|
||||
ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА |
Професорот Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на општата лингвистика. Тој е роден во метропола Токио, во Јапонија, а е професор на Универзитетот во Хокаидо, во Сапоро, на дисциплината „Словенски микројазици“ а неговата научна кариера ја започна како специјалист по руски јазик. Според биогравски податоци, професорот Номачи е роденво 1976 година и израснат во Токио. Дипломирал во 2000 година, магистрирал по словенски јазици и литератури во 2002 година и докторирал во 2008 година на Универзитетот во Токио. Во 2002–2003 година го продолжил своето образование и истражувал на Универзитетот во Белград во Србија. Потоа, во 2003-2005 година, проф. Номачи истражувал и предавал јапонски јазик и култура на Универзитетот во Варшава во Полска. На 1 мај 2008 година се вработува како вонреден професор на Словенско-евроазискиот истражувачки центар. Од 2010 година, тој работи како генерален уредник на една од периодичните списанија на Acta Slavica Iaponica. Проф. д-р Мотоки Номачи ги анализирав граматичките структури во словенските јазици од аспект на јазичната типологија, јазичниот контакт (aреална лингвистика) и историската лингвистика. Неговата научна кариера ја започнал како специјалист по руски јазик, особено неговата синтакса. Тој е социолингвист и специјалилист за јазична политика, јазично планирање и лингвистички пејзаж. Конкретно е заинтересиран за таканаречените словенски литературни микројазици и досега вршел бројни теренски студии во повеќе градови во Европа и други области. Исто така, бил активен организатор на разни меѓународни конференции за словенска лингвистика кои биле и се одржуваат на повеќе универзитети. Во оваа прилика ќе споменеме дека на проф. д-р Мотоки Номачи како член на Словенско-евроазискиот истражувачки центар на Универзитет Хокаидо – Сапоро, Јапонија од големо значење е неговиот научен труд „Никита Илич Толстој“ издание на МАНУ (2023). Во трудот, меѓу другото се вели дека Никита Илич Толстој (1923–1996), основачот на Московската етнолингвистичка школа, редовен член на Советската академија на науките (избран во 1987) и член на уште многу други национални академии во Европа, меѓу кои и на Македонската академија на науките и уметностите (избран во 1979), беше еден од најистакнатите слависти на 20-тиот век. Меѓу неговите бројни достигнувања, може да се спомене пионерскиот „Македонско-русский словарь“ (Македонско-руски речник’) (МРС 1963), чиј главен уредник е токму Никита Толостој. Ова е првиот целосен двојазичен македонски речник во тоа време и бил објавен уште пред комплетирањето на Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања. Речникот, под уредништво на Толстој, одиграл значајна улога не само како солиден двојазичен речник туку и како публикација која придонела за афирмацијата на македонскиот литературен јазик, за што забелжуваат и професорите Конески и Видоески. Исто така професорот д-р Мотоки Номачи е автор на бројни публикации и научни трудови кои се однесуваат на лингустиката, а се објавени во бројни научни гласила во светот. Тоа придонесе тој да биде познат и почитуван македонист кој се интересира за македонскиот литературен јазик и за јазикот на Македонците од Егејска Македонија расселени по светот. Како резултат на неговиот интерест како научник, стапи во контакст со публицистот, новинарот и уредникот на порталот „Политекон“ од Сиднеј, познатиот Македонец роден во Австралија, а по потекло од Егејска Македонија, Виктор Бивел, преку кој и се поврза со авторот на овој текст Славе Катин и со неговото дело „Македонски иселеничи печат“, публикација на „Студентски збор“ од Скопје (1993) во која се дадени и текстови за македонските гласила во источно-европските земји. Така, во тој повоен период, во Романија излегуваше весникот „Пеа зоиа („Нов жмвот“), во Унгарија „Лаикос ашнас“ („Народна борба“), во Полска „Димократис“ (,,Демократ“), во Чехословачка „Лаикос агонистис“ („Народен борец“), во Бугарија „Лефтерија“ („Слобода“), а во Ташкент, во Советскиот Сојуз, во почетокот излегуваше весникот под име „Прос ти ники“ („Кон победата“), кој