Среда, 18 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
Овие МИСТЕРИИ за Македонија сигурно не сте ги знаеле?!

tikvesko-ezero
Тиквешко езеро

Погледнете какви се тајни има во нашата држава

На прекрасното Тиквешко езеро се наогаат 'чуда' од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци и луѓе. Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит.

Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе. Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно. Кога сме веќе кај митовте и легендите македонскта историја е преполна со исти.Имаме толку многу волшебни шуми и пештери, гори, езера и мистични тврдини.Секое си има своја приказна и легенда исполнета со митски суштества која е убава да се чуе и како за крај убаво да се спакува и продаде.

Планината Кожув

Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.

kozuf

Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.

Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар.

Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар.

Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација.

Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето.

Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен.

Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм.

Ако ова уште е мистерија сигурно не е дрвото кое вирее само на Кожув и за кои претпоставувам не сте чуле. Дрвото се вика „Гол човек" баш поради фактот што нема кора на стеблото на дрвото.Составено е само од срцевина и има боја на човечка кожа. Интересно е тоа што ова дрво ја менува својата боја. Кога сонцето изгрева стеблото му позеленува ,во текот на денот има боја на човечка кожа додека пак на зајдисонце поцрвенува.

Чудна сила уривала се што ќе почнело да се гради на темелите на старата црква

По земјотресот во 1963 година, властите одлучиле на местото на црквата да изградат културен дом, но сите обиди нешто да се изгради биле кобни- работниците се повредувале, а двајца ги затрупале тукушто изградените темели.

Она што ја прави оваа црква поразлична од другите, е тоа што објектот е само привремено подигнат, во близина на темелите на некогашната црква "Света Богородица" која била заштитничка на Скопје. Таа во себе ја крие историјата на градот, испреплетена со многу легенди и мистерии. Старите скопјани не само што ја чувствуваат црквата "Света Богородица" како заштитничка на Скопје туку, поради мистичните и натприродни случувања, сметаат дека местото на кое е изградена е свето и на него не може да има ништо друго освен црква.

„Старата црква "Света Богородица", чие цело име гласи "Рождество на Света Богородица", била изградена во 1835 година кога Македонија била дел од Османлиската Империја. Во тоа време, Македонците не смееле да градат цркви", вели протојереј Методи Лазаревски, кој денес работи во "Св. Богородица". "Тогаш никој не смеел да гради црква. И оние што се изградени, направени се ниски, повеќе во земја. За да ја изградат 'Света Богородица', христијаните се послужиле со итрина, затоа што само на тој начин можеле да ја изградат. На местото на црквата тие закопале икони и крстови, а потоа отишле кај султанот да бараат дозвола на тоа место да изградат црква, со образложение дека е свето. Султановите служители дошле во Скопје, копале на посоченото место и кога навистина нашле закопани христијански обележја, султанот им дал дозвола да изградат црква", вели прота Лазаревски.

Таа била подигната за многу кусо време, а се зборува дека, покрај бројните еснафи кои дале свој придонес, најмногу пари за нејзина изградба дал некој богаташ кој имал два сина. Каменот со кој ја граделе бил пренесуван од човек на човек од каменолом во подножјето на Водно, па преку Вардар. Во изградбата учествувале 10.000 луѓе кои работеле со голем ентузијазам за да се заврши што побрзо. Таа била една од најголемите цркви во Скопје и прераснала во Соборен храм. Веднаш до неа била сместена Митрополијата, а само на неколку метри од неа, подоцна никнала и малата црква "Света Мина". Самото тоа што била Соборен храм, говори дека била многу посетена, во неа се крштевало и се венчавало, се држеле литургии и се славело христијанството.

„Света Богородица' беше голема и многу убава црква. Внатре целата беше во резби од борово дрво. Sидовите беа покриени со златни икони. Постојано беше полна со луѓе. Јас сум венчана во неа и таа ми е во најубавите спомени", вели Милка Дебарлиева, која израснала во Пајко Маало каде што сега се темелите на црквата.

Баба Милка се сеќава и на времето кога црквата била запалена и опљачкана во 1943 година, за време на бугарската окупација.

"И денес пред очи ми е таа слика. Додека пламенот уште не беше многу голем, Бугарите влегуваа внатре и ги изнесуваа златните икони. Ништо не оставија. По огнот, од црквата останаа само изгорени sидини, но традицијата никој не можеше ниту да ни ја запали ниту, пак, да ни ја украде. За празниците ние продолживме да се собираме тука. Ги чистевме камените плочи и традицијата ја одржувавме во урнатините кои за нас беа свети", раскажува баба Милка.

Со палењето и пљачкосувањето, скопјани ја изгубиле својата заштитничка. Баба Милка верува дека од тогаш работите во градов тргнале на лошо - поплава, земјотрес, па се до ова што се случува денес. Таа вели дека за време на комунизмот им ги одзеле и урнатините. По земјотресот, државата решила на темелите на црквата да изгради културен дом, но токму тогаш се покажало дека местото каде што е црквата е свето.

"Дојдоа со булдожери и ги урнаа сите остатоци од црквата. Сакаа тука да градат културен дом, во нејзините темели. Но, не им даде Господ. Денес ќе изградат, а утре ќе го најдат урнато. Некоја сила буташе се што ќе изградеа. Што раце, нозе и 'рбети искршија работниците, а двајца загинаа во темелите", вели Баба Миклка, потенцирајќи дека оваа мистерија ја знаат речиси сите стари скопјани, но молчат. Лазаревски пак, осведочи дека смртта на двајцата работници и несреќните случаи за време на обидите да се изгради културен дом не се само мистериозна легенда за која се зборува меѓу луѓето.

"Тоа е чиста вистина. Овде се случуваа необични нешта. Двајца работници, навистина загинаа во темелите на 'Света Богородица'. Мој пријател, судија, беше на увидот кога загинаа. Од неразјаснети причини, тукушто изградените темели се урнале и ги затрупале двајцата работници. Тогаш властите се откажаа од градењето културен дом врз камењата на црквата. Тоа е чудо божјо, мајката божја тука ставила рака и како да вели 'тука е мојот дом'. И денес тука стојат масивните бетонски темели на несудениот културен дом. Од тогаш, местото почна да се запустува и до пред некоја година не се познаваше дека тука имало црква", вели прота Лазаревски.

Тој, поддржан од група скопјани кои организираа движење за храмот "Света Богородица" поставија крст, како камен-темелник на новата црква која треба да се изгради на темелите на старата. Нешто подоцна беше изграден привремениот објект, па скопјани за Богородица и за другите христијански празници почнаа тука да се собираат. Подоцна се појави и идејата за изградба на нова црква.

"Немавме во план овде да градиме црква. Планот беше да се гради некаде во Аеродром или во Карпош каде што има верници, а нема цркви. Но, луѓето доаѓаа кај нас и ни кажуваа дека сониле или им се видело дека треба да се изгради црква на темелите на старата 'Света Богородица', и тие ни ја дадоа таа идеја. Прво, земјиштето не беше на црквата, поведовме постапка и го добивме

Превземено од Вечер

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.