|
||||
МАНАСТИРОТ „СВ. ЃОРЃИ“ ВО КУРБИНОВО – ЗНАЧАЕН МАКЕДОНСКИ СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА (2) |
ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН Често се вели дека Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Инаку, Курбиново и Претор се познати туристички места; Курбиново по значајниот културен објект – црквата „Св. Ѓорги“ од дванаесеттиот век, додека Претор со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Инаку, селото Курбиново се наоѓа на околу 2 км од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950м, со околу сто и триесетина жители. Тоа е старо христијанско село, во кое секогаш живееле православни Македонци. Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици. Според пишаните документи, Курбиново е дислоцирано село. За негова претходна локација се споменуваат месностите: Стара Ливада и Долга Ливада. Тоа се граничи со Рајца и Грнчари од север, со подрачјето на општината Цапари од исток, со селото Сливница на југ и од Претор на југозапад. Низ атарот на селото тече Курбинска Река која никогаш не пресушува, но нејзиниот водотек во летниот период значително се намалува, посебно од кога дел од изворите на реката се зафатени со водоводот на Курбиново, Асамати и Претор со туристичката населба. Во селото постојат повеќе локалитети од археолошко значење и тоа Каштино, населба и топилница од доцно античко време како и средновековната тврдина Кула. На 2 км североисточно под селото, на ридот Кулишта постојат грамади од кршен камет, покривни ќерамиди и контури на одбранбен бедем, а по површината се среќаваат фрагменти од ќерамички садови. Селото Курбиново било на страната на Народно-ослободителната борба и бројни жители дале придонес за иднината на денешна Република Македонија. Во текот на Бтората светска војна борците Јонче Ѓеоргиевски и Крсте Гелевски ги дале своите животи за слобода на Македонија. Курбиново е повекевековно христијанско село во кое има четириесетина куќи со бели фасади и уредени дворни места. Во селото има две цркви „Св. Богородица“ и манастирската црква „Св. Ѓорѓи“. Со право се вели дека селото Курбиново е најпознато во Преспа и пошироко по манастирската црква „Св Ѓорѓи“, која е духовен бисер на Македонија Меѓутоа, посебно место во историјата на Преспа има, секако, манастирот „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново, кој се напѓа во селото Курбиново. А, ова преспанско село се наоѓа на околу 2 километра од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба, односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950 метри, со околу сто и триесетина жители. Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици. Патот за црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново води од магистралниот делница Битола - Ресен, некогашниот римски "Виа Егнатиа", кај крстосницата "Макази". Таму се одделува патот кој води до границата со јужниот сосед кај Маркова Ногадо селото Долно Дупени. Тој дел на Преспа се наоѓа под Баба Планина позната уште и како Пелистер, а е на самиот брег на Преспанското Езеро. Кај селото Асамати, пак, патот се дели и еден крак води кон селото Курбиново, познато со својот манастир, односно црква посветена на св. Ѓорѓи. Црквата се наоѓа над селото, во пазувите на Баба Планина. Околината низ која минува патот, кој е одвај 4- метра, не е толку живописна, колку величествениот поглед кон планината и особено панорамата на волшебното и речиси секогаш мирното Преспанско Езеро. Црквата "Св. Ѓорѓи" е една мала и неугледна, еднокорабна градба која, оддалеку, и не се познава дека е црква. Црквата „Свети Ѓорѓи“ е изградена во 1191 година, што се гледа од натписот над олтарот. Според науката, тоа е времето на владеењето на Комненовците со Византија, кога во црковното градителство доминира разнообразност на архитектурните форми на цркви, особено, еднокорабни со едно или дури пет кубиња и тоа се смета за чиста Цариградска концепција, или измешана со "провинциски" комбинации. Овој значаен споменик на културата во Курбиново не се одликува толку со архитектурата, туку со извонредниот живопис. Тој, освен чисто Цариградски елементи во претставувањето на монументално замислениот иконографски распоред на живописот, во одделни композиции или фигури, има внесено нови елементи, што во престолнината Цариград и надвор од него, никаде не е толку изразито предаден како во Македонија. Затоа, често се вели дека во Курбиново се крие прочуената манастирска црква „Свети Ѓорѓи“, која Преспа ја велича во научните кругови. Црквата „Свети Ѓорѓи“ е една мала и неугледна, која, оддалеку и не се забележува дека е црква сè додека посетителот не ѝ се приближи и не го здогледа олтарот на источната страна. Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |