Среда, 14 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
НЕО-КАНИБАЛИЗМОТ НА ХРОНОС (3)

3feli1 3feli11

Монодрама

Патот кон автономија не се прави со измамнички проклетници, клеветници, кукавици... „Слобода или смрт“ не е за проституирано конституирани книги без хартии, глави без душа, дигиталност за бришење нации, партии и движења - во име на обединување. И во војни за мир, и во немир без војни, омразата е базата за уништување. Наметнатото зло е тло за копање гробови за измамените робови на Лагата. Собирајте памет, добри луѓе! Обединувањето може да ви спрема масовна гробница... да ве снема.  

Разорените жртви на скулпторот Бруно Каталано се препознаваат и како актери во предпремиерно предупредување дека патниците кон сопствен и независен напредок, се неминовно одредени да бидат подредени и разградени со регулирано, контролирано поништување на поединецот. На скулптурите може да се гледа и како на планетата Земја со избушено тело, со подземни тунели – скривници за дегенеративен напредок на науки и политики. Озлобените, со една рака грабнале да потпишуваат до-говори и да товарат прото-коли за колење и сечење на слободните, а со другата рака раководат со оаза каде бесна омраза бесно гази.

Изрешетани тела, невини, недолжни пат(е)ници, си заминуваат по патото на ново запален круг на колонизирање. Се препознаваме ли во нив, за навреме да го одбегнеме тој пат, или што побргу да се вратиме од него. Скулптурите ни’ се огледала, а Канибалистите – накриво и диво гледаат на нив, на народот, да ги дограбат така разнесен, изабен, обезглавен. Ние верните - продолжуваме, патуваме, а дали веќе веруваме лек да најдеме против црвот кој не’ гризе со сила на хибридни осила?! Се двоумиме ли да пуштиме глас, креваме ли веќе раце од спас?! Знаеме, улогата на црвот не е природна, не е од човечко потекло, се извлекува од распад на цивилизации кои разјадуваат, парчосуваат по линија на Саломи и Медузи... Сепак продолжуваме, со секоја рана, за да не бидеме префабрикувани во мртва храна за живата ХроносАна.   

Со врв на јазикот свој - неспречениот црв, тој подол сој на труло зло, срп на смртта држи и паразитира, морфира во власт, идиотски вовлечен во неа. Развлечена, лизгава филозофија тече од дрвото на гревот и ги лепи, жвака, голта децата на другото, на човечното човештво. Деца здрави и прави, деца кои не се нивни пород, не се од нивното црвјосано, уранско, марсистичко, утопистичко племе, децата чудотворци, кои не се од новото човекојадно време – тие им се сласт за убиствена страст. Каде, како да бегаат децата, народите, од садизмот на ХроносАна, старо-нова, ненаситна империја, устоена, устроена, умоболна од незаситни бактерии, вируси, паразити, габи... Кој му верува веќе на Ѕверот, дека нема пак да се гади од праведноста, од нејзини наследници. Тие  не ќе му се светат, но природно светат созреани од верна милост?! Ѕверот од тоа врие, се шири, ака, не се крие, ненаситно жвака, и во лице и наоколу ги плука последните разумни генерации.  

Новиот Хронос подготвува нови регулатори за грабежи и абежи, сега за огнени и психо-физички, био-хемиски воспалувања на неговите бедни против народните вредни, и затоа јадени величини. Неговите бедни напаѓачи се железни о-вошки што се лепат и на лав, и на ружи и на петокраки, многукраки ѕвезди. Мрдаат тие да се вовлечат, и во тупаници од кои сеуште течат шарени матеници, дури и во пердуви на сурови орли. Хронос хронично ги влече за нос своите безвредни, но со беснило заразени водачи. Поѕверски од минати канибалисти, сега Хронос на народните патници следбеници на доброто, им забранува да бидат излезени на избори за правда и напредок во владеење со сопственото живеење. Хронос, по природа мрази трајно важечки, докажани закони и завети. Се било менливо кога се работи за нови робови, за кражба и купо-продажба, одгледани во мувлосани пештери за духовно-телесно кршење на закони кои чуваат скапоцености. И членови на академии по светот се непотисти, монетарни профитери, кртови што ријат ровови – исти.  Гризаат плодни корени ако не се од нивното отровно семе. Се бават со трговија на безумните, со екстерминација на умните, со неинклузивно академско зачленувања на служителите на Хронос и ХроноаАна. Таму глутнички им расчленуваат ‘рбетни столбови на генијалните, за никогаш да не бидат препознаени како признаени избраници во вештерскиот храм-арам на анти-луѓето.