подоцна го смени името и излегуваше под наслов „Неос дромос“ („Нов пат“). Македонските страници во овие весници на грчки јазик излегуваа, редовно се’ до 1968 година, (период од околу 18 години), а потоа секои од страниците, порано или подоцна се укинуваа како резултат на ставот на Централниот комитет на КПГ, дека натамошното издавање македонските страници и’ пречи на нејзината работа во Грција, односно во напорите за нејзино легализирање и соработка со политичките партии во Грција, за кои, за жал, македонското прашање не постоеше. Меѓутоа, треба да се нагласи декм македонската емиграција, заедно со грчката, живееше и дејствуваше во рамките на сите организирани форми што ги реализираше Комунистичката партија на Грција (ДАГ), чие раководство и мнозинството од членовите, по поразот на ДАГ беа принудени да емигрираат. Партијата и натаму за емиграцијата претставуваше главна политичка раководна и идеолошка сила, а за шлотување на сета емиграција околу себе и за реализирање на своитје програмски цели, формира разни политички и масовни организации и стручни служби во секоја земја одделно. Улогата на информативните гласила меѓу политичката емиграција од Грција во Ташкент ја вршеше весникот „Прос ти никиа (Кон победатаа). кој под ова име излегуваше во Грција како орган на Главниот штаб на ДАГ, а под истото име се појави и пролетта 1951 година и во Ташкент. Во почетокот излегуваше само на грчки јазик, на 4 страници, среден формат и тоа трипати неделно (вторник, четврток и сабота). Од 1954 година втората страница се печатеше на македонски јазик со кирилица, Во1958 година весникот го смени името во „Неос дромос“ („Нов пат“), во кој, исто така, една страница беше на македонски јазик. Весникот е укинат 1968 година. Главен и одговорен на македонската страница во почетокот беше Димитар Гибиденски, а од 1957 до 1959 година страницата ја уредуваше Васко Караџа, додека до неговото укинување оваа должност ]а водеше Ацо Ивановски, а му помагаа и други Македонци. Во тој период, сојузите претставуваа масовни организации со основна цел — негување и развој на културно-националните традиции, на политичкото единство на членството, развој на патриотскиот дух и сл. Вака зацртаната активност, сојузите ја спроведуваа преку своите органи, весници и списанија, што нивните централни органи ги издаваа во секоја земја одделно. Во почетокот се почна повеќе од скромно, со кратки инфорјмативни билтени исполнети со најнови информации или ставови на Партијата, со провизорни ѕидни весници во детските домовр и фабричките хали, во кои беа вработени повеќето мигранти, во болниците каде што се лекуваа ранети борци на ДАГ и на други места. Веќе од есента 1949 годива почнаа да излегуваат и првите весници на политичката емиграција, во чии рамки се печатеа и страници на македонски јазик. Според неофицијални податоци бројот на политичките емигранти од Грција во Ташкент и околните места во периодот на 1949 година, се движел меѓу 19 и 20 илјади од кои 7-8.000 биле Македонци од Белоиморска Македонија. Тој број е зголемен во шеесеттите тодини и достигнал бројка од околу триесет илјади, за подоцна рапидно да се намалува поради големиот број повратници во Грција, Македонија и во др(уги земји. Се смета дека денес на овие простори живеат околу две илјади Грци и околу 500 до 600 Македонци, претежно стари лица или мешани бракови. Страницата на македонеки јазик беше иополнета со материјали за борбата на Македонците во НОБ и ДАГ, нивниот живот и традиција во Грција и во новата средина, како и со информации, вести и други материјали од културата, општественото о политичкото живеење. Затоа, на крајот ќе му благодарам на проф. д-р Мотоки Номачи што пројавува интерест за изучување на македонскиот јазик, како дел на славјанските јазици, како и за интересирањето за судбината на Македонците прогонети од Егејска Македонија. При што особен интерест пројави за страниците на македонски јазик во гласилата „Прос ти ники“ („Кон победата“„ и „Неос дромос“ („Нов пат“), кои излегуваа во периодот од 1951 до 1968 година во Ташкент, во поранешниот Советскиот Сојуз. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |