштината на демократијата.

Затоа е антидемократски секој обид сите неистомисленици автоматски да се прогласуваат за предавници. Предавство не се разликите во мислењето, говорот или уверувањето, туку дејствувањето спротивно на интересите на државата и народот.

Современите држави одамна го препознале овој феномен и затоа во кривичното законодавство постои институтот предавство или велепредавство. Тоа е моментот кога некој што положил заклетва дека ќе ја штити државата, Уставот и законите, свесно ја погазува таа заклетва и работи спротивно на државните интереси поради лична корист. Тоа е човек што заборавил дека функцијата е должност кон народот, а не средство за лична корист.

Но, предавство е и кога високи функционери, додека биле на власт или по заминувањето од функцијата, дејствуваат или пропагираат против сопствениот народ и држава. Тогаш веќе не станува збор за различен став, туку за свесно работење спротивно на националните и државните интереси.

Од 1990-тите па наваму, како спорни и штетни одлуки во јавноста останаа запаметени:

  • приватизацијата во транзицијата, кога беа затворени или распродадени голем број државни фабрики, а илјадници граѓани останаа без работа;
  • создавањето економска олигархија блиска до власта, додека народот осиромашуваше;
  • слабеењето на институциите преку партизација и поставување партиски кадри наместо стручни луѓе;
  • аферите со криминал, корупција и сомнежи за милионски злоупотреби на државни пари;
  • селективната правда и политичкиот притисок врз институциите;
  • промената на државното знаме и отстапките околу националните симболи под меѓународен притисок;
  • прифаќањето на референцата ФИРОМ и долготрајното попуштање во спорот за името;
  • неспособноста со години да се изгради јасна национална стратегија за заштита на македонските интереси;
  • територијалната поделба од 2004 година, која предизвика масовни реакции и недоверба кај народот;
  • амнестиите и политичките договори што создадоа чувство дека политичарите се над законот;
  • договорите со соседите кои кај голем дел од јавноста беа доживеани како штетни национални отстапки;
  • Преспанскиот договор и промената на уставното име на државата;
  • Договорот со Бугарија и прифаќањето формулации што отворија нови блокади и уцени;
  • прифаќањето на францускиот предлог, кој кај многумина создаде впечаток дека македонскиот идентитет и јазик повторно се ставени под условување;
  • нефункционалното здравство, образованието и правосудството и покрај ветувањата за „живот за сите“;
  • скандалите со тендери, набавки и сомнежи за висока корупција во врвот на власта;
  • користењето на медиумите и институциите за партиски пресметки;
  • реториката со која секој што размислува различно се етикетира како непријател, антиевропски, националист или закана за демократијата.

Народот можеби различно ги толкува политичките процеси, но едно останува неспорно – секоја власт што ќе ја изгуби врската со народот, што ќе почне да ги потценува националните чувства и што ќе ја користи државата како алатка за лични или партиски интереси, на крајот ја губи довербата.

Народот секогаш знае да ја препознае разликата меѓу оние што искрено ја сакаат татковината и оние што ја користат само кога им одговара.

Патриотизмот не се докажува со големи зборови, туку со дела – со чесност, одговорност и подготвеност да се брани достоинството на државата и народот, дури и кога тоа носи лична жртва.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top