 

Стрвно растрчаните хиени на Хронос не сакаат да знаат за етички хигиени на култури и скулптури, ако тие не се фигури за нивната посебна дионизиска диета. Хроносаните се квалификуваат за членови штом заколат конкуренција од сериозни делотворци, пронаоѓачи. Хроносаните не признаваат други патниците кон напредокот ако доаѓаат од ненивните раскопани, испокинати, расфрлени делови од заедничкото копно. Не сакаат да знаат за златни патници кои имаат свои космички енергии, и топли лагуни и плодни оази и стази за детски и мудри радости.

Чувајте се добри луѓе, чувајте се од вРрвот на Црвот; тој ве плука со вулканска, сулфурна (с)лава.Природната чистина црвот ви ја гние во дното на неговите подземни Животински Фарми. „вРвот на црвот подземен, не се цеди од умен јазик од човечна душа, но од пеколен ко(к)тел што клокотел со милениуми, и подло кротел, да се нафрли на преживеаните чисти и чесни. Будете се, ослободете се од стравот од темнината нивна што апе и касапе. Луѓе на сонцето сте вие. А тие - морски пирати, степски атови, неканети сватови што пукаат во невестата и во неродените. Вие сте луѓе со сонце на чело. Нивното злодело е од мртва ѕвездена наезда. Ќе исчезнат во сопствен безВоздух.   

 

Пред единаесет години, Бруно Каталано ја организирал својата прва изложба на скулптури, 2013 година во Марсеј, тогаш град на европската култура. Актуелноста и релевантноста на делата  молскавично се препознава и храбро се споделува по светот кој го ваја. Австралискиот континент ги изложува неговите ангажирани скулптури во Сиднеј. Ако Скопје биде одбран за град на културата, умниот македонски народ сака да верува дека овој македонски центар тогаш веќе нема да биде метропола на перфидни контра-културни манипуланти, немилосрдни додворувачи, грди, лигави, сурови блудници. Таквите не разбираат култура ни литература, ни наука, ни религија, ни цивилизација. Приучени само да прибираат копи-пејст кражби и проституирани профити, и од попови и од сите шопови со крадена роба. Тие креатури немаат во себе човечни мемории и визии за духовни и материјални квалитети. Тие, нео-канибалистите на Хронос, не познаваат ни свето минато, ни современи движења. ХроносАна измамила четири партии во окупираната земја, за сестрано да гази патници, заслужни борци сведоци за нејзините криминалии. Список правела со своите анти-народни сојузници – да ги ликвидира двигателите кон напредок. Таа, уназадувачка и назадна идиотка патриотка, тројански коњ, стаорец-чума од вештерска шума, љубовница на злите.

Чумосана па(т)рола на шпиунажите, таа била тренирана сите лажно да ги клевети и тајно и трајно да масакрира народни патници, бранители на народното добро, природно надарени со премудрост, величествени од своите македонски претци, Филип и Александар. Платен камшикар на вистината е таа женска КанибАлка. Нема доволно дупки да закопа сопствени грешки, огрешена со мито и корупција и во образование и во култура и во се’ што допре. Таа одново ги прелажа слабоумните и сладокусците на нејзините анти-генијални, генитални мрежи. Од нив краде скали да се качува каде не и’ е место. Се лизга змиски таа: да биде во скутови на утови, да ја слават главен ослободител од  вредностите, терминатор на слободите, нивна гробница, под-парол за навивање - за набивање на кол на секој умен кој не е зачумен од нејзините болести. Сите умни ги мрази и ги пази - има порив демонски да им гасне здив и светлина. Но, просветлените ја преѕираат веќе, ја препознаа таа гнасна глиста како ползи и по авио писта и замислува - ќе ги нагризе и летовите на џетовите. Видено било од почеток, но неспречено - нејзиното анти-академско бушење на битијата. А сега, од неа прелажаните, во грб забодените, се стаписувале?! Какви слепци! Ја дујдисувале да стигне на вРв нејзиниот црв без кичма. Продолжува да копнее таа. Копно од под нозе на народот да му копа со уметности на уништување и култури на докажување како Канибаалска малограѓанка на светот.

Од глинена, до мермерна, до бронзена епоха, продолжуваат да произлегуваат величествени дела недофатни за нејзината фела. Од реалност до уметност, делата на македонскиот гениј докажуваат, вајаат своја динамична комуникација со правдата. А таа, измамничката фатаморгана, таа злокобна закана што за храна го има човечното дело - ќе биде исушена во пустинска зандана. После сите пљачки и грабежи нејзини, инвазии и инцизии нанесени од нејзината изобличена дехуманизација, деконструкција, обструкција - жртвите се прашуваат: 1. дали таа камелеонка, сега луда крава, сепак ќе биде осудена како мора од пуста гора, како луда лага која ги урнисува праведните, врши смртоносни чистки, зашто тоа не било нејзина вина туку туѓа грешка и 2. дали за гетоизација и смрт предизвикана од неа, и таа ќе си купи индулгенции, како и Кани-балистите на Хронос. 

Наспроти таа ХроносАна Канибала - достоинствено исправените, осознаените се држат цврсто здружени, уверени дека не ќе бидат поткупени, потчинети од таа б-лудница. Единствени во аргументите - ќе ја отфрлат: таа унишувала и сила и волја за одбрана на слободата на народот. Верно обединети, ќе се умножуваат, спрема принципи и правци по патот на вистината која нема да е презрена, отфрлена, погазена. И скулптурите ќе продолжат непречено да  фигурираат и димензионираат прикази за надминатото онеспособување на поединци и народи, во навидум храбриот Нов Свет на женско-машки убиствени Медузи, подли кукавици на 21-ви век. По сите загуби и трагедии, скулптурите у-веруваат во докажување, исцелување, препород и триумф на онеправданите. Со нив - ранетите патници, храбри мислители, ќе се движат кон сопствените природни права и праведни цели. Упорно и умно ќе се натпреваруваат против Канибалистите  задушени од сопствената прашина дигната од нивни магии на измами, со ХроносАни проклетии. 

Прашината, и во нови предели на лагата, не ја засенува светлината: Неприродна човекова нечовечност се препознае зад отровниот об-лак на КаниБаал. Се подготвува тој со Канибала да се чуваат сега од нивните освестени жртви. Ќе мутираат, модерираат и мандатираат и натаму да пеплосуваат хабитати додека ветуваат врвно квалитетни мандати. Но, последните природознанија за Бог во човекот и човекот со Бог, носат здрава светлина на својата татковина, да сушат лути рани отворени од болното зло што пишти и ништи, непроверено за здрав разум, генетика, етика...

Никому не му служат човекојадните креатурите, на превара подржувани и слепо одржувани од Господари на подземно и надземно окоравена корупција за деструкција. Човекојадците се подалеку си го кријат пленот, да не бидат предвреме фатени, испитувани за нивните депонии каде депонирале грабежи на народните вредности. Таму каде нелегално, вештачки развивале нови зла, инсталирале хибридно мултипартиски мултикултурни утопии, его-центрични гео-мании, тие  легионери профитери, слепи, глуви, неми јавачи на Апокалипсата.

Не може, a да не следи ова будење на универзалната човекова светост во свеста. Се крева патникот со своето, кон своето – исправено, праведно, духовно и материјално добро. Не може ниеден измислен анти-човечен бог да проголта постоење на Доброто. Зли митологии израснале зли Канибалисти. Цревата раководеле и со умот?! Но, Добрина се раководи по закони на Природата, на Вселената, не по црева преплетени за продажби по пазари на суетите. Лагата не останува занавек подржувана од заслепена правда со привремено залепени ба(к)терии криминални. Лагата ќе биде спржена од сопствени ласЕри одбиени во огледала на ослободената правда. Патниците ќе се исцелуваат од љубов кон вистината.

Слики:

1. Грчки терор над Македонците во нивната татковиина Егејска Македонија 1946-49;

2. Бруно Каталано, француско-марокански скулптор, дело од серијата Патници

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Авторот ја донира монорамата за изведба, со назнака: сумите од картите за театарски претстави или снимки на X (youtube), да се наменат за најмладите пациенти на онкологија. Распределбата на средствата да ја врши врвно способната и етична Др. Рахела Мизрахи, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Добродојдени се ентузијасти сниматели на монодрамата.  

Марија Емилија КУКУБАЈСКА

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.