Среда, 01 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
ПРАЗНИКОТ РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (МАЛА БОГОРОДИЦА) (8)

1bogor2

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја. На арамејски јазик, нејзото име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12-те големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар, како што е случајот со прославата на „Света Мала Богородица“ во селото Сливница, во Преспа.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца.

Затоа ваквите жени одат во црквите посветени на Богородица и се молат пред нејзините икони. Затоа, култот на Пресвета Богородица има значајно место кај Македонците и многу цркви во Македонија и во дијаспората се посветени на Дева Марија. 

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

1bogor22

Фреска во „Св. Богородица

Славата и честа што ѝ се оддаваат на Пресвета Богородица во Македонија ја паметат многу генерации наназад. Нејзиниот лик е достоинствено и интензивно обработуван во бројните живописи и икони во македонските цркви и манастири. Нејзиниот ореол не ги одминал и книжевните и народните творби. Токму затоа, целокупното богатство собрано во Македонија, опфатено со нејзината личност, дело и бројни добродетели, нужно бара широки истражувања.

Нејзиниот култ е присутен во Македонија и во дијаспората, но тој бара и многу опсежни студии во областите на црковно канонското наследство, книжевно, историско - уметничко, археолошко, социјално, историско, теолошко, фолклорно, итн. Бројните уметнички дела во црквите и манастирите, ракописите во старите и новите книгохранилишта, иако празнети низ вековите заради скапоценостите што ги содржеле, бараат нови заокружени видувања и анализи.

Инаку, широкиот ореол на Пресвета Богородица е присутен низ цела Македонија. Преспанскиот регион брои над шеесет црковни градби со нејзино име. Овој регион со сите убавини и богатства што ги поседува, со Преспанското Езеро опколено со зачувани природни убавини, чува вековна традиција и култ кон Пресвета Богородица.

Покрај тоа, Преспа е полна со историски настани и случувања: Распослана на римската магистрала Виа Игнација, седиште на првата Самуилова престолнина, место на првата словенска Митрополија, со учество на дванаесет комитски чети во Илинденското востание, со бројни паднати жртви во НОБ, а денес израсната во напреден туристичко - стопанска област во Македонија.

Вековните верски и други преданија и легенди ги памети и современиот жител крај вековните црковни градби и култни места. Не случајно во оваа прилика истакнуваме само еден карактеристичен пример, а нив ги има Македонија во изобилство - Сливничкиот манaстир и Пресвета Богородица Сливничка.

Нејзините соседи со векови наназад, а и денес раскажувале и раскажуваат за ”Присутноста на Пресвета Богородица во манастирот” во Сливница. Ако во светот доминираат светилиштата на Богородица, кои се јавуваат со растот на нејзиниот култ ширум светот, како на пример, случајот со Катерина Лабурс во Париз, “Фатима” во Португалија, “Гарабандал” во Шпанија, не помалку се важни повторливите настани во Сливничкиот манастир, раскажувани од сé уште живите околни жители. Вакви примери имало и има честопати во сакралните култни маста и живеалишта.

Насоките кои го откриваат култот на Дева Марија создаван низ вековите во Македонија, а присутен во нашата современост, помогнаа да се множат црковните градби со нејзино име.

Еден убав пример ни открива сливничкиот манастир „Пресвета Богородица“, сместен во живописот на чистата планинска и шумска пољана, на Баба Планина во Преспа, во длабок спокој и сон, недостапно допрен дури и од љубопитниот Македонец во Преспа. Таа тајновитост и убавина не можела да не го разбуди народниот творец да ја воспее и да ја возвиши.

Инаку, во дворот на манастирот „Пресвета Богородица“, постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Се смета дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.

Исто така, покрај манастирот „Света Мала Богородицаво“ во Сливница постојат и уште пет македонски православни цркви и тоа: селската црква „Свети. Димитрија“, потоа „Свети Атанас“, која е лоцирана на патот и целосно е реновирана и доби нов изглед како новите македонски православни цркви изградени од камен, потоа црквите „Свети Петар и Павле“, „Света Петка“ и “Свети Никола“.

Инаку, селото Сливница е повеќевековно христијанско село во Преспа и е надалеку прочуено по манастирот „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија.

Продолжува

1slavek4 copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.