Среда, 14 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
АКАДЕМИК СИНИША СТАНКОВИЌ – ВЉУБЕНИК ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО (8)

1tri4

За придонесот на професорот Станковиќ и за неговата улога во заштитата на човековата средина, Јаков Данон го рекол следното:

„Погледите на Станковиќ на екологијата носат материјалистичко и дарвинистичко обележје. Екологијата тој ја гледа како економија на живата природа, како наука за производство и за распределба на органската материја во природата и како наука за проблемите на раселувањето на органските видови и одржувањето на живиот свет во целина. Со тоа на екологијата ù дава една нова и широка димензија, која ù овозможува на соодветен начин да се поврзе со многу современи проблеми на човечкото општество.

          Тој е еден од првите научници кој посебно укажа кај нас за потребата од заштита и зачувување на човековата средина. Свесен за особено силното влијание на современата технологија врз неа, тој постојано укажуваше на огромното значење на екологијата во решавањето на актуелните проблеми на човечкото општество“.

         Академикот Станковиќ секоја година летниот одмор или семестрален распуст го минувал во Охрид, во најинтензивна работа, било во обработка на своите материјали, било во консултација со научните работници на Заводот.

          Уште на самиот почеток, а особено по Втората светска војна, тој конципирал долгорочна програма за истражување на Охридското Езеро, воспоставил соодветна организација на Хидробиолошкиот завод и формира научни кадри. Тој непосредно раководел со научната работа, бил претседател на Советот на Заводот, член на Научниот совет, раководител на докторантите,  рецензент на докторските дисертации и на трудовите на Зборникот, како и главен и одговорен уредник на публикациите на Заводот.

          Посебно треба да се нагласи дека од организационата поставеност, каква што тој ја востановил, од конципираната програма и завршените истражувања, од него и неговите ученици произлегоа значајни резултати. Така, под негово раководство биле објавени голем број научни трудови и биле изработени и одбранети десетина докторски дисертации.

          Првата докторска дисертација за живиот свет на Охридското Езеро била на Душица Стефановиќ, која како комунист била стрелана од Германците во 1941 година. Меѓутоа, овој труд професорот Станковиќ го подготвил за печат и го објавил во 1948 година. Нејзиниот автор не дочекал да ја одбрани својата теза на тема „Развој и еколошки испитувања на охридските пастрмки“. Сепак, таа станала доктор по биолошките науки, чија теза прва била објавена во слободна Југославија.

          Во 1950 година, А. Јуриљ ја одбранил докторската дисертација на тема „Нови дијатомеи на Охридското Езеро и нивното филогенетско значење“, а во 1955 година, П. Радоман, на тема „Морфолошки – систематски истражувања на охридските хидробиди“.

         1tri44

Дел од Охридското Езеро

          Прв македонски докторант бил Јонче Шапкарев, познат биолог и автор на голем број значајни трудови, кој во 1965 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Фауната на олигохаетите од Охридското Езеро“ и со тоа станал прв доктор по биолошки науки во Република Македонија. Потоа следуваат дисертациите на Ф. Микулчиќ – во 1956 година, Ј. Серафимова–Хаџишче – во 1957, Г. Козаров – во 1957, Б.Оцевски – во 1958, М. Точко – во 1961 и И. Чадо – во 1965 година, чии теми се однесуваат на Охридското Езеро и на неговиот жив свет.         

 Професорот Синиша Станковиќ најголем број од своите научни трудови ги посветил на македонските езера, а особено на Охридското Езеро. Тоа било негова голема љубов.

         „Незаборавен е впечатокот кој се добива при првата средба со Охридското Езеро. Човек мисли дека пред себе има дел оттргнат од океанот и фрлен меѓу непристапните планини кои го опкружуваат од сите страни. На Езерото навистина му одговара името македонско, слатководно море, не само поради својата сина боја, туку и со својата големина наликува на море,“ – велел професорот Станковиќ. Тој, исто така, го фотографирал Езерото, интересните крајбрежни плажи и места, а особено незаборавното заоѓање на сонцето на западниот брег.

          Бил вљубеник и трајно врзан за Охридското Езеро, чии испитувања го прославиле и професорот Станковиќ и Охридското Езеро, не само во земјата, туку и кај меѓународната научна јавност. Се смета дека Охридското Езеро е најсистематски, најповеќе и најдолго проучувано езеро во Европа, а по Бајкалското Езеро – и во светот.

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